Instagram (официјална тема)

Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Една од по-недосадните модерни социјални мрежи за луѓе кои се вистински љубители на фотографијата.
Инстаграм им овозможува на своите корисници да фотографираат најразлични фотки и истите да ги прикачуваат и споделуваат со другите луѓе на својот Instagram профил, со тоа што ќе ја покажат и изразат својата креативност.
Можете и да стекнувате пријатели од најразлични земји во светот, врз база на вашите взаемни интереси од аспект на фотографијата.
Доколку на луѓето им се допаѓаат вашите фотографии, ќе почнете да добивате лајкови и коментари, па и ќе започнат да ве следат, со што вашата популарност на социјалната мрежа ќе забележи раст.

На Instagram ќе сретнеме еден куп различни уметнички фотографии, прекрасни пејсажи, слики од авантуристи, слики од прекрасни јадења, селфи фотографии, па и по некоја секси фотка :D.
Иако концептот на мрежата не е да биде како Facebook, голем дел од луѓето денеска ја практикуваат како таква, па затоа се користи и како еден вид на алтернативна замена за Facebook.
Instagram апликацијата е достапна само за оперативните системи Android и IOS, додека за Windows Phone сеуште нема целосно изработена официјална апликација (ја има како еден вид на апликација во BETA фаза).

Што мислите вие за Instagram? Колку ја користите и колку ја пронаоѓате оваа социјална мрежа (апликација) како корисна?

 
Член од
25 март 2015
Мислења
10
Поени од реакции
1
Несакам да звучам како позер или слично но апликацијава ја користам секој дневно :cool: не заради тоа што ми е убава или е нешто прејако но едноставно дел од работата ми проаѓа преку неа и фејсбук, а знам некогаш да испозирам доста добро :icon_mrgr:. Апликацијата е океј и е лесна за корисниците...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Кои ви се најинтересните македонски Инстаграм профили? :)

Споделувајте ги најинтересните македонски инстаграмџии за следење, најинтересните Инстаграм профили на македонските компании (кои се почесто се присутни тука) и секако - промовирајте ги и вашите лични профили :)

Јас сум @MLazarevski, бујрум, првам follow-back! :)
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас немам Инстаграм од проста причина што ги мразам социјалните мрежи (читај Фејсбук, Твитер и таквите), а и немам некоја јака камера за тоа, а и време за тоа.

Имам видено од кај други што и како функционира Инстаграмот и секоја им чест на оние луѓе кои создаваат прекрасни фотографии, ама ги имам видено и оние кои постојано се сликаат себе си и јадењето кое го јаделе надвор, со цел другите да видат дека биле излезени, и од таквите ми се има згадено.

:)
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
313
Поени од реакции
259
Интересен е Инстаграм,можеш да споделуваш фотографии кој не сакаш да бидат објавени на фејсбук или на некоја друга апликација.Едноставно лабава апликација си објавуваш разни фотографии уживање ...

иначе може да ме следите и мене на инстаграм : @dime_96/(враќам follow)
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Ааааа го обожавам инстаграм! Ко што немав фејсбук повеќе од 2 години, инстаграмов ми дојде ко кец на десетка:giggle: И да, јас сум од оние луѓе што го сликаат јадењето и инстаграмот им е полн со селфиња:ROFLMAO:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Ааааа го обожавам инстаграм! Ко што немав фејсбук повеќе од 2 години, инстаграмов ми дојде ко кец на десетка:giggle: И да, јас сум од оние луѓе што го сликаат јадењето и инстаграмот им е полн со селфиња:ROFLMAO:
Јас,Пеџа,Комита,Ред Џон и уште 1234 други враќаме follow! :icon_lol:
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Нон-стоп го користам Инстаграм, имам го повеќе од 1 год. Едноставна апликација, и секој ден да објавуваш слики нема да се досаден како на фејсбук бидејќи апликацијата е само за објавување на слики. Мојот инстаграм е претежно преплавен со слики од мене, ретко ставам слики од храна, само понекогаш слики од алкохол.
@niikac (follow back)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
#follow4Follow #f4f #like4like #l4l #unfollow4unfollow или шаштаг skopje, berovo, madrid на слика од Куала Лумпур. Јас изгледа се губам некаде во овој концепт...
Инаку профили со слики од gopro - перверзии!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Го имам само за да следам некои познати спортски личности. А немам следачи затоа што никој не сака да ми ги гледа сликите со манџите. :P @supraisbe :icon_lol:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Омилена апликација во последно време.:love: Обожавам фотографии.Порано бев доста активна на DeviantArt.com - најголемата онлајн галерија на уметноста. Сега на некој начин се префрлив на Instagram, ама повеќе (да не кажам единствено) како следбеник, вљубеник во убавите уметности.
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Ништо, не е ова за мене :D
Ама ај остај то, туку со овие тарабиве луѓево ептен се напнати. #friends #nightout #drinkingwine #cicki #kurSeTrese и 300 глупости :D
И да постираш по 10 слики во денот :D страва се
Или ко ќе видам некој јадење сликал, аууу :pos: :facepalm:
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Ааааа го обожавам инстаграм! Ко што немав фејсбук повеќе од 2 години, инстаграмов ми дојде ко кец на десетка:giggle: И да, јас сум од оние луѓе што го сликаат јадењето и инстаграмот им е полн со селфиња:ROFLMAO:
И јас имам слики од убави јадења. Не е ништо страшно тоа. Не ги качувам за да се фалам кај сум јадел, туку затоа што сметам дека убаво и вкусно изгледа храната.
Инстаграм е наменет и за љубителите на слики со храна.
Еве јас лично, најголем мерак имам да гледам слики со убави јадења, пејсажи и macro-shots.
Еве на пример кога ги видов ќебапите на профилот на @Acid вчера, одма ми се пријаде. Единствено од тој аспект само не е добро да гледаш храна на Инстаграм, пошто може да ти се пријаде во лошо време од денот :D
А тие што немаат барем една слика од себе на Инстаграм, значи дека се грди :pos:
Се шалам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom