IBFF сертификат за персонален тренер

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Тоше Зафиров на неговиот фб профил напиша:

IBFF MAKEDONIJA VO SORABOTKA SO IBFF SVETSKA FEDERACIJA ZAPOCNUVA SO KURS ZA --PERSONALNI TRENJERI --
KURSOT KE SE ODRZUVA DVA MESECI PODELEN NA TEORETSKI I PRAKTICEN DEL .
PREDAVACI NA KURSOT KE BIDAT ISTAKNATI NASI TAKMICARI OD KOI STO KE IMA MNOGU DA SE NAUCI .
ZORAN KOLEVSKI - -PRAKTICCEN DEL
ZAFIROV TOSE -IBFF PRO- PRAKTICEN DEL
DR. STOJMENOV ALEKSANDAR -TEORETSKI DEL
I USTE NEKOLKU RENOMIRANI IMINJA OD NASATA DRZAVA.
PRIJAVUVANJE DO 10-10-2016 GOD
BROJOT NA GRUPITE E OGRANICEN .
SEKOJ STO KE GO ZAVRSI KURSOT SE ZDOBIVA SO IBFF SERTIFIKAT KOJ STO OSVEN VO R.M E PRIZNAT NIZ CEL SVET I MOZE DA SE RABOTI SO NEGO .
INFORMACII NA 078 444 443

Јас пробав да најдам инфо за овој сертификат (лиценца) на нет ама слаба работа... едино има за ифбб а не ибфф.
Некој поупатен да пише нешто ако знае ?
Инаку обуката ке трае 2 месеци (8 предавања секоја недела по едно) и се плаќа 400 евра.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
па пиши им на некој од тие тројца ќе ти одговорат сигурно и точно.

Се знам со сите тројца многу добро и одговараат на пораки,само пиши им што те интересира
 

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
па пиши им на некој од тие тројца ќе ти одговорат сигурно и точно.

Се знам со сите тројца многу добро и одговараат на пораки,само пиши им што те интересира
Јас сакам непристрасно мислење, сигурно ако ги прашам нив ќе кажат се нај нај...
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Во државичкава наша постојат закони, па и закон за спорт, во кој во член 10 во четвртиот пасус стои вака:
"Спортска школа може да работи ако се исполнети следниве услови:
- програмата за реализација на спортската школа да е одобрена и прифатена од Државната спортска федерација;
- да се обезбедени просторни услови за нејзина реализација;
- да се обезбедени основна опрема и реквизити, кои ги пропишува Државната спортска федерација и
- програмата ќе ја реализираат стручни лица утврдени во членот 27 од овој закон."

Членот 27 вика вака:
"Стручни кадри во смисла на овој закон, се лица кои имаат завршено најмалку више образование во областа на спортот, или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација.
Спортски тренинг и натпревари на репрезентациите на државните спортски федерации, можат да водат само стручни лица кои ги исполнуваат условите утврдени во ставот 1 на овој член."

Соодветна меѓународна федерација призната од страна на агенцијата за спорт на Македонија е IFBB.
Мислам дека нема потреба од повеќе објаснување.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom