How to basic

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517

How to basic е јутјуб канал на еден дечко по име Перт од Австралија кој прави пародија на туторијали за почетници но на некаков си негов специфичен брутален начин. Он во видеата беснее врз предмети и храна. Најчесто тоа е храната на која беснее.


 
Последно уредено:

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Имат веќе ваква тема уш одамна отворено.
Инаку скроз е летнат од умот овај.
Само незнам шо е работава со јајцана, на сите видеа морат јајце да фрљат.
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.382
Поени од реакции
3.892
Го пратам редовно типот и е скрос изгасен. Уште во средно памтам еден школски кој седеше до мене на час ми пушти видео од него „гледај го брат овој колку е ненормален“ и после не избркаа од час бидејќи се смеевме ко нездрави :pos:
До пред 2 години некаде беше „нормален“, си почнуваше се полека и убаво и после the usuals да фрла со 242352 јајца и да крши шо ќе му дојде при рака али во последно време ја претерува и е станат премногу гаден и гнасен и покажува знаци дека треба да го пратат на нервно.
Јака му душа нему или на чистачката (најверојатно) после снимањето кога треба да се чисти :pos:
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Најтажно ми е што во нашето општество вакви имбецили се наградуваат. Којзнае колку пари има собрано типот, мислам ако успеал добро да ја монетизира гледаноста.

Милиони и милиони прегледи на сите видеа. Па ајде признавам, прв пат и мене ми беше смешно кога го видов, ама продолжуваат луѓето да го гледаат и понатаму.

Можеби тоа кажува нешто за нас...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Ни мене не ми е смешен овој. Ја отворив темава да видам какви мислења имате за лудиов тип.

Има луѓе кој немаат пари да си обезбедат дел од таа храна а овој ја фрла па згора на се ја малтретира, ја гмечи, гази со нога или пак покажува божем ја моча.
 
Член од
16 октомври 2016
Мислења
36
Поени од реакции
29
Еј, зошто одкопувате теми од пора....нова тема? Окееееј...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Не знаев дека имало веќе отврена тема за ова.

Иначе овие Дневњак имаат во ваков стил направено скечови
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Колку го плаќаат овој од јутјуб за вака да се иживува на храна и на предмети ?
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Пун со пари, австралијанец.
Животот му е trash и нема што да прави, па затоа троши пари за глупости.
Ама колку толку смешен е.
На почетокот ми беше доста смешен, ама сега секој пат кога ќе стави ново видео веќе знам што ќе има, па затоа не ни ми е интересно да го глеам.

Biggest troll of all time?
Да, очигледно е.
Иначе, во видеото има скриено загатки и кога ќе се спојат дава еден линк, и после:
never gonna give you up, never gonna let you down, never gona... [DOUBLEPOST=1546464574][/DOUBLEPOST]
Не знаев дека имало веќе отврена тема за ова.

Иначе овие Дневњак имаат во ваков стил направено скечови
Овој ама ич не е блиску до тоа што HowToBasic го прави.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom