Интуицијата од теолошки аспект

  • Креатор на темата Креатор на темата shutrak
  • Време на започнување Време на започнување
Проблемот со научно објаснување на овие феномени е што овде фали објективност. Со истиот проблем се има соочено науката кога ги разгледува квантните феномени у кои тој што набљудува влијае на експериментот. У поново време и со некои хипотези дека може да се влијае на минатото у некои специфични случаи.
Оваа работа најдобро е да се набљудува статистички и логички. Ако се појавиле стотици случаи каде тој што е опериран под тотална анестезија си ја има гледано и слушано операцијата од таван така баш како се случувало мора да има нешто. Има доста кои се занимавале со оваа тематика и има доста книги.
Е сега, дали умот има способност за исползување на некои "чудни" квантни феномени и која е природата на оваа реалност тоа не го знаеме. Мејнстрим науката има еден проблем што се што е многу значајно оди под капа на топ секјурити и во воени цели. Се додека постои поимот национална безбедност нема да пркне науката во многу гранки. Затоа и да има нешто нема да го најдеш у научни кругови. А луѓето го користат од памтивек, дали се шамани у Амазон, Дуле од Велес и т.н.
Нема студии за препорака ама еве у таа насока може да се позанимаваш со Terence McKenna на пример, ако ти е за тепање време :D
Не фали објективност туку не се споделува со јавноста. Така било и така е... вие мислете дека човештвото е спремно за нештата кои се откриваат денес или се знае за нив од пред 50 години...?
Не е спремно... доцни целото човештво секогаш...

Интернетот и мрежното поврзување 50+ години наназад се користел без да знаете дека имало нешто такво, за да во 90-те почне бумот и види кај сме - лудаци на сите страни по нет, манијаци, порно индустрија и снимање по дома за ефтини пари, секој сам свој мајстор и ги открива тајните на универзумот од „детската дома“ без да напишал 3 страници бел лист негово знаење и разбирање и искуство за нештата...

Малку интуиција удрете, не е се така едноствано и достапно... поврзете се со интуицијата ама преку призмата на теологијата: боговите ви зборуваат преку несвесното! Нели... Не ви требаат дроги и супстанци како шаманите... тоа е калауз а за тоа се плаќа голема цена.

На толку гледање видеа по јутјуб за источните учења и пракси и вие сеуште велите „не знаеме“ дали умот има способност. Баш тој типот што го сподели во старт, индиецот, зборува за негова форма на џнана јога... :coffee:

По се изгледа не разбирате што учат источните школи и зошто се праксите кои ги имаат. Можете и со праксите што ги имаат по манастирите, Македонија бар има куп активни монашки братства кои оперираат и имаат свои пракси поврзнаи со умот и духот... таму нема интуиција? :)
Бидете малку активни што е ова, јутјуб гледале види ова види она... 4 дена гледање за да на крајот ништо не се знае само прераскажување видеа...

Намалете со јутјуб, фатете книгите и пракса. И ќе видете и интуиција и способност и знаење и наука... сфе ќе ви дојде таман... и ќе има и логика и статистика. :)
Не тепајте време по јутјуби каде што ви ја насочуваат мислата да дојдете до заклучок каков што сакаат да добиете самите тие кои го креираат видеото... бидејќи само тоа го немате, времето... а ве убедуваат и дека нема време за да не кревате паника многу :)
 
Поентата не е YouTube или ,,брзи заклучоци", туку дискусија за механизмите зад интуицијата и несвесното, научниот дел и тоа како различни традиции го објаснуваат.
Јас лично не тврдам дека знам, туку затоа и прашувам и анализирам. Не гледам проблем да се комбинира научниот пристап со источни учења, ниту да се разгледуваат различни перспективи. Напротив тоа само ја збогатува сликата.

Несвесното не е тајна технологија од 50 години. Научно се истражува уште од Фројд, Русо, Дарвин, Јунг, Вотсон, Вилхем па се до модерната когнитивна невронаука. Денес имаме експерименти за несвесна перцепција, имплицитна меморија, автоматизирани реакции, прајминг и сето тоа е клучен дел од она што го велиме ,,интуиција".
Интернетот и технологијата не се аргумент за сокриени духовни знаења.
Фактот дека нешто станало достапно подоцна не значи дека претходно било забрането. Тоа е нормален технолошки развој. Нема логика од тоа да се извлече дека има паралелна скриена духовна наука. Многу библиотеки и архиви низ историјата се изгубени или уништени, па многу практики и сознанија се пренесувале само усно. Дали тоа што било недостапно значи дека секогаш било ,,тајно" или само физички не може да се најде? Денес, многу од тие текстови се дигитализирани и достапни, па можеме да ги проучуваме и споредуваме со модерната наука. Можеби токму оваа разлика помеѓу историска недостапност и современа достапност е причината за мислењата дека постои нешто скриено..

Теологијата може да е корисна рамка, но не е единствената. Но истото, денешната наука го објаснува со автоматизирани нервни процеси и сензорни системи што работат без свесна контрола. Разликата е само во јазикот, не во феноменот.
Источните учења не се тајна магија туку техники за регулација на внимание.
Медитација, јога, внимателност денес се истражени до степен што се користат клинички (MBSR, ACT, mindfulness-based therapy).
Ефектите се мерливи намалена активност на DMN, подобра сензорна регулација, поголема когнитивна флексибилност.
Постојат лаборатории што истражуваат метакогницијата, предиктивните модели (Friston), несвесна интеграција на сензорни сигнали, лиминална свесност (Koch, Dehaene). Само се уште немам големо познавање, инаку ќе споделев повеќе работи. Тек учам.. Затоа и многу прашања ми се вртат, а го немам одговорот.
 
Проблемот со праксата е што не знаеш у какви раце ќе завршиш....и колку аурата ќе си ја зацрниш. Затоа што има по некад привремени решенија на проблемите кои се бетер од немање решение. Махарши го постирав затоа што нема тука ритуали и богови туку има само еден Бог кој што сака да се спознае самиот себеси. Секој нека тера по својот пат, секој си има одредена цел у животот и тоа е.
 
Последно уредено:

Во свои раце ќе завршиш.
Со гледање видеа каде што ви го насочуваат вниманието тие каде што сакаат - ќе паднете во туѓи раце и со туѓи мисли во умот кои ќе мислете дека се ваши. И ќе ги споделувате како врно знаење, а не како „интересно кажано, ѕирни, тепај време“...
Тука сте за тепање време? Реторичко прашање е ова...

Не ни знаете дали имате аура и што ли се друго, само имате гледано видеа кој што кажал. Без работа, немате ништо. Не постои ништо...
Махарши зборува за џнана јога... види што значи џнана јога, батали што некој рекол Махарши што рекол и што сакал да каже... тоа ви е грешка и не сакате да ја поминете, за да нели - немој да паднете во погрешни раце :)
И нормално ја врзува со бхакти јога, бидејќи без „предавање на себе си“ кон божественото, обожување на највисокото и „заборавање кој си“, што е пракса која вие не сакате да ја имате, се работи и џнана јога...
Имаше книга од негови расправи што зборувал, ќе ја најдете и читнете...

Секој има свој пат, но секој пат влијае на сите други... не сме под ѕвона изолирани системи. Еден за сите, сите за никаде... во овој момент е човештвото.
Привремени решенија дава интуицијата, но само за мал дел од проблемот, ако некој го расцепкал доволно добро на помали проблеми...
Инаку, да - привремено решение е вадење кредит со голема камата за враќање назад!
Автоматски споено мислење:

Поентата не е YouTube или ,,брзи заклучоци", туку дискусија за механизмите зад интуицијата и несвесното, научниот дел и тоа како различни традиции го објаснуваат.
Јас лично не тврдам дека знам, туку затоа и прашувам и анализирам. Не гледам проблем да се комбинира научниот пристап со источни учења, ниту да се разгледуваат различни перспективи. Напротив тоа само ја збогатува сликата.

Несвесното не е тајна технологија од 50 години. Научно се истражува уште од Фројд, Русо, Дарвин, Јунг, Вотсон, Вилхем па се до модерната когнитивна невронаука. Денес имаме експерименти за несвесна перцепција, имплицитна меморија, автоматизирани реакции, прајминг и сето тоа е клучен дел од она што го велиме ,,интуиција".
Интернетот и технологијата не се аргумент за сокриени духовни знаења.
Фактот дека нешто станало достапно подоцна не значи дека претходно било забрането. Тоа е нормален технолошки развој. Нема логика од тоа да се извлече дека има паралелна скриена духовна наука. Многу библиотеки и архиви низ историјата се изгубени или уништени, па многу практики и сознанија се пренесувале само усно. Дали тоа што било недостапно значи дека секогаш било ,,тајно" или само физички не може да се најде? Денес, многу од тие текстови се дигитализирани и достапни, па можеме да ги проучуваме и споредуваме со модерната наука. Можеби токму оваа разлика помеѓу историска недостапност и современа достапност е причината за мислењата дека постои нешто скриено..

Теологијата може да е корисна рамка, но не е единствената. Но истото, денешната наука го објаснува со автоматизирани нервни процеси и сензорни системи што работат без свесна контрола. Разликата е само во јазикот, не во феноменот.
Источните учења не се тајна магија туку техники за регулација на внимание.
Медитација, јога, внимателност денес се истражени до степен што се користат клинички (MBSR, ACT, mindfulness-based therapy).
Ефектите се мерливи намалена активност на DMN, подобра сензорна регулација, поголема когнитивна флексибилност.
Постојат лаборатории што истражуваат метакогницијата, предиктивните модели (Friston), несвесна интеграција на сензорни сигнали, лиминална свесност (Koch, Dehaene). Само се уште немам големо познавање, инаку ќе споделев повеќе работи. Тек учам.. Затоа и многу прашања ми се вртат, а го немам одговорот.
Никој не рече забрането...
Ништо не е забрането...
Реков дека сега што е откриено, не е достапно за јавноста. И не треба да биде...

Не може да анализираш ништо преку гледање јујтуб видеа... посебно луѓе кои расправаат за туѓи дела како тие ги разбираат и да кажуваат што значат...
Научете се да ги читате делата на самите автори, да ги разберете и да пробате дали е така како што зборат.
Ако не може да експериментирате - бесцелно се заморувате, само ви е интересно и си играте ментална гимнастика, да се случува нешто.
Тогаш, вие не барате вистина, барате забава, бегство од реалноста која нели, сите сакаме да ја видиме во целата нејзина суштина. :coffee:

Науката во однос на човекот и неговото место на Земјата, е чекор назад во однос на праксите од истокот и што со нив... сега може да споредувате наука што открила или има некои идеи за нештата со минати текстови кои граничат со религијата, духовното и наука...
Источните учења се пракса.... За разлика од западните философии кои се претежно теорија... ако ги искомбинираш двете, имаш добра основа за „качување“ нагоре...

Нема да имате одговор. Мора да учете и да вежбате. :) Без работа врз себе си, како беше - во неуреден храм не се населува божественото. Само лудоста вирее во такви места... работете врз својот храм.
Инаку ќе расправате ко философи, кој што рекол и што мислел - а со тоа одговор, потешко...

Плус темата е интуиција преку призмата на теологијата, односо религиските учења кои го прекопуваат човештвото.
Дали сте луди „кога слушате гласови“ кои ви велат ова и ова направи, или Христос, Аллах, Озирис, Хорус, Изида, Кали или Шива се обидува да ти го поправи малку патот... ?
Науката ќе ти каже - луд си, слушаш гласови! :coffee:
 
Последно уредено:
Во свои раце ќе завршиш.
Со гледање видеа каде што ви го насочуваат вниманието тие каде што сакаат - ќе паднете во туѓи раце и со туѓи мисли во умот кои ќе мислете дека се ваши. И ќе ги споделувате како врно знаење, а не како „интересно кажано, ѕирни, тепај време“...
Тука сте за тепање време? Реторичко прашање е ова...

Не ни знаете дали имате аура и што ли се друго, само имате гледано видеа кој што кажал. Без работа, немате ништо. Не постои ништо...
Махарши зборува за џнана јога... види што значи џнана јога, батали што некој рекол Махарши што рекол и што сакал да каже... тоа ви е грешка и не сакате да ја поминете, за да нели - немој да паднете во погрешни раце :)
И нормално ја врзува со бхакти јога, бидејќи без „предавање на себе си“ кон божественото, обожување на највисокото и „заборавање кој си“, што е пракса која вие не сакате да ја имате, се работи и џнана јога...
Имаше книга од негови расправи што зборувал, ќе ја најдете и читнете...

Секој има свој пат, но секој пат влијае на сите други... не сме под ѕвона изолирани системи. Еден за сите, сите за никаде... во овој момент е човештвото.
Привремени решенија дава интуицијата, но само за мал дел од проблемот, ако некој го расцепкал доволно добро на помали проблеми...
Инаку, да - привремено решение е вадење кредит со голема камата за враќање назад!
Што ќе направиш ти а што ќе направам ја у животов?
Дали ќе станеш бесмртен?
Дали ќе ги дознаеш тајните на универзумов?
Дали ќе бидеш среќен у животов?
Биди искрен, не сакам да се расправам....ме интересира еден искрен одговор, затоа што ако земам да работам толку многу редно е и да знам кој ќе биде ефектот.
 
Ако на 40+ години не знаеш што треба да направиш во животот тука и сега и само тоа да го правиш се до твојата смрт, тогаш треба токму тоа да го направиш (со сите пракси и знаења што ќе ти дојдат при рака) : да дојдеш до твојата апсолутната вистина зошто си ти тука на Земјата меѓу луѓето, во Македонија, не на друго место и дали треба да си тука и до кога итн итн... и ако е се ок, да го правиш само тоа, исполнување на твојата вистина, реализирање...

За другите прашања: Интуицијата гледана од теолошка перспектива ми вели да... :coffee: Искрено...

И не знам зошто во идно време поставуваш прашања: „че бидеш среќен“. Јас сум среќен. Изгледа ти не си, по тоа како го постави прашањето...
Исто и другите прашања ти се негативно поставени... интуиција, не факт...
 
Ако на 40+ години не знаеш што треба да направиш во животот тука и сега и само тоа да го правиш се до твојата смрт, тогаш треба токму тоа да го направиш (со сите пракси и знаења што ќе ти дојдат при рака) : да дојдеш до твојата апсолутната вистина зошто си ти тука на Земјата меѓу луѓето, во Македонија, не на друго место и дали треба да си тука и до кога итн итн... и ако е се ок, да го правиш само тоа, исполнување на твојата вистина, реализирање...

За другите прашања: Интуицијата гледана од теолошка перспектива ми вели да... :coffee: Искрено...
Има време за се, ја еднаш сум се качил на Хималаите....кој си играл за Вардар пак ќе си игра :)
Ако еден ден ми згусти знам што да барам и кај да барам, ама чисто да најдам некоја сатисфакција ако решам да побегнам од луѓето.
 
Никој не рече забрането...
Ништо не е забрането...
Реков дека сега што е откриено, не е достапно за јавноста. И не треба да биде...

Не може да анализираш ништо преку гледање јујтуб видеа... посебно луѓе кои расправаат за туѓи дела како тие ги разбираат и да кажуваат што значат...
Научете се да ги читате делата на самите автори, да ги разберете и да пробате дали е така како што зборат.
Ако не може да експериментирате - бесцелно се заморувате, само ви е интересно и си играте ментална гимнастика, да се случува нешто.
Тогаш, вие не барате вистина, барате забава, бегство од реалноста која нели, сите сакаме да ја видиме во целата нејзина суштина. :coffee:

Науката во однос на човекот и неговото место на Земјата, е чекор назад во однос на праксите од истокот и што со нив... сега може да споредувате наука што открила или има некои идеи за нештата со минати текстови кои граничат со религијата, духовното и наука...
Источните учења се пракса.... За разлика од западните философии кои се претежно теорија... ако ги искомбинираш двете, имаш добра основа за „качување“ нагоре...

Нема да имате одговор. Мора да учете и да вежбате. :) Без работа врз себе си, како беше - во неуреден храм не се населува божественото. Само лудоста вирее во такви места... работете врз својот храм.
Инаку ќе расправате ко философи, кој што рекол и што мислел - а со тоа одговор, потешко...

Плус темата е интуиција преку призмата на теологијата, односо религиските учења кои го прекопуваат човештвото.
Дали сте луди „кога слушате гласови“ кои ви велат ова и ова направи, или Христос, Аллах, Озирис, Хорус, Изида, Кали или Шива се обидува да ти го поправи малку патот... ?
Науката ќе ти каже - луд си, слушаш гласови! :coffee:
Според мене, самите услови во животот ја определуваат границата на тоа што можеме да дознаеме. Историјата покажува дека постојат работи што едноставно не се достапни за човечката природа, без оглед колку моќ или ресурси имале луѓето. На пример, дури и некои од најекстремните експерименти на луѓе како Хитлер не успеале да откријат се што се обидувале, што покажува дека постојат ограничувања.
Сето она што денес го користиме и го знаеме струја, медицина, научни откритија, техники за медитација, јога, психолошки терапии било достапно само кога условите биле созреани за човештвото да го разбере и примени.

Се согласувам, гледањето Youtube видеа не заменува лично изучување. Јас се обидувам да ја комбинирам таа информација со научни експерименти и сопствено набљудување. Експериментот не мора да е нешто големо може и едноставно да се набљудува како работи умот, интуицијата или реакциите на тело и свест. Така не се игра ментална гимнастика, туку се создава сопствена основа за разбирање.

Да, се согласувам дека без работа врз себе и лична пракса нема да дојдеш до вистински одговор. Но исто така, за да почнеш да работиш врз себе, мора да имаш некоја основа нешто на кое ќе се потпреш. Тоа може да биде наука, проверени техники, историски текстови итн..
Затоа критичкото размислување е да ги одделиш што е проверено, што е теорија, што е практика, а што е мит. Тука се гледа и границата помеѓу интуицијата, духовните учења и науката не треба да ги мешаш, туку да анализираш, споредуваш, и да тестираш со пракса.

Од моја перспектива, тука има разлика меѓу религиско толкување и научно објаснување, затоа и дадов свое мислење.
Интуицијата одамна е предмет на истражување не како ,,гласови", туку како несвесни процеси што го поврзуваат искуството, меморијата и перцепцијата. Науката не мора автоматски да те прогласи за ,,луд" ако имаш внатрешен импулс или чувство тука зборуваме за сосема нормални когнитивни механизми.
Религијата го претставува тоа преку симболи, божества, архетипови, заштитници. Науката го претставува преку термини, подсвест, автоматизирани сигнали, невронски шеми. Истата појава, различен речник.
 
Сето она што денес го користиме и го знаеме струја, медицина, научни откритија, техники за медитација, јога, психолошки терапии било достапно само кога условите биле созреани за човештвото да го разбере и примени.

Да, се согласувам дека без работа врз себе и лична пракса нема да дојдеш до вистински одговор. Но исто така, за да почнеш да работиш врз себе, мора да имаш некоја основа нешто на кое ќе се потпреш. Тоа може да биде наука, проверени техники, историски текстови итн..
Точно.
Затоа и реков книги и размислување врз оригиналните идеи што ги имале авторите, а не јутјуб видеа и прераскажувања и дебатирања и што некој мисли за некој друг што сакал да каже и какви праксите биле и што со тоа...
Ништо со тоа - ете ќе ви кажам. Апсолутно ништо.
Читаш, учиш, пробуваш. Тоа е мантрата. Но, никој не сака да работи... како ќе го анализираш умот со кој треба да анализираш? Со која повратна врска?
Источните школи имаат пракса за тоа... но започнува тромо, споро и е полно со симболи и зборувања што човекот се откажува. И тоа е така бидејќи кому му требаат мрзливи или нестрпливи луѓе?

Интуицијата ќе се развие многу побрзо со работа, нема да биде догматска, нема да биде веднаш врзана со физичкиот дел од човекот, нема да биде врзана ниту со божествениот дел - некоја средина... што велите: критички ќе размислува, секоја идеја која ќе се роди ќе бара да и се најде спротивставена идеја...
На крајот може и ќе се најде „од каде извираат идеите“ за било што а со тоа дали има потреба од дебатирања за нештата за кои нема потреба за дебатирање, ами само макотрпна работа...
 
Што мислиш дали постои можност да се изгубиш во процесот? Односно да се заплеткаш во својата свест и да изгубиш контакт со реалноста?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom