Идеализмот е еден од двата основни правци во
филозофијата кој, наспроти
материјализмот, смета дека идејата, свеста, духот е првобитното нешто, а природата, постоењето, материјата е нешто второстепено.
Објективен идеализам или конкретен идеализам е учење кое тврди дека темелот на се што постои е апсолутната идеја, светскиот дух, во крајна линија
Бог.
Субјективен идеализам е учење што го одрекува објективното постоење на материјалниот свет, признавајќи ги како единствена реалност само индивидуалната свест и субјективните чувства.
Материјализам е
филозофски правец во
онтологијата спротивен на
идеализмот. Материјализмот тргнува од тоа дека светот по својата
суштина е материјален; дека
материјата,
природата, постои надвор од
свеста и независно од свеста, дека материјата е првобитна и претставува извор на човековите
сетила, сметајќи го
спознанието, како и свеста, духот воопшто, за секундарни, за нешто што е произведено од влијанието на материјата и човековата сетилна
пракса. Всушност, материјализмот поучува дека светот и сите негови законитости можат да се спознаат и дека тоа спознание се случува постепено, но прогресивно, издигајќи се од елементарните претстави за светот, па сѐ до неговата суштина.
Според вообичаената, класична поделба на материјализмот, постојат три вида - или форми - на материјализмот:
[уреди] Антички материјализам
Првите филозофи што се појавиле во рамките на западноевропската филозофија, како што е
Милетската школа, биле материјалистички ориентирани.
[уреди] Метафизички материјализам
Метафизичкиот материјализам својствен за француските филозофи од
18 век, меѓу кои се:
Пол Холбах,
Ламетри,
Хелвециус.
[уреди] Дијалектички материјализам
Дијалектичкиот материјализам својствен е за дел од марксистички ориентираните мислители, макар што овој термин не се среќава ниту кај
Карл Маркс, ниту кај
Фридрих Енгелс.