Industar 69 - 28mm f2.8 на Canon EF?

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.719
Поени од реакции
26.429


Имам едно објективче од стариот Чаика апарат, па ме заинтересира дали можам да го искористам на Canon-от со некаков конвертор... Станува збор за Industar 69 - 28mm f2.8 (повеќе тука), кој можеби нема брилијантни перформанси, но сепак дава специфичен шмек на фотографиите. И затоа што до сега не сум имал искуство со некакви конверзии, рингови, и тн., сакам да ги прашам поискусните дали е возможно да се намонтира „малиов Русин“ на мојот Canon 600D?

ping vlatkoufo



 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
598
Поени од реакции
145
Па како што гледам тој не е баш за DSLR апарати туку за Mirrorless фотоапарати ,го монтираат на NEX со 2 адаптери,можда може да се намонтира и кај тебе ,ама ако не одговара растојанието до огледалцето нема да работи,ќе ти требаат 2 адаптери па да прилагодиш растојание и тн,така да не би требало да се замараш,чувај го како колекционерство или дај му го на некој што има Mirrorless фотоапарат.
Иначе стварно вади убава слика,мислам дека е копија на некоја Leica.еве некој слики со него:
http://forum.mflenses.com/viewtopic.php?t=36162
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.719
Поени од реакции
26.429
Ќе го чувам во секој случај, само ме интересираше дали може да го искористам... Чаика-та не планирам да ја продавам :)
Можеби ќе ми се најде, ништо чудно некогаш да земам и мирорлес фотоапарат.
 
На врв Bottom