Hiatus Hernia (кила на желудник)

Член од
21 ноември 2009
Мислења
182
Поени од реакции
301
Пред една година ми дијагностицираа кила на желудник која ми прави проблеми во вид на срцеви аритмии. Дали некој од форумов се правел операција од кила на желудник, или пак познава некој кој што се правел?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Пред една година ми дијагностицираа кила на желудник која ми прави проблеми во вид на срцеви аритмии. Дали некој од форумов се правел операција од кила на желудник, или пак познава некој кој што се правел?
Истата дијагноза ја имам, плус со рефлукс. И немам аритмии, туку понекогаш ми се јавува тахикардија кога ми се активира рефлуксот. Немам проблеми нон-стоп, туку на периоди.
И зошто операција?
 
Член од
21 ноември 2009
Мислења
182
Поени од реакции
301
Бидејќи нон стоп ми се јавува аритмијата, наутро кога ќе станам е релативно добро, еднаш двапати на пет минути, а како мине денот и како внесувам храна ми се зачестува до 15-20 пати во минута. Колку и да внимавам на исхраната не бива. Ослабев 10 килограми за 3 месеци и сега ја одржавам килажата со малку јадење ама не бива. Ножот е решение кај мене, ама како што читам по интернетов, операцијата не е така едноставна
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Не може аритмија да е 15 пати во минута, сигурно осеќаш ,,прескокнување" на срцето...
 
Член од
21 ноември 2009
Мислења
182
Поени од реакции
301
Помеѓу две нормални отчукувања имам дополнително, односно екстрасистоли, кои се еден вид на аритмија. А кога др. Толовски ми ја гледаше снимаката од рентген со бариум, ми рече дека имам лизгачки кила, која ми допираат на срцето од левата страна
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Помеѓу две нормални отчукувања имам дополнително, односно екстрасистоли, кои се еден вид на аритмија. А кога др. Толовски ми ја гледаше снимаката од рентген со бариум, ми рече дека имам лизгачки кила, која ми допираат на срцето од левата страна
Добро, мене кога почна срцево да ме зеза исто како тебе (и кога не знаев дека имам сосема друг проблем) ме гледаа 2 локални кардиолози + Кедев. Рекоа дека имам одлично срце. Не се секирај толку за екстрасистолите, мене последниот пат ме заебаваше 2 месеци (чувствував како некое балонче да се движи меѓу градите на пола секунда-секунда, како нешто да се раздвижува внатре ептен на кратко). Или кога јадам превише срцето почнува да ми лупа забрзано, се смирува се кога почне да се празни. После пиев Есомепразол, касно ми текна да ги купам (побарај ги овие, на приватно се, го средуваат рефлуксот) и ми помина.

Пази на исхраната многу, мада и за тоа нема правило. Летово бев во Бугарија и таму не можеш да не јадеш се и сешто. Не ми се појави ништо. Кога вежбам и нормално сум на ептен здрава исхрана некогаш ми се дешава да почнат симптомите.
Исто и кога пијам многу вода знае да ме зеза срцето (пошто се пуни стомакот и го зеза срцето). Чудно, али тоа е... 2 пати до сега правев ендоскопија и секогаш дијагнозата е таа - рефлукс од желудникот, мали ранички на хранопроводот (од киселината) и хијатална херниа. Симптомите соо пазење на исхраната и со лекови (Есомепразол) се средуваат барем кај мене. Е сеа за хернијата батали операција, освен ако ептен ти прави проблеми во животот. А и не е толку гарантиран успех.
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Рекоа дека имам одлично срце. Не се секирај толку за екстрасистолите, мене последниот пат ме заебаваше 2 месеци (чувствував како некое балонче да се движи меѓу градите на пола секунда-секунда, како нешто да се раздвижува внатре ептен на кратко).
 
Член од
21 ноември 2009
Мислења
182
Поени од реакции
301
Уф, така ми викаа и докторите на почетокот, не се секирај , не се опасни, но еве поминаа веќе две години и јас постојано ги имам. Ги испробав сите можни антиаритмици, ама не помагаат. Само кога ми е празен желудникот, поретко ги имам, ама па мора и нешто да се јаде. Месецов триста празиници има, еве вечер стара нова година, а јас морам да се воздржувам, утре василица, на име сум, а јас на диета, ми се смачи веќе, мора да барам чаре.
 
Член од
3 март 2012
Мислења
51
Поени од реакции
14
И јас го имам истиот проблем со рефлукс, но кај мене нема аритмија туку кашлица која страшно ми смета. Еманера е најдобар лек, но има тешки нус појави ако се навикне човек да зема Еманера до крај на живот. И јас сакам да се оперирам. Не знам кој е добар гастроентерохепатолог во Македонија. А за успехот на операција за хијатална кила според истражувања е 95%. Дури и после десет години немаат проблеми тие што се оперираат. Инхибитори на протонска пумпа само ги ублажуваат симптомите не го решаваат проблемот. Хијатална кила треба да се оперира не да се залечуваат симптомите. Глупа теорија ми е таа со апчињава за намалување на киселините.
 
Член од
30 јули 2017
Мислења
18
Поени од реакции
1
Пред една година ми дијагностицираа кила на желудник која ми прави проблеми во вид на срцеви аритмии. Дали некој од форумов се правел операција од кила на желудник, или пак познава некој кој што се правел?
Дали го реши проблемот?
 
Член од
21 ноември 2009
Мислења
182
Поени од реакции
301
Аритмиите испадна дека се од тироидната( хипер), пиев апчиња неколку месеци и исчезна. Килата не ги оперирав, ми предизвикуваат киселина па секој ден пијам ФАМОСАН
 
Член од
30 јули 2017
Мислења
18
Поени од реакции
1
Аритмиите испадна дека се од тироидната( хипер), пиев апчиња неколку месеци и исчезна. Килата не ги оперирав, ми предизвикуваат киселина па секој ден пијам ФАМОСАН
Јас го имам истиот проблем. А каснам нешто после одредено време ај што имам екстрасистоли, ако фатам дс кренам нешто или да седам свиткан како да ме мава воо срцето некој јак удар. Страв ми прави невиден
 

TE-EN

кибицер
Член од
18 септември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
5
и мене ми е дијагностицирана Hiatus hernia axialis пропратена со гастритис.Кога се прејадам,добивам забрзан пулс до 100.Пијам Zipantola за гастритис,презадоволен сум сега,внимавам тешко да не кревам,да не се прејадувам,и подобро ми е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom