HBO, Cinemax и HBO Маx - Филмски тв пакет канали и стриминг платформа за гледање филмови и серии

Дали сте претплатени на HBO каналите ?


  • Вкупно гласачи
    102
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516

„HBO“ е најпознатиот светски филмски канал кој секој месец ви донесува повеќе од 150 филмски наслови, меѓу кои 20 премиери, наградувани мега популарни серии, концерти, ексклузивни настани и контроверзни документарци. „HBO“ емитува програма 24 часа дневно со македонски превод и не прикажува реклами.


„HBO Comedy“ е тв канал од семејството на „HBO“ кој е фокусиран исклучиво на комедии. Носи разновидна понуда на забавни канали, од комедии до префинет, интелигентен хумор, не само од Холивуд, туку и од Европа и остатокот на светот. Само на овoj канал ќе ја имате можноста да ги гледате премиерите на најновите хумористични серии. „HBO Comedy“ им е достапен на сите претплатници на „HBO“ без дополнителна надокнада.


„HBO On Demand“ е услуга на видео на барање која на претплатниците им овозможува самите да одберат кога сакаат да ги погледнат содржините на „HBO“. И тоа колку пати сакаат, 24 часа дневно, седум дена во неделата. Секој месец, „HBO On Demand“, нуди најмалку 120 часа хит филмови и најдобри серии до кои претплатниците имаат негораничен пристап во текот на тој временски период, а нови наслови се додаваат секоја недела.

HBO го претставува HBO 3, HBO Comedy станува HBO 2
Cо гордост ги најавуваме новитетите во програмска понуда во Македонија кои донесуваат најдобра телевизиска содржина за гледачите на нашите три канали – HBO, HBO 2 и HBO 3.
Овие три тематски канали нудат широк избор на врвни HBO содржини, вклучувајќи американска и европска HBO продукција, драмски содржини и комедии, документарци и хит филмови од сите жанрови.



ЛАНСИРАЊЕ НА ПОТПОЛНО НОВ КАНАЛ – HBO 3

HBO 3 е потполно нов линеарен канал посветен на сериски содржини во ударен термин. HBO 3 започнува со прикажување на програмата на 26. март и од тој ден ќе биде достапен за гледачите во Македонија 24 часа на ден.

HBO 3 им го донесува на гледачите најдоброто од светот на сериите – премиери на најновите HBO серии, но и хит серии на други студија, култната и наградувана американска HBO продукција, како и серии од оригиналната HBO Europe продукција. Покрај сериите, новиот канал донесува и одбрани филмски наслови кои ќе се прикажуваат во текот на денот или во доцните вечерни термини. Со HBO 3 гледачите ќе уживаат и во викенд маратоните на сите сезони на оригиналните HBO серии.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Џабе го форсираат.
Голем дел од филмовите се стари и ги имало на локаните телевизии
Се случува на 2-3 месеци да пушат нов филм а за нов се мисли досега што нее воопшто емитуван кај нас по локалните телевизии.
А реклами за нови филмови што ќе се прожектираат низ американските или европските кина има колку сакаш.
Така да каналот ти е преценет како гољф и е џабе фрлени пари
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Така да каналот ти е преценет како гољф и е џабе фрлени пари
Абе за луѓе што не сакаат многу да симнуваат филмови од интернет е супер работа.

За татко ми ова е измислено како за него. Он на каналиве изгледал еден куп филови бидејќи не знае да користи интернет за гледање филмови.

За нас помлади кој сме растени со интернетов можеби е глупо ова ама ете корисни се каналиве некогаш пред спиење , или кога не мрзи да бараме од интернет некој филм па си влагаш на видеотеката OD и си гледаш нешто.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Пријател, јас не гледам филмови, предпочитам да ги читам книгите пред да ги извештерат во филмски адаптации.
Затоа не ме интересира тоа.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Пријател, јас не гледам филмови, предпочитам да ги читам книгите пред да ги извештерат во филмски адаптации.
Затоа не ме интересира тоа.
Super za tebe. :)

Podforumot umetnost i literatura e malku podolu.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Лично хбо не е,ама некој оператор сигурно е.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
А зошто мене ми личи дека ХБО си прави промоција тука.
Лично хбо не е,ама некој оператор сигурно е.
Нема врска. Јас ја отворив темава онака да има дискусија да видиме кој колку гледа тв поговоо вакви тематски на претплата, но и нормално да дискутираме за каналиве.
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
890
Поени од реакции
576
Premieri. Mislam deka samo edna premiera imaat vo nedela vo 20 casot. Drugoto e se isto, istite filmovi se vrtat cela godina. Ce pustat eden film premiera u nedela, drug ce go izbrisat. Intetesno prvite mesec dena dodeka si nov korisnik a potoa...se e isto.....
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Premieri. Mislam deka samo edna premiera imaat vo nedela vo 20 casot. Drugoto e se isto, istite filmovi se vrtat cela godina. Ce pustat eden film premiera u nedela, drug ce go izbrisat. Intetesno prvite mesec dena dodeka si nov korisnik a potoa...se e isto.....
Ќе видиме сега со новиве канали колку ќе има премиери. HBO 3 ќе биде повеќе насочен на серии (нешто како Fox, Fox Life, Fox Crime)

Очекувам повеќе од HBO 2 jaс. Повеќе да има премиери а не како овој Comedy на кој повеќе има репризи.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Нема врска. Јас ја отворив темава онака да има дискусија да видиме кој колку гледа тв поговоо вакви тематски на претплата, но и нормално да дискутираме за каналиве.
Слабо гледаат овде филмови, политичари само имаме овде. Ако има нешто за избори за такви ствари може.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Вчера видов реклама за HBO GO на HBO првиот канал и во рекламата кажуваат дека е бесплатно за тие што имаат премиум пакет HBO а таков пакет колку што ја знам нема ниеден оператор кај нас.
Дали тоа значи дека со се HBO 3 и HBO 1, 2, 3 во HD верзија значи премиум пакет и дека кога тие ќе ги добиеме во македонијава тек тогаш ќе се пушти официјално HBO GO ?

Иначе мене ми рекоа од HBO дека во план им е да пуштат и HD а и Cinemax но тоа кога би било не се знае точен датум.
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
5.434
Вчера видов реклама за HBO GO на HBO првиот канал и во рекламата кажуваат дека е бесплатно за тие што имаат премиум пакет HBO а таков пакет колку што ја знам нема ниеден оператор кај нас.
Дали тоа значи дека со се HBO 3 и HBO 1, 2, 3 во HD верзија значи премиум пакет и дека кога тие ќе ги добиеме во македонијава тек тогаш ќе се пушти официјално HBO GO ?

Иначе мене ми рекоа од HBO дека во план им е да пуштат и HD а и Cinemax но тоа кога би било не се знае точен датум.
Нема што да се чека официјално HBO GO, тоа го можат нашите оператори во секој момент под услов ако се флексибилни и ако сакаат нешто да понудат.
HBO има во HD, а некои оператори од северниот комшија и во својата понуда. Се разбира кај нас сето тоа оди со успорено темпо или никогаш.
33.png
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Од денес HBO 2 наместо HBO Comedy и од она што видов ништо ново нити нешто повеќе од она што нудеше Comedy. Реприза на веќе пуштани филмови.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Пред некој ден приметив дека HBO Cоmedy станал HBO 2. Ретко гледам телевизија, а и филмовите што ги даваат на НВО обично ги имам гледно претходно на Интернет. Сепак некогаш можам да фатам по некој филм што го имам пропуштено, или што не ми привлекол толкаво внимание за да го симнам. Само пречесто ги репризираат филмовиве, со еден филм ја тупат по цел месец. Еве овие денови кога да пуштам НВО2, постојано врти филмот за Мојсеј со Кристијан Бејл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom