- Член од
- 7 март 2013
- Мислења
- 149
- Поени од реакции
- 41
How to Get Away with Murder е нова серија на АBC, сезона 2014/15. Серијата започна oдлично, секоја епизода се гледа во еден здив, одлична глума на Viola Davis и на останатите главни ликови. Во четврток беше финалето на првата епизода, вкупно се 15 епизоди кои ќе ги изгледате за два дена. Вреди да се гледа.
За што се работи:
Аналис (Виола Дејвис) е моќна жена и одличен адвокат. Таа работи како бранител и постојано се стреми кон победа без притоа да се грижи дали нејзиниот клиент е виновен или не. Бидејќи паралелно работи и на факултет, таа секоја година одбира по 4 студенти да работат за неа. Аналис не е типична професорка по право, таа наместо да предава според програмата ги носи студентите на терен каде што имаат можност од прва рака да учат како да бидат адвокати. Но, конкуренцијата е голема и токму затоа само оние кои имаат доволно знаење, храброст и среќа ќе можат да станат дел од нејзиниот тим.
Драмата започнува кога одбраните студенти ќе бидат вмешани во едно убиство и решаваат истото да го прикријат. Секоја епизода има флешбекови од ноќта на убиството и истите се тие што ја прават возбудлива и мистериозна.