ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Подобар квалитет, подобар комплајанс и поефтини осигурувања, покомплексни услуги, ефтини кредити за експанзија на фирмите и волумен, поефективно банкарство, плус ќе се оди на голем обрт, мала маржа, висока продуктивност, и ти гарантирам дека ќе сме конкурентни.
Додатно за фирмите бенефити и даночни ослободувања ако инвестираат во иновации, во вработување на нов кадар и тн.
Мислам дека за истото правите муабет, ко што кажа Menethil неможеме вечно да играме на карта ефтин труд, за тоа треба да почнеме да нудиме нешто друго (а не ефтин труд).

Овој проблем што го дискутирате е честа појава во држави што се со средни приходи како нашата. Економистите го викаат Middle income trap . За жал за имплементација на решенијата што си ги напишал ти, а и што ги препорачуваат економистите треба политички нус, кој за жал ние го немаме како народ и држава.

Така да голема е веројатноста да има стагнација па и рецесија на различни индустрии кога (и ако) Африка стане постабилна.
 
Ajde, ajde, mnogu ovosje i sekjer izgleda pa pocnavte i sindikati da zborite sea. :icon_lol:
Kaj se onie muabeti sega, bace bidi be moler ili plockar, si trebal na vremeto da bides genijalec kako mene za da rabotis vo IT.
Грешка си, кој од кај стигне се запиша на ИТ академија.
 
Мислам дека за истото правите муабет, ко што кажа Menethil неможеме вечно да играме на карта ефтин труд, за тоа треба да почнеме да нудиме нешто друго (а не ефтин труд).

Овој проблем што го дискутирате е честа појава во држави што се со средни приходи како нашата. Економистите го викаат Middle income trap . За жал за имплементација на решенијата што си ги напишал ти, а и што ги препорачуваат економистите треба политички нус, кој за жал ние го немаме како народ и држава.

Така да голема е веројатноста да има стагнација па и рецесија на различни индустрии кога (и ако) Африка стане постабилна.
Нешто друго е свои продукти кои ќе се пробиваат или ептен спремни тимови што можат да решат и изградат јаки продукти и дизање на стандардите и квалитетот на услугата. Ако по некое чудо имавме фирма еднорог автоматски ќе повлечеше многу работи. Вака повеќето сме задоволни со добра плата за утепана држав ама и јас го делам мислењето со Лестер дека
Види кои држави од линкот го избегнале middle income trap. Хонг Конг, Тајван, Ј. Кореа и Сингапур. Сите овие нудат ептен high tech продукти што треба доста знаење и ептен јаки финансиски услуги.
 
Дали проектите и клиентите што ги губат периодов македонските сервисно ориетнирани фирми, ги добива некој друг? Дали воопшто постојат и се префрлаат на поефтини варијанти (Индија, Филипини) или друга е причината?

Има, како нема. Последниот проект кој го работев во Мк го префрлија во Индија. Претходно сопственик на фирмата за која беше продуктот беше од Европа и тоа 10+ години. Прв момент штом ја продадоа на америчка корпорација, СТО-то на таа корпорација (ѓупец од Индија) го раскина договорот со нашите и си зема Индиска фирма.
 
Ок тоа е склоп на околности ради промена во менаџмент.
 
Грешка си, кој од кај стигне се запиша на ИТ академија.
Mislam deka voopsto ne si me razbral sto sakav da kazam.
Ovde imam pisuvano pred dolgo vreme bidejki sakav da se prekvalificiram vo IT i osven nekolku isklucoci i dobri soveti od nekoi clenovi sto stvarno sakaa da pomognat, dobiv eden kup komentari kako sum trebal da lepam plocki i falelo majstori za visoko obrazovanata fela vo IT sto na vreme se snashla da vlegne so youtube tutorijali. Oni togas od visokoto stolche na genijalci od youtube pishuvaa za drugi sto sakaa da vlezat vo IT, da ne se machele, majstori falelo. Si se znaat ovde koi se i sto se, si se pronaogaat i si reagiraat soodvetno, ne im se zamaraj. Zatoa i mu rekov, ja ne im se sitam ama karmata e zaebana rabota, eve edna tehnoloshka novina i nivnata genijalnost lesno se zamenuva, sega ke bidat oni majstori, garantiram deka ne.
Pak ke kazam sekoja cest za Lester, Inglorious Bastard i use nekoi sto uste od pamti vek ovde pishuvaat realna situacija i realni soveti i se lugje na zemja.
 
Ако ги одработува саатите не е проблем, маката е што имам гледано на логови (римоут особено), голем процент немаа ни 25 ефективни саати неделно.

Мех, 25ч е нормално тука, зарем очекуваш да имаат 35 ефективни саати?
Ние сме 8 работни часови со 1 вклучен за ручек пауза.

90% од луѓето клок-аут праат точно на време.

Исто така, многу некако се преценуваме дека сме ептен подобри од индијци/филипинци и остала багра, а верувајте дека не сме, со чест на исклучоци.
Можеби е тешко да се најде добар индиец или филипинец или африканец, ама исто е тешко да се најде некој добар од тука.
Процентуално, сме тука некаде, а со цените се рамниме со Бугаријa/Романија/Полска/Грција, земји кои се во ЕУ.
Автоматски споено мислење:

Чим си стасал логови да гледаш, а не дали и што е сработено и како и дали е според договореното за денот/спринтот/ени дедлајн ондак ок. Може мене ми требаат 3 саати наместо 13 на некој филипинец а сме сработиле на крај исто, и сеа Филипинецот е подобар работник од мене јер за исти таск му требало повеќе време, а со тоа во логови гледаш дека има повеќе саати од мене во денот/спринтот?

Проблемот настанува кога филипинецот работи како тебе, а е дупло поевтин.
Пак ќе кажам, тие што стварно ги бива нема да имаат проблем, меѓутоа тие се 5%
Другите ќе имаат проблем
 
Пред 2022 и не верувам дека сум рекол на некој да иде да биде плочкар или молер. А што треба да кажеме, дека е црното бело? Програмери не се дефицитарна категорија, презаситена се. Програмер не е ништо повеќе од мајстор, не треба да си генијалец за да го работиш тоа што во мк се работи, ниту па би рекол дека програмерска работа е потешка од работа на еден просечен столар. Од друга страна мајстори и занаетчии се и те како дефицитарна професија. Оние што се тешат дека АИ нема да ги замени и дека ќе има сеуште програмери, точно, ќе има, со тоа што тие програмери ќе ја работат и твојата работа, а ти ќе работиш во некоја друга професија или во некоја друга индустрија, нивниот број (на програмерите) ќе биде каде каде помал. Не мислам дека само програмерите ќе бидат заменети, можеби се едни од професиите кои први ќе бидат заменети, ама на крајот сите ќе бидат заменети.
 
Реално да си му кажал на некој пред 2022 да учи занат, денес ќе ти дужи. Не гледам што било грешно во тоа. Ако некого го навредило курчот од типот - учи ќе ми треба некој да ми малтерисува, тоа е друго. Али пак победуваш и во таа ситуација.
 
Па кај нас на занат се гледа како нешто "срамно", нели сите сакаат да работат во канцеларија.
На крај на денот, кичмата ги боли и плочкарите и молерите и програмерите :)
 
Веќе кога се спомнуваат виетнамци, филипинци, индијци и разно разни марсовци.

Сепак мислам дека сме ниво над азијците индивидуално, а со ЕУ би рекол сме малку подолу, ама сепак доволно добри за да се каже дека сме тука некаде. Но кога сме во група, ние, како и во се останато, некако делува дека не го остваруваме својот потенцијал. Со други зборови, она македонското "не се држиме" важи и за овој сектор, и тоа, само по себе, како фактор е потценето за тоа каде сме и како стоиме.

Сум се сретнал со секакви раси изминативе 6 години, како да кажам, во 95% од случаевите попрво, побрзо и подобро сум добил помош или сум комуницирал со марсовци него ли со антички северни фиромјани.
Ајде комуникацијата, помошта ова она, туку и самото понашање ни е клето.
Од муабети "не е тоа за тебе", блатантни погрешни информации со лоша намера, лажење, 1000 облици на gatekeeping, неодговарање, сеопшта некоординираност, суета, его и тн и тн. Само за да те заебе, само за да бидеш позади него.

Не е само интелигенцијата пресудна, туку и community-то и искреноста и автентичноста/неисквареноста на истото. Иако има мрднување во поглед на комјунити во мкд, сепак тоа е на едно "мавање лајкови/кликови" ниво. Колективна свест на ниво на средно - "Ќе станам ментор и ќе споделувам знаење за да фаќам девојки/клаут/лајкови/CV" (лупам), како што голем дел од машките учеа и свиреа гитара во основно/средно.
Зборувам за едно високо ниво на соработка, помош и взаемен раст, а не за "еј добредојдени се сите". Тоа е само чекор 1.

Дури ќе речам дека полесно е да го научиш занатот од позатворени економски сфери него од ИТ. Верувам дека еден обичен скопски бербер е по-отворен за пренос на своето знаење него ли нашиве искусни програмери. Зборам за вистински пренос на знаење, не мислејќи на ниво "ќе ти пренесам знаење за да ми бидеш калфа некое време, па после кој те е*е". Се до моментот кога ќе види опасност во тебе, или можеби ќе му станеш конкуренција. Од тој момент натака, ти веќе помош не добиваш. Со други очи си гледан, тонот се мења, понашањето е различно. Се станува пресметливо.

И тоа е најтажното — што не ни фали знаење, ни потенцијал, ни талент, туку карактер и дух за заеднички напредок. Кај нас некако сè се гледа низ призмата на егото, наместо низ призмата на заеднички успех. Наместо да се гради култура на поддршка и менторство, се создава некаква затворена кастa во која секој мисли дека ако помогне, автоматски ќе изгуби нешто свое.

Кај другите нации се гледа едно природно споделување — не затоа што мора, туку затоа што сфаќаат дека заедничкиот раст не го намалува индивидуалниот. Кај нас, обратно — туѓиот успех се доживува како личен пораз.

Секој сака да биде “гуру”, но малкумина се спремни да бидат учители во вистинска смисла — со трпение, со скромност, со поддршка. И тоа ја кочи целата сцена. Имаме поединци што се на ниво на светски инженери, но немаме култура на тимска зрелост.

Верувам дека истите тие "гуруа", влечат неадресирани комплекси од многу млади години.
 
Мех, 25ч е нормално тука, зарем очекуваш да имаат 35 ефективни саати?
Ние сме 8 работни часови со 1 вклучен за ручек пауза.

90% од луѓето клок-аут праат точно на време.

Исто така, многу некако се преценуваме дека сме ептен подобри од индијци/филипинци и остала багра, а верувајте дека не сме, со чест на исклучоци.
Можеби е тешко да се најде добар индиец или филипинец или африканец, ама исто е тешко да се најде некој добар од тука.
Процентуално, сме тука некаде, а со цените се рамниме со Бугаријa/Романија/Полска/Грција, земји кои се во ЕУ.
Автоматски споено мислење:

Проблемот настанува кога филипинецот работи како тебе, а е дупло поевтин.
Пак ќе кажам, тие што стварно ги бива нема да имаат проблем, меѓутоа тие се 5%
Другите ќе имаат проблем
Наивно гледам на работите :)
Да, во суштина мнозинството се 35-37 часови, ама кога ќе дојде за покачувања плачат како да седеле 60 :D

Како мерите ефективни саати?
Уф, ова се воопшто саати кога биле активни на Тимс, не сум се замарал да мерам ефективни, инаку има апликации за тоа, во АУС имам видено да ја користат Teamlogger, ама имаш и други, даваат целосен извештај на секоја апликација колку време е поминато, сајлент скриншотс, детално следење на сообраќајот, ако има повторливи патерни ги препознава (финтиците од дома да клика сам маусот и да се мрда) и тн.
 
Како мислиш активни на тимс? Сакаш некој и да биде активен 8 од 8 на тимс да те дружи и у исто време код да ти куца? Јас на тимс сум уклучен 24/7, дури и кога ијам слободен ден денес и одговарам на прашања и денес. :)
Автоматски споено мислење:

Веќе кога се спомнуваат виетнамци, филипинци, индијци и разно разни марсовци.

Сепак мислам дека сме ниво над азијците индивидуално, а со ЕУ би рекол сме малку подолу, ама сепак доволно добри за да се каже дека сме тука некаде. Но кога сме во група, ние, како и во се останато, некако делува дека не го остваруваме својот потенцијал. Со други зборови, она македонското "не се држиме" важи и за овој сектор, и тоа, само по себе, како фактор е потценето за тоа каде сме и како стоиме.

Сум се сретнал со секакви раси изминативе 6 години, како да кажам, во 95% од случаевите попрво, побрзо и подобро сум добил помош или сум комуницирал со марсовци него ли со антички северни фиромјани.
Ајде комуникацијата, помошта ова она, туку и самото понашање ни е клето.
Од муабети "не е тоа за тебе", блатантни погрешни информации со лоша намера, лажење, 1000 облици на gatekeeping, неодговарање, сеопшта некоординираност, суета, его и тн и тн. Само за да те заебе, само за да бидеш позади него.

Не е само интелигенцијата пресудна, туку и community-то и искреноста и автентичноста/неисквареноста на истото. Иако има мрднување во поглед на комјунити во мкд, сепак тоа е на едно "мавање лајкови/кликови" ниво. Колективна свест на ниво на средно - "Ќе станам ментор и ќе споделувам знаење за да фаќам девојки/клаут/лајкови/CV" (лупам), како што голем дел од машките учеа и свиреа гитара во основно/средно.
Зборувам за едно високо ниво на соработка, помош и взаемен раст, а не за "еј добредојдени се сите". Тоа е само чекор 1.

Дури ќе речам дека полесно е да го научиш занатот од позатворени економски сфери него од ИТ. Верувам дека еден обичен скопски бербер е по-отворен за пренос на своето знаење него ли нашиве искусни програмери. Зборам за вистински пренос на знаење, не мислејќи на ниво "ќе ти пренесам знаење за да ми бидеш калфа некое време, па после кој те е*е". Се до моментот кога ќе види опасност во тебе, или можеби ќе му станеш конкуренција. Од тој момент натака, ти веќе помош не добиваш. Со други очи си гледан, тонот се мења, понашањето е различно. Се станува пресметливо.

И тоа е најтажното — што не ни фали знаење, ни потенцијал, ни талент, туку карактер и дух за заеднички напредок. Кај нас некако сè се гледа низ призмата на егото, наместо низ призмата на заеднички успех. Наместо да се гради култура на поддршка и менторство, се создава некаква затворена кастa во која секој мисли дека ако помогне, автоматски ќе изгуби нешто свое.

Кај другите нации се гледа едно природно споделување — не затоа што мора, туку затоа што сфаќаат дека заедничкиот раст не го намалува индивидуалниот. Кај нас, обратно — туѓиот успех се доживува како личен пораз.

Секој сака да биде “гуру”, но малкумина се спремни да бидат учители во вистинска смисла — со трпение, со скромност, со поддршка. И тоа ја кочи целата сцена. Имаме поединци што се на ниво на светски инженери, но немаме култура на тимска зрелост.

Верувам дека истите тие "гуруа", влечат неадресирани комплекси од многу млади години.
Едно е некој да ти даде насоки и да ти ја разјасни бизнис логиката во проектот и да ти ја зададе генералната насока у која треба да ти се движи решението. Ама сениор девелопер, со сите алатки, вештачки интелигенции, документации, видео туторијали и остало да чека за раче да го водиш и да му посочуваш детали како да го направи решението искрено е брука и срамота. Па колку сака ко егоистичен нека ме етикетираат.
 
Наивно гледам на работите :)
Да, во суштина мнозинството се 35-37 часови, ама кога ќе дојде за покачувања плачат како да седеле 60 :D

Уф, ова се воопшто саати кога биле активни на Тимс, не сум се замарал да мерам ефективни, инаку има апликации за тоа, во АУС имам видено да ја користат Teamlogger, ама имаш и други, даваат целосен извештај на секоја апликација колку време е поминато, сајлент скриншотс, детално следење на сообраќајот, ако има повторливи патерни ги препознава (финтиците од дома да клика сам маусот и да се мрда) и тн.
Онака ме интересира, што е проблем колку саати некој ефективно работи? Зошто мора да се врши целосна контрола, па дали бил активен, дали кликал или слично? Со таквата контрола само можеш полошо да направиш. Се додека работата е завршена без проблем и на време, не гледам дека е важно колку активни саати се поминати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom