Релативно нов сум на Инстаграм, 2-3 месеци, и искрено лично не се пронаоѓам баш на оваа социјална мрежа (во целост). Партиципирам и на други форуми, а може да се вратам и на Гудридс и тоа е далеку поинтересно за мене отколку да гледам голотии.
Гледам дека има и интересни видеа на Инстаграм, пред се авантуристички или видеа за одредени таленти. Ама која каде била и како се облекла/соблекла не ме интересира баш.
Значи не можам да го критикувам секој сегмент на Инстаграм, има и работи кои за мене се интересни и може да се посветам само на нив во некоја иднина т.е. на сегментите каде се пронаоѓам и кои ми се интересни.
А вашето генерализирање, дали и за кого така се сликала или за кревањето на стандардите, не би го коментирал. Патем не ни знам кој што прави и постира на Инстаграм од форумов, ама го следам наративот на 2те теми....и гледам многу разочарани ликови.