iPhone во пламен

  • Креатор на темата Креатор на темата zive_te
  • Време на започнување Време на започнување

zive_te

system a.d.m.i.n.........
Член од
9 април 2009
Мислења
386
Поени од реакции
4
Француските организации за безбедност на потрошувачите започнаа да ги испитуваат информациите за неколку случаи на iPhone телефони кои експлодирале, според претпоставките, поради превисоките температури. Вести за слични проблеми започнаа да доаѓаат и од Велика Британија, Холандија и Шведска.
ajfon-455.jpg

Досега во Европа се регистрирани 8 експлозии на популарните телефони на Apple, а последниот случај е забележан во Франција кога iPhone експлодираше во раката на еден осумнаесетгодишник при што тој се здоби со повреди на окото.
Европската комисија ги повика сите 27 држави членки сериозно да ги разгледаат можните обвиненија за небезбедноста на iPhone со Rapex процедурата која се користи за брзо предупредување на несигурни производи.
ajfon-v-1.jpg
Во централата на Apple во САД истакнуваат дека сеуште ги чекаат оштетените апарати за да можат над нив да направат анализа и да утврдат зошто дошло до експлозијата. Некои купци веќе го обвинија Apple за прикривање на потешкотиите кои ги има iPhone.
Кен Стенбороу од Ливерпул ја обвини компанијата дека се обидела да го „замолчи“, нудејќи му голема оштета во компензација за да ја држи неговата незадоволна уста - затворена. Кен побарал оштета бидејќи iPhone-от кој го купил за својата ќерка, исто така експлодирал.
Стручњаците сметаат дека до потешкотиите доаѓа поради несигурните литиј јонски батерии. Apple ширум светот досега продал повеќе од 20 милиони вакви телефони.


torte pazise ti so tvojot ajshit i site drugi sopstvenici na ajfon
 
страшно, се почесто почнаа да се активираат ајфон-бомбите
 
Некој би рекол дека конкуренцијата ги мести ама ова ептен зачести ебаго...

Фатија да пукаат Ајфонови низ Европа :)
 
Нека пукаат,вие пак купувајте.Квалитетно,јок,це 4,да.БУФ!
 
Затоа е во план нов модел :wink: .

granate.jpg
 
... Пак ќе биде најпродаван и најбаран
 
Таман ја решив да купам iPhone тие почнаа да експлодируваат,не остаува ништо друго освен да си земам 3G зашто овие 3GS очигледно имаат некој пролем со прегревањата и експлодируваат
 
Што сатана со тоа бе .. Премногу случаеви има..Треба да се преиспита..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom