Веќе кога се спомнуваат виетнамци, филипинци, индијци и разно разни марсовци.
Сепак мислам дека сме ниво над азијците индивидуално, а со ЕУ би рекол сме малку подолу, ама сепак доволно добри за да се каже дека сме тука некаде. Но кога сме во група, ние, како и во се останато, некако делува дека не го остваруваме својот потенцијал. Со други зборови, она македонското "не се држиме" важи и за овој сектор, и тоа, само по себе, како фактор е потценето за тоа каде сме и како стоиме.
Сум се сретнал со секакви раси изминативе 6 години, како да кажам, во 95% од случаевите попрво, побрзо и подобро сум добил помош или сум комуницирал со марсовци него ли со антички северни фиромјани.
Ајде комуникацијата, помошта ова она, туку и самото понашање ни е клето.
Од муабети "не е тоа за тебе", блатантни погрешни информации со лоша намера, лажење, 1000 облици на gatekeeping, неодговарање, сеопшта некоординираност, суета, его и тн и тн. Само за да те заебе, само за да бидеш позади него.
Не е само интелигенцијата пресудна, туку и community-то и искреноста и автентичноста/неисквареноста на истото. Иако има мрднување во поглед на комјунити во мкд, сепак тоа е на едно "мавање лајкови/кликови" ниво. Колективна свест на ниво на средно - "Ќе станам ментор и ќе споделувам знаење за да фаќам девојки/клаут/лајкови/CV" (лупам), како што голем дел од машките учеа и свиреа гитара во основно/средно.
Зборувам за едно високо ниво на соработка, помош и взаемен раст, а не за "еј добредојдени се сите". Тоа е само чекор 1.
Дури ќе речам дека полесно е да го научиш занатот од позатворени економски сфери него од ИТ. Верувам дека еден обичен скопски бербер е по-отворен за пренос на своето знаење него ли нашиве искусни програмери. Зборам за вистински пренос на знаење, не мислејќи на ниво "ќе ти пренесам знаење за да ми бидеш калфа некое време, па после кој те е*е". Се до моментот кога ќе види опасност во тебе, или можеби ќе му станеш конкуренција. Од тој момент натака, ти веќе помош не добиваш. Со други очи си гледан, тонот се мења, понашањето е различно. Се станува пресметливо.
И тоа е најтажното — што не ни фали знаење, ни потенцијал, ни талент, туку карактер и дух за заеднички напредок. Кај нас некако сè се гледа низ призмата на егото, наместо низ призмата на заеднички успех. Наместо да се гради култура на поддршка и менторство, се создава некаква затворена кастa во која секој мисли дека ако помогне, автоматски ќе изгуби нешто свое.
Кај другите нации се гледа едно природно споделување — не затоа што мора, туку затоа што сфаќаат дека заедничкиот раст не го намалува индивидуалниот. Кај нас, обратно — туѓиот успех се доживува како личен пораз.
Секој сака да биде “гуру”, но малкумина се спремни да бидат учители во вистинска смисла — со трпение, со скромност, со поддршка. И тоа ја кочи целата сцена. Имаме поединци што се на ниво на светски инженери, но немаме култура на тимска зрелост.
Верувам дека истите тие "гуруа", влечат неадресирани комплекси од многу млади години.