IQOS во Македонија

Член од
15 септември 2020
Мислења
34
Поени од реакции
14
Иновативниот уред IQOS (ајкос) кој направи револуција во тутунската индустрија од денеска е во продажба во Македонија. IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. Бидејќи се избегнува процесот на согорување, при неговото користење се испушта до 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето. За негова употреба се користи специјално дизајниран несогорлив тутун, а при процесот на негово користење нема чад и пепел. - Вака гласеше статијата која беше објавена пред половина година со која Ајкос официјално влезе на пазарот во нашата држава.
Ме интересира какво мислење имате за Iqos да направиме една дискусија. Исто така добредојдени се препораки/мислења и искуства од луѓе што веќе го користат уредог.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
783
Поени од реакции
261
Јас веќе 2-3 месеца користам Iqos. Откако го земав многу подобро се чувствувам и помалку пушам. А дозволено е да се пуши и во затворени простории.
Обична цигара веќе никогаш не би запалил.
Цeната е според мене солидна, на почетокот беа доста поскапи, но сега ги прилагодија цените. Јас го користам 2.4 плус. Цената беше 1650 ден со код за попуст. Ако планира некој да купи, може да го искористи кодов и ќе добие попуст од 300 денари: sorodyh
Јас сум задоволен до сега од ајкос, би ви го препорачал.(y)
 
Член од
18 јуни 2020
Мислења
8
Поени од реакции
2
И јас го користам, по препорака на пријател. На почетокот ми беше чудно дур се навикнав, ама после недела дена беше друг муабет. Сега iqos-ов ми е најверен другар :D
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.529
Поени од реакции
10.016
Искрено сум многу скептичен према уредов иако го немам пробано што е право да се каже.
Сум пробал најразлични вапери и е-цигари, искрено не сум можел со ниедна(што е субјективно сепак). Не гледам зошто iqos би бил поразличен,ист принцип на работа има само што место улје користи тутун. Втората точка за која воопшто не се сомневам е дека ќе биде "по здрав" што е чиста глупост и маркетиншки трик(посебно со тој "посебниот тутун"). И трето цената!
 
Член од
18 јуни 2020
Мислења
8
Поени од реакции
2
Исто и јас користев е-цигари претходно. Верувај дека ова многу е подобро од нив, барем од мое искуство. Сепак тука станува збор за вистински тутун а не некои течност и сл. Принципот на работа се состои од тоа што во средина има греач каде што се става патронот со тутун. Така тутунот се загрева, а не се гори. Е сеа колку е по здраво нема да коментирам од причина што искрено не знам. Има по интернетов многу испитувања во врска со тоа ама не сум ги прател... Само знам дека подобро се чувствувам сега.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
6 месеци веќе користам и сум презадоволен. Класична цигара немам запалено.
Ако порачувате преку сајтот и сакате попуст искористете го кодов - 3zc5n2q.
Мислам дека 300 денари попуст добивате или нешто така.
 
Kaleb

Where we’re going, we don’t need roads!
Член од
15 август 2020
Мислења
393
Поени од реакции
2.948
Јас го користам од Август минатата година по препорака на другар и сум презадоволен. Сите селекции на несогорлив тутун сум ги испробал но Turquoise (зелените) ми се некако со најдобар вкус. Јас инаку целиот уред (IQOS3) го платив минатата год 4,600ден, сега не сум сигурен колку кошта. Добра работа е што при чистење на уредот од остатокот на тутун се случи да го оштетите, имате опција една бесплатна замена, или доколку пуњачот ви се оштети и за него имате право на една замена и тоа бесплатно.
 
Исто сите ги испробав и завршив со Turquoise со ментолски шмек и ми се топ.
Мене ми падна икосот и ми направија една бесплатна замена, ама дури и под претпоставка дека еднаш годишно ќе го менуваш целиот апарат од Х причини, пак ти испаѓа 1.950 денари годишно (за класичниот 2.4 модел) односно околу 5 денари дневно или 3.700 денари за DUO моделот односно 10 денари дневно. A bargain I can work with.
 
Kaleb

Where we’re going, we don’t need roads!
Член од
15 август 2020
Мислења
393
Поени од реакции
2.948
јас тоа што го имам е дуо 3ка и сум презадоволен, најлоши по вкус ми се оние со шмек на лимон и амбер. Тоа е мое мислење. Во споредба на цена зависи кој бренд си го зимал, јас трошев кутија и пол секој ден на Малборо, а со икосот трошам само кутија ако не и помалку која кошта само 150 денара, што значи заштедувам, а и плус гардеробата више не ми мириса на цигари.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
74
Поени од реакции
210
Не знам за друго ама ужасно мирисаат ,,цигариве'', како на влага :sick: Ако некој пред мене ги користел во просторијата, темелно проветрувам па влегувам. Мене лично мирисот на обична цигара ми е пријатен во споредба со ова.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
813
Поени од реакции
1.295
јас тоа што го имам е дуо 3ка и сум презадоволен, најлоши по вкус ми се оние со шмек на лимон и амбер. Тоа е мое мислење. Во споредба на цена зависи кој бренд си го зимал, јас трошев кутија и пол секој ден на Малборо, а со икосот трошам само кутија ако не и помалку која кошта само 150 денара, што значи заштедувам, а и плус гардеробата више не ми мириса на цигари.
Што се става у овие за да работат какви тобако стикови?
Ако си трошил секој ден 150 денара по малборо од ден а и сега исто така трошеш 150 денара дневно за електронски цигари значи овоа икос ви е жива глупости... Икос 3дуо дури 3700 денара е цената гледам бајги скапо....

И какви се тие патрони... ништо не е објаснето... и колку месечно коштат?
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
783
Поени од реакции
261
Што се става у овие за да работат какви тобако стикови?
Ако си трошил секој ден 150 денара по малборо од ден а и сега исто така трошеш 150 денара дневно за електронски цигари значи овоа икос ви е жива глупости... Икос 3дуо дури 3700 денара е цената гледам бајги скапо....

И какви се тие патрони... ништо не е објаснето... и колку месечно коштат?
Heets. Тоа се патрони со посебен (несогорлив) тутун. Достапни се веќе сегде, по сите бензиски и по маркетиве. Јас мислам дека нема потреба од 3 дуо, iqos 2.4 е сосема доволен и со нормална цена. Една кутија heets е 150 ден. Е сега колку ќе те кошта месечно зависи колку пушиш.
 
Kaleb

Where we’re going, we don’t need roads!
Член од
15 август 2020
Мислења
393
Поени од реакции
2.948
@Inconito
Не е баш така, напишав кутија и пол пушев, дневно околу 225 ден. , една кутија на патрони кошта 150 денара и трошам макс 12 патрони што доаѓа испод 85денара. Ги имаш насекаде по бензиските, Тинекс, Рамстор итд.
Јас го имам ова
IQOS-3-DUO-BLUE-NEW.jpeg

Подетално имам објаснување подоле да видиш од прилика како се користи.
Untitled.jpg

Членот кој ја отворил темата требало да даде подетално мислење за функционалноста на iQos. Се надевам објаснив доволно. Поздрав.

едит. Iqos вика до 14 издувувања на кое јас не би се сложил, кај мене е до максимум 10, и тоа е доволно од потребното, немам нагон да палам цигара како предходно, патроните ми се подобар избор. Минатиот викенд реков ќе пробам обична цигара, искрено ми се згади при првото повлекување.
 
Последно уредено:
Член од
22 јуни 2019
Мислења
813
Поени од реакции
1.295
@Inconito
Не е баш така, напишав кутија и пол пушев, дневно околу 225 ден. , една кутија на патрони кошта 150 денара и трошам макс 12 патрони што доаѓа испод 85денара. Ги имаш насекаде по бензиските, Тинекс, Рамстор итд.
Јас го имам ова
Прегледај го приврзокот 281440

Подетално имам објаснување подоле да видиш од прилика како се користи.
Прегледај го приврзокот 281441

Членот кој ја отворил темата требало да даде подетално мислење за функционалноста на iQos. Се надевам објаснив доволно. Поздрав.

едит. Iqos вика до 14 издувувања на кое јас не би се сложил, кај мене е до максимум 10, и тоа е доволно од потребното, немам нагон да палам цигара како предходно, патроните ми се подобар избор. Минатиот викенд реков ќе пробам обична цигара, искрено ми се згади при првото повлекување.
значи една кутија патрони кошта 150 денара и тоа е доволно за цел месец пример за лице кое пуше една пакла цигари дневно? ако е така добро е ..
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.632
Поени од реакции
3.506
значи една кутија патрони кошта 150 денара и тоа е доволно за цел месец пример за лице кое пуше една пакла цигари дневно? ако е така добро е ..
Не, ако пушиш една пакла дневно обични, оваа ќе ти трае најмногу два дена. Обични цигари се, само што не горат со пепел туку само се загреваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom