Insanity workout програма

S

Stef Bachatero

Гостин
значи пред два месеци постирав каков бев и сега еве сум..звер :)))
исто користам бсн но експоут,со вкус на ?!?!?!јаболкааа!?!?!?!?!
шала на страна добри резултати имаш и што убаво си кажа дека без суплементација не би ги постигнал истите иначе само напред,ама со фризурава не праиме бизнис xDDD
Бидејќи сум на протеински внес тешко можеш да издржиѓ 59 мин напорен тренинг затоа земав BSN NO xplode и протеини.Иначе можеш да добиеш мускулна маса зашто вклучува тренинг на цело тело.Особено новата програма е Crossfit тренинг и сега ја испробувам.Имам јаже,сега на бетонот надвор ќе ја залепам скалата и ќе вежбам пред мало ќе бидам главна атракција :)
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 10:18 ---
Добро а нели може програмата да се користи истовремено со вежбање во теретана? Толку ли е напорна да не можеш да направиш 2 тренинга на ден? Логички така би требало да има најмногу резултат. Мускулен тонус и губење масти!!
Можеш ако имаш време но треба да знаеш дека програмава троши првите тренинзи 500-700 кцал зависи колку напор даваш а вториот месец од 900 нагоре.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Бидејќи сум на протеински внес тешко можеш да издржиѓ 59 мин напорен тренинг затоа земав BSN NO xplode и протеини.Иначе можеш да добиеш мускулна маса зашто вклучува тренинг на цело тело.Особено новата програма е Crossfit тренинг и сега ја испробувам.Имам јаже,сега на бетонот надвор ќе ја залепам скалата и ќе вежбам пред мало ќе бидам главна атракција :)
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 10:18 ---
BSN NO xplode како си задоволен со него? Барам некој pre-workout кој е од страна на побезбедните па се мислам на нешто како BSN NO xplode или пак SizeOn од Gaspari и двата се без стимуланси
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
BSN NO xplode како си задоволен со него? Барам некој pre-workout кој е од страна на побезбедните па се мислам на нешто како BSN NO xplode или пак SizeOn од Gaspari и двата се без стимуланси
Super Charge ! :icon_lol:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
BSN NO xplode како си задоволен со него? Барам некој pre-workout кој е од страна на побезбедните па се мислам на нешто како BSN NO xplode или пак SizeOn од Gaspari и двата се без стимуланси
Јас сум многу задоволен особено од бета аланинот и кофеинот во него.Дава стимул цел ден и мускулите експлодираат и се забележува :)
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
289
сакав да прашам, ова insainity workouts е за слабеење или добро е и за дефинирање на телото ? пошто јас сум 180см, и 71 кг, 19 години, па мислам дека добро ќе ми дојде да качам 4-5 кг, немам сало тренирам 2 години кикбокс, телото ми е одлично сакам сакам уште малку мускулна маса да качам , па се мислам да почнам да тренирам ова инсејнити ... ? предлог/совет од искуство некој ќе ми биде добредојден ?
 
Член од
3 април 2013
Мислења
175
Поени од реакции
75

Insanity е High Intensity Interval Training или во превод високоинтервален кардио тренинг. Во принцип можеш да накачиш тежина ама со многу голем внес на калории на дневна основа затоа што и многу трошиш така што не е баш ефикасен начин. Најдобар начин да накачиш килажа е да искомбинираш класичен основен бодибилдигн тренинг со поголема количина протени внес 3 пати неделно теретана и да си продолжиш со кик-боксот. Нормално ако си во натпреварувачки филм внимавај на својата тежинска категорија да не забегаш многу дека сакал или не со зголемување на кг губиш на брзина, но од друга страна добиваш на сила и ако правилно вежбаш можеш и експлозивност да зголемиш. Се надевам помогнав, ама гледам овде има и поискусни така што разгледај неколку мислења.
п.с. Бадр Хари вс Забит Самедов реванш ќе има во Москва договорено веќе.
 
AC1

Член од
11 април 2013
Мислења
4
Поени од реакции
2
сакав да прашам, ова insainity workouts е за слабеење или добро е и за дефинирање на телото ? пошто јас сум 180см, и 71 кг, 19 години, па мислам дека добро ќе ми дојде да качам 4-5 кг, немам сало тренирам 2 години кикбокс, телото ми е одлично сакам сакам уште малку мускулна маса да качам , па се мислам да почнам да тренирам ова инсејнити ... ? предлог/совет од искуство некој ќе ми биде добредојден ?
Глеј, овој глуп тренд со имиња на програми почна откако еден деген политичар амерички почна да кажува што вежба и така авторот на тој конкретен режим почна да печали пари и почна да лаже народ. Оваа глупост е многу едноставна - ова ти е вежбање основни вежби, без пауза. Тоа е целата работа.. па ја крстиле „лудост„.. да лудост е, пизда ви матер америчка, зашто нема поента вака да ти умира телото. Не може некој да се дебели 10 години а да сака за 5 недели да стане манекен.. значи, тоа не е можно без нешто да оштетиш а ако мислиш да се натрепваруваш против свое тело, ќе те има у новини скоро

Сеа ти рече сакаш да качиш килажа - значи едноставно е, мора да јадеш повеќе од што телото ти троши дневно --има начин да се пресмета генерално, али ти би требало веќе да знаеш
(обратно праиш ако сакаш да симнеш) Значи просто е, не ти треба ништо, освен дисциплина и малку познавање на работите, ни програми ни ништо, пошто мн луѓе не гледаат друго освен масти и мускули и мислат тоа е телото, само масти и мускули, ќе намалат масти и така е тоа одма 6 пацкс па по плажа ќе се сликаат и такви некои глупи работи што си ги мислат луѓето.
Најпрво целта мора да ти е телото да ти зајкакне и ти вежбаш за телото да ти стане појако, посилно, поздраво а не обратно
А има дегени што вежбаат телото да им стане со видливи резултати на сметка на БИЛО што (па се бодат со стероиди, земаат секакви додатоци лажејќи се дека „така морало„ и „така треба да биде„ и ако им кажеш нешто, ко програмирани сите ти викаат „па ти пиеш ли сок„ демек и таму имало хемија и тоа е оправдување да се бодат со стероиди, пошто и во сокот имало хемија ...еее дегени бе...)

Него Мој конкретен совет за тебе - големи паузи меѓу серии, повеќе храна, строга форма на изведување вежби. Мисли на долги стази, ти планираш да живееш уште многу години така? Или оваа ти е послендна па ќе идеш all in, важно да имаш стомачни?? Полека со развивање на телото и тоа е тоа, со среќа со дисциплинат-најтешкиот дел и најбитниот.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
289
па сакам да стигнам 74-75 кг некаде... ама нејќам да се билдам , да пукаат мускули, туку така само добар изглед, нормален....вака некако сакам да се направам, бај д веј за стомачни си имам. ваљда теретана ќе треба, ама некако ми е страв да не претерам таму, па гледав на инсејнити оти се дефинираат добро затоа пак прашав
 
Член од
11 април 2013
Мислења
355
Поени од реакции
183
Да пренесам искуство. Не почнувајте со програмата директно. Потребно ми е веќе стекната кондиција. Знаци 2-3 недели пред стартувањето на програмата, трчајте, возете велосипед, занимавајте се со спорт. Активноста нека трае 30 минути најмалку.Програмата не е баш така лесна. Треба особена важност да се посвети на исхрана. Тие препорачуваат да се јаде 5 пати на ден мали оброци(400,300 калории) и односот да биде: 40% јаглехидрати, 40% протеини, 20 % масти. Оваа баш и не е возможно посебно последното пошто сите јадења што ги имаат препорачано ги нема во Македонија а и 5 пати на ден јадење не го секој поднесува(нема време-обврски). Првиот тренинг Plyometric Cardio ке ви биде најтежок(не е до вас). Да и на тие таму им е тешко, плиомтеријата кај сите почетници е напорна работа(уште и ако имаш некое килце повише). Правете пополека, следете ги инструкциите на Shaun T. и најважно-Кога ке почнете да губите на сила, ви се појавуваат болки во колената, нозете или било каде, престанете, одморете малце. И тој самиот ке видите дека застанува многу. Не е целата фора да се испуцате додека можете и после 20 минути ништо да не праите. Пазете на дишењето. И не се обезхрабрувајте. Еве загревањето трае 10 минутки. Јас кога бев прв месец можеби сум правел над 9 паузи(по 5-6 секунди) а сега 2 највише(одново го правам тренингот да не биде забуна). Губење килажа нема многу да приметите во текот на првиот месец. Но во вториот месец, кога воркаутот трае и до 1 час, ке се приметити итекако. Јас за 60 дена без следење на нивната диета(само пазев колку калории внесував, али не и однос јгх,про,мас) изгубив 6 кила, но околу стомакот 11cm. Па така сеа се ми е поголемо, фармерки, мајците, јакните... :D
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
До сега прочитав неверојатни искуства од луѓе што ја работеле програмата и виделе резултати,дојдов на кајганава што да се види сите само зборат а никогаш ни ја праеле ни ни што.Јас ја симнувам и од утре ја почнувам бидејки како што кажав луѓе што имаат резултати ми ја препорачаа.Иначе само исхраната мислам дека ке биде најголем проблем бидејки викаат ги нема продуктите кај нас ,а и нема да земам хемии и тие глупости.пред 50 години немало такви работи па пак луѓето имале добри тела ;)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
И само затоа што е хемија веднаш се лабелира за не здраво.
Аман бе луѓе...
Си немал резултати порано затоа што не си прогресирал со вежбањето.
Insanity е успешна затоа што го прави тоа.
Лично искуство,not a big deal.
Да бев паметен ќе вложев во теретана,.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom