Живи глупости. Од прееска мотам, само постови од пред 3 дена, па оп од пред 7 саати, па 3 минути. Како што не го скролам фб, изгледа ќе прекинам и инстаграмов.
Мене повеќе ми се свиѓа вака. Премногу ги следам, па постовите на луѓево што ми се поблиски се губат низ другите. Попрактично ми е.
И на мене вака ми е подобро. Ми излегуваа куп непотребни луѓе од странство на кои сум им вратил Follow колку да не испаднам непријателски настроен
За да дојдам до новостите од профилите кои највеќе ми се допаѓаат требаше вечност, или пак требаше да ги пребарувам профилите еден по еден во Search, што јас искрено го сметам за екстремно досаден потег...
Сега колку толку ми се исчисти News Feed-от и најчесто ми ги дава профилите кои највеќе ги отварам и лајкувам на врвот.
На мене лично ми се допаѓа овој алгоритмички концепт. Одлично ги препознава интересите и побарувањата на корисниците. Се разбира, тоа е и главната намена на концептот. Instagram цели кон олеснување и поедноставување на News Feed-от..
Мислам дека е прашање на навика, а и уклучување на Post Notifications не е лоша опција доколку имате следачи кои навистина ги цените и сакате да бидете информирани кога ќе прикачат некоја нова фотка.
Како и да е, на крајот не може сите да бидат задоволни. На некого му се допаѓа, на некого не. Сепак е социјална мрежа со над 400.000.000 месечни корисници и тешко дека секој би бил задоволен од новите промени