Финтици за запознавање преку Instagram?

Член од
22 јуни 2019
Мислења
816
Поени од реакции
1.296
1. Ѝ срцкаш слика. Ако ти срцни назад, тогаш:
2. Ѝ риплајнуваш со оганче или срце на стори. Ако ѝ се допадне:
3. Ѝ пишуваш во DM: zdr ybavice, kakosi? Ако ти врати:
4. Ѝ праќаш дикпик.





Чоек нормален си?
4vh839.jpg
 

Adorabella

Fisherman's Friend
Член од
24 јануари 2021
Мислења
26
Поени од реакции
63
инстаграм или не, само не биди закочен и олабај - ако те бендисва арно, ако не - не, идеш на следејча - и repeat.
 
Член од
12 февруари 2020
Мислења
41
Поени од реакции
145
Инастаграм го доживувам како место за личности со скриена нарцисоидна патологија и со скриени егзибиционистички пориви кои својата длабока несигурност се обидуваат да ја надминат со форсирана лажна себепромоција... Немам акаунт на инстаграм, затоа што таму не гледам ништо забавно. Не мислам дека моето мислење е вистинското, но така си мислам јас...
Што се однесува до тоа како да стартуваш девојче на социјалниве мрежи - моето искуство кажува дека како прво тука многу се лаже. Оние кој се најатрактивни обично по правило се лажни профилии.Како второ шансите за успех не се нула но се прилично ниски или блиску до нула, што значи за успех потребна е многу голема упорност или со други зборови треба да висиш постојано на нетов. За истото потрошено време и енергија во виртуелниов свет, шансите во реалниот свет се драматично поголеми. Со други зборови во виртуелниот свет успехот кај девојче е еден вид лотарија во која на крај може да излезе дека ќе добиеш нешто што воопшто не си го очекувал, а можеби не си го ни посакувал... па така наместо добра забава да добиеш еден куп проблеми кој ќе ти го комплицираат и загорчуваат секојдневието сосема без потреба. Тоа е моето искуство - сигурен сум дека останатите можеби имаат поинакви искуства.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Се сложувам со членот над мене, убаво кажано. Поготово делот за лажна себепромоција. Имам пријател кој цело време слика на стори пици, палачинки, цедени портокали итн објавува слика од 2-3 различни кафичи во денот а истиот дечко должи многу пари по други деца и е невработен. Значи од старт некој да му го види профилиот добива ЛАЖНА слика за неговиот солцијален статус во општеството. Не е само тој, друг инстаграм пријател, слика и снима секој ден цркви и објавува православни цитати што не е толку лошо. Лошо е што истиот не пости, не оди на богослужби, не ги почитува христијанските верувања, се коцка, краде итн. :)
Ајде сега малце на темава. Ако и риплејнеш на стори со оганче или и оставиш некој коментар од типот многу си јака, а притоа во живо планираш да кјутиш како мисир или да ја вртиш главата кога ке ја видиш, поубаво не пишувај. Затоа во живо е подобро, ке видиш како оди работата на лице место.
Лично од моја страна не пишувам многу со не познати баш ради горенаведениот пример, треба многу време да потрошиш за запознавање, месеци да пишуваш дури стигнеш до запознавање во живо.
Од друга многу е полесно да пишеш на некоја ако претходно во живо сте зборувале.
Ево јас имам пример другарка Ана. И сеа после неколку чаши бело вино и пишуваш на Ана кај е излезена со другарките и идеш таму и со другаркава се понашаш многу културно :D, да оставиш добар впечаток и на нејзините другарки, и после запознавање ако ви тргне муабетот со некоја од нив , ти веќе имаш тема и причина да и пишеш и за истото на инстаграм. Инстаграм како апликација, пред се треба да ти биде за занимација а не лична опсесија. Во никој случај не смееш да се осеќаш запоставено во однос на тоа што другите споделиле/сликале за да ви ги присвојат вашето внимание, затоа што инстаграм е една голема
" игра " во однос на реалноста.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
А значи огинче било лекот, јас пак се отепав од мафкалчиња пуштање зато абер нема да ми врати (n)
Ела бе јас ќе ти пуштам огинче :backa:
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.773
Поени од реакции
10.525
И шо очекувате кога ќе пратите оганче? Да ви понуди вода да го изгаснете?
 
K

Kitsune

Гостин
И шо очекувате кога ќе пратите оганче? Да ви понуди вода да го изгаснете?
Мислат одма некоја ќе полета по нив брат.

Јас кога бев основно женски/дечковци запознававме на физичко; после часови; на родендени и останати одлични начини.
Си местевме едни на други другарки и другари. Колку пати со другарки на братучетка ми сум искачал. Ни инстаграм ни телефони на тач имавме и пак подобро си поминувавме отколку овие од 2000та навака што на кафе се ѕверат во телефоните. Со девојче искочил утакмици прати на телефон. :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom