iOS 5

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
Конечно, после 3-4 месеци чекање излезе финалната верзија на оперативниот систем на iPhone, iOS 5-ти по ред. Официјалниот датум на издавање беше 12ти, па со оглед на тоа што уште никој не започна посебна тема, еве јас почнувам, ако мислите дека треба да се спои со некоја друга или ако нема интерес, во ред.

Прво најбитно е да се спомене дека iOS 5 е достапен за корисниците што имаат iPhone 3GS, iPhone 4 и iPhone 4S. На секој од овие телефони има исти функции т.е. сите подобрувања функционираат на секој телефон исто (се подразбира голема улога за брзината, графиката и функционалноста има и хардверот на телефонот). За да нема прашања еве пишувам дека iOS 5 неможе да биде инсталиран на iPhone 2G и iPhone 3G.



Еве ги новостите, дел од нив беа најавени и веќе ви се познати, но еве и неколку за кои можеби не сте знаете:

  • Нотификации: Сменет е целосниот систем на натификации. Од сега може да изберете дали да ви стигаат во барот горе или како pop up, што е значително со оглед на тоа што веќе не ве прекинува додека работите на некоја апликација, играте игра или сл. Исто така се појавуваат и на Lock screen-от каде со лизгање на прстот може да одберете да одговорите на СМС, да се јавите на пропуштениот повик и сл. Додека сте на Home screen со лизгање на прстот од горе надоле го спуштате паѓачкото мени на нотификации кое може да се модифицира во Settings.
  • Камера: Со двоен клик на Home комчето до "Slide to unlock" сега има копче за камерата што ве носи веднаш до апликацијата за сликање/снимање. Исто така сега за сликање може да се употребува и физичко копче т.е. копчето за пуштање глас (+). Камерата има повеќе опции, и со лизгање на лево може да се видат сликаните слики.
  • iMessage: iMessage е опција кога сте прикачени на WiFi да праќате бесплатни пораки до вашите пријатели кои имаат iPhone, iPod или iPad. Значи ова не е апликација него е интегрирана во стандарните пораки. Во подесувањата може да се одбере дали телефонот да користи iMessage или стандардни пораки.
  • Newstand: Апликација кога служи за читање весници и списанија. Може да се претплатите на вашето омилено списание или весник и тој редовно ќе биде достапен за вас.
  • Reminders: Класичен подсетник за сите работи што треба да ги направите во денот, неделата и т.н. Има многу опции и подесувања и служи совршено.
  • Креирање албуми: Конечно може сами да креирате албум со слики и да му дадете име :)
  • Интеграција на twitter: Во Settings го пишувате вашето корисничко име и лозинка и автоматски сте сегде логирани на твитер. Може да се твитаат слики директно од албумите.
  • Едитирање на слики: Сечење, ротирање и средување на сликите директно во Photos.
  • User Interface промени: Toggle копчињата се сега заоблени, поради тоа што од Apple сметаат дека тоа придонесува за одмарање на очите. Тастатурата оди надоле доколку читате претходни пораки.
  • iPod: апликацијата повеќе ја нема т.е. е одвоена во две посебни апликации Music и Videos.
  • Кратенки на тастатурата: Може да внесете ваши кратенки во Settings, на пр. ДН - Добра ноќ, ILY - I love you и т.н.
  • Вибрации: Во Sounds можете да си создадете сопствени вибрации, со помош на допирање на прстот снимате ваша вибрација и потоа ја зачувувате. НАПОМЕНА: Првин мора да се одобрат Custom vibrations во settings!
  • ЛЕД светло за известување: Од сега кога ќе добиете порака или кога ќе ѕвони телефонот покрај вибрации и звучно известување, може да го уклучите и лед светлото.
  • iCloud: Едно од најголемите подобрувања, со секој акаунт имате 5 GB кои можете да ги потрошите на back-up, слики, апликации.... Одлична вест е што iCloud е достапен и за Windows така да кој сака може да го симне од официјалната страна на Apple. Лоша вест е што е сеуште во BETA верзија и многу работи фалат, како на пр. delete копче за сликите во photo stream :/
  • Мапи: Прилично се подобрени, меѓу најбитното е што има можност за прикажување на повеќе патишта до дестинацијата.
  • Бришење песни: Да :) Вистина е, од сега може да се бришат песни диретно од од телефонот.
  • Мејл: Од сега има можност за прикажување до 1000 скорешни пораки. Има поголема текстовна подршка, што значи blod, italic & underline. Повеќе мејл сервиси се подржани (Hotmail на пр.) а преку iCloud може да си извадите .me акаунт.
  • Речник: директно во OS, најдобро може да се види преку Notes и сл.
  • Game Center со подобрен интерфејс и опции.
  • FaceTime без SIM картичка, преку емаил акаунт
  • Weather може да го предвидува времето по часови, и го прикажува времето во месотот каже што се наоѓаш.
  • Software update директно од телефонот, без iTunes.
  • Usage прикажува колку меморија користи секоја апликација посебно
  • Синхронизирање: Едно од најдобрите подобрувања е симхронизирање со iTunes во позадина и бежично преку WiFi (телефонот мора да биде уклучен на Dock или во струја).
  • Нови рингтони и звуци
  • Assistive Touch: за оние кои имаат проблем со кликње, влечење и сл. или некое копче е физички оштетено
Тоа се 95% од новостите, се надевам дека сте задоволни, секако ќе се подобрува оперативниот систем со текот на времето, очекувајте нови апдејти наскоро.

А сега за тие што сакаат jailbreak, неколку битни информации:

  • iOS 5 е jailbreak-able! Но, сега за сега, постои само tethered jailbreak, што значи дека кога би го исклучиле телефонот, ќе мора да го приклучите на компјутер за повторно да го вклучите.
  • За jailbreak може да се корисни Redsn0w 0.9.9b5
  • Оние кои не се на T-mobile и зависат од Unlock треба да се воздржат од update, сега за сега, затоа што iOS 5 не е Unlock-able, освен ако немате зачувано постар baseband.
Незнам баш точно кои се правилата за jailbreak на форумот, па затоа ве молам без линкови и сл. додека не одобри некој овластен, за да не го прекршиме законот. А доколку имате било какво прашање, сугестија, потреба од помош и сл, пишете ми на ПП ќе ви вратам во најбрз можен рок (не наплаќам, без гајле :))--- надополнето: Oct 14, 2011 3:36 AM ---
Еве неколку Screen Shots од мојот телефон, да видите визуелно некои од промените...


--- надополнето: Oct 14, 2011 3:37 AM ---

--- надополнето: Oct 14, 2011 3:40 AM ---
http://img11.imageshack.us/img11/453/img1516.png
http://img97.imageshack.us/img97/5184/img1517.png
http://img571.imageshack.us/img571/5092/img1518.png
http://img842.imageshack.us/img842/5275/img1519.png
http://img97.imageshack.us/img97/5258/img1520.png
http://img401.imageshack.us/img401/3032/img1521.png
http://img191.imageshack.us/img191/3146/img1522.png
http://img838.imageshack.us/img838/882/img1523.png
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
Џејлбрејк е легална работа, дури и во САД. Што сакаш прави му на твојот телефон, се додека со тоа не кршиш некој постоен закон.

Фалеше тема за iOS, нека остане оваа.

IOS 5 е одличен и веќе го користам на iPad-от, за телефонот ќе почекам додека не излезе unthetered jailbreak :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
Кажете кога ќе излезе untethered jailbreak за iPhone 3GS или iPad 2 :)
 

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
Мислам дека за 5.0 нема да има. Кај и да е ќе почнат апдејтите и ваљда за следниот ќе има пошто веќе редно време е, од 4.3.3 па навака нема асален jailbreak.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
Кажете кога ќе излезе untethered jailbreak за iPhone 3GS или iPad 2 :)
По нетов никаде не налетав на точен датум,секаде кружи информацијата дека ќе биде готово за неколку недели (најверојатно помалце од месец).
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Мислам дека за 5.0 нема да има. Кај и да е ќе почнат апдејтите и ваљда за следниот ќе има пошто веќе редно време е, од 4.3.3 па навака нема асален jailbreak.
За 5ката до сега имаше веќе Jailbreak (за бета верзијата), а за финалнава 100% има само ќе се почека некој ден.
 

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
Пристигна UNLOCK за iOS 5, сега за сега работи само на iPhone 4 & iPhone 3GS. Алатките се веќе познати: Ultrasn0w 1.2.4 или Gevey SIM
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Имам iPhone 4 верзија 4.3.5 unlocked со Gevey SIM. Дали може да го апдејтувам софтверот на iOS 5? Зашто кога ја купив картичката iOS 5 не беше излезен и ми рекоа никако да не го апдејтуван на верзија 5 зашто немало да работи.
 
Член од
26 октомври 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Не знам за вас, ама iOS 5кава многу добро ми дојде :cool:
 
Член од
31 јануари 2012
Мислења
9
Поени од реакции
1
Посебно ако се земе сеа у предвид untethered jailbreak за сите уреди, а за системот што и да се каже излишно е ЗАКОН
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Имам iPhone 4 верзија 4.3.5 unlocked со Gevey SIM. Дали може да го апдејтувам софтверот на iOS 5? Зашто кога ја купив картичката iOS 5 не беше излезен и ми рекоа никако да не го апдејтуван на верзија 5 зашто немало да работи.
можеш со кастомизиран фирмвер шо нема да ти го крене бејзбендот.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Нели има подфорум apple and shit..што бара темата тука ?:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom