Идеализам или материјализам?

  • Креатор на темата Креатор на темата creeper
  • Време на започнување Време на започнување
идеализам! :jaj:
материја? а кој ја создал материјата? некоја претходна...ам неа кој ја создал?
светот е создаден од господ, е од тогаш навака владее материјализам, а исто и по малце идеализам....
 
Џабе е идеализмот, ако нема нешто матерјално кое би можело да го потврди, а џабе е и материјализмот ако нема идеалистички согледувања преку кои би се развивале и би напредувале.
Потребата да се верува дека идејата, свеста и духот се нешто кое е основата на светот е сосем погрешна затоа што залудно е да веруваме дека светот и се’ кое доаѓа со него е резултат на идејата и духот.
Додека пак материјализмот кој не’ учи дека светот може потполно да се спознае но само преку спор напредок, е нешто кое е контрадикторно само по себе. За да се дознаат и испитаат некои непознати работи потребно е време. А времето е дел од идеалистичките работи, што значи дека имаме контрадикторност во дефиницијата и толкувањето на философските правци.
За мене овие две работи се зависни една од друга. Потребни се и дух и свест за да се биде дел од земскиот живот, но потребно е и она дека материјата е независна од свеста и како таква, таа претставува основа врз која би се развивале идеалистичките работи и карактеристики.
 
Идеализмот е еден од двата основни правци во филозофијата кој, наспроти материјализмот, смета дека идејата, свеста, духот е првобитното нешто, а природата, постоењето, материјата е нешто второстепено.
Објективен идеализам или конкретен идеализам е учење кое тврди дека темелот на се што постои е апсолутната идеја, светскиот дух, во крајна линија Бог.
Субјективен идеализам е учење што го одрекува објективното постоење на материјалниот свет, признавајќи ги како единствена реалност само индивидуалната свест и субјективните чувства.
Материјализам е филозофски правец во онтологијата спротивен на идеализмот. Материјализмот тргнува од тоа дека светот по својата суштина е материјален; дека материјата, природата, постои надвор од свеста и независно од свеста, дека материјата е првобитна и претставува извор на човековите сетила, сметајќи го спознанието, како и свеста, духот воопшто, за секундарни, за нешто што е произведено од влијанието на материјата и човековата сетилна пракса. Всушност, материјализмот поучува дека светот и сите негови законитости можат да се спознаат и дека тоа спознание се случува постепено, но прогресивно, издигајќи се од елементарните претстави за светот, па сѐ до неговата суштина.
Според вообичаената, класична поделба на материјализмот, постојат три вида - или форми - на материјализмот:


[уреди] Антички материјализам

Првите филозофи што се појавиле во рамките на западноевропската филозофија, како што е Милетската школа, биле материјалистички ориентирани.

[уреди] Метафизички материјализам

Метафизичкиот материјализам својствен за француските филозофи од 18 век, меѓу кои се: Пол Холбах, Ламетри, Хелвециус.

[уреди] Дијалектички материјализам

Дијалектичкиот материјализам својствен е за дел од марксистички ориентираните мислители, макар што овој термин не се среќава ниту кај Карл Маркс, ниту кај Фридрих Енгелс.
 
Духот , идејата и претходи на материјата како што го нарекувале старите учители логос а во православниот свет слово божјо. Многу е логично дека првобитно настанала идејата т. е бог кој е творец се материјално и видливо и се духовно за нас невидливо. Се наогаме во состојба каде материјалното ни е видлива реалност а пак духовното невидлива отворена само за оние кои со духовни очи сакаат да ја видат. Се е материјализирана идеја, што би рекле модерните дизајнери важен е концептот, а најголемиот дизајнер на сите времиња направил се да битува само по себе , мегусебе во совршена хармонија ,вселената, природата, накрај го создал човекот и тој се заебал ја разобличи и разгради сета убавина и естетика со војни, индустрија и со погрешни идеали кои ги изродија таквите негативни дејства..и повторно на крај и човекот живее воден од идеата.
 
марксист....т.е. во случајов материјализам! Дијалекички материјализам!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom