Hackintosh Инсталација (Mac OS X на PC)

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Зборуваме за Hackintosh или поточно кажано инсталација на Operating System X (OSX) на персонален windows компјутер.
Hackintosh, како што е наречен е всушност оперативниот систем Macintosh само што со помош на некои други програми се boot-ира на персонален компјутер и можете да го инсталирате.
На некој му треба за работа, на некој за курчење, а на некој само онака да си го испроба.. Е сега, еве што ви треба за да инсталирате "Hackintosh"
  • Инсталационо DVD со Mac OS X Snow Leopard 10.6 оперативен систем (најди на zamunda.net / piratebay.org / kat.ph)
  • Празно DVD на кое ќе го изрежите iBoot
  • USB од 1GB+ на кое ќе го поставите MultiBeast
  • Хардвер кој поддржува OS X ( ќе мора да пребарате и да бидете сигурни дека компјутерот ви поддржува osx)
  • Матична Плоча која поддржува "AHCI" (Advanced Host Controller Interface) (без ова нема никаква можност да се инсталира osx) (засега)
  • Многу трпение и време!

  • Најпрвен да се припремиме:
Превземете ги iBoot &MultiBeast. iBoot изрежете го на DVD, а MultiBeast ставете го на CD.
Потоа доколку го немате DVD-то со инсталација од Mac OS X Snow Leopard 10.6, превземете го од некоја од следниве пиратски страни: (zamunda.net / piratebay.org / kat.ph)

  • Конфигурирање на BIOS-от
Одкако ги спремивме цедињата сега е ред на поставување на BIOS-от.
Рестартирајте го вашиот компјутер и влезете во BIOS-от. Најчесто треба да притиснете Delete или F8/F11/F12. Одкако ќе влезете во BIOS-от во следните полиња поставете ги следниве конфигурации:
  • Intergrated Pheripherals >
PCH SATA CONTROL MODE: AHCI
ONBOARD SATA CONTROL: AHCI

  • Power Managment Setup ACPI Syspend Type: S3
HPET Support: Enabled
HPET MODE: 64 BIT Mode

  • Исто така наместете компјутерот да бутира од CD.

  • Инсталација
    Откако се наместивме време е за инсталација. Најпрвен ставете го DVD-то со iBoot и рестартирајте го компјутерот... Кога ќе се бутира DVD-то ќе добиете ваков екран: (Можно е да има и други икони, но не им обрнувајте внимание, освен на оваа прикажаната)
(Може да бидат потребни околу 50 секунди за Booting, па бидете стрпливи)
Откако ќе го добиете овој екран, извадете го ова DVD и вметнете го инсталационото DVD од Snow Leopard 10.6.. Почекајте 10 секунди да се прочита DVD-то и стиснете F5, така екранот ќе се промени и ќе добиете нешто вакво на екранот:

Сега со стрелката одете на десно/лево и кликнете Enter на вашиот инсталационен диск.
Сега треба да го добиете Apple логото на вашиот екран... Почекајте се додека не ви се покаже ова:

НЕ КЛИКНУВАЈТЕ CONTINUE!!! Горе во лентата одете во Utilities- Disk Utility. Во левата лента кликнете на вашиот хард диск, одете во Erase и Erase (форматирајте) го дискот. Потоа одете во менито Partition и поставете ги сите опции вака:

Потоа кликнете на Options и поставете ја првата опција GUID Partition Table. Сега кликнете Apply, а потоа Continue.. Продолжете со инсталацијата.. Ставете го вашето име, презиме, временска зона. Инсталацијата трае околу 20 минути. Откако ќе го инсталирате Mac os X имате уште една последна задача.. Ставете го USB-то на кое го поставивте MultiBeast и стартувајте ја апликацијата MultiBeast. Одберете ги потребните kext-ови (driver) за вашата графичка карта, аудио карта, Мрежна карта... Еве отприлика што треба да инсталирате од MultiBeast: http://www.youtube.com/watch?v=YIko-oFt3hMСега веќе сте готови, со здравје да си го користите новиот hackintosh :)) Се надевам на многумина им помогнав, доколку имате прашања пишете во ПП.
(Туторијалов не е преведуван туку е напишан лично од мене и се надевам дека нема да го копирате или избришете од форумов) Ви благодарам
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Хакинтош нема да вози солидно на обичен хардвер, освен ако не е оној на Апл. Amiright?

Според мене, би одел со Arch и Убунту пред било кој оперативен на Апл.

Сепак, браво за туторијалов. :)
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Хакинтош нема да вози солидно на обичен хардвер, освен ако не е оној на Апл. Amiright?

Според мене, би одел со Arch и Убунту пред било кој оперативен на Апл.

Сепак, браво за туторијалов. :)
Хмм.. Го инсталирав кај тетка ми... Се нема пожалено до сега..
--- надополнето: 27 јануари 2013 во 22:16 ---
или симнеш иаткос и си скратиш муки
Не сум пробал со iAtkos... Ти го имаш ли во моментов? Ако може дај ми fb во пп да поразговараме.. заинтересиран сум..
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Хмм.. Го инсталирав кај тетка ми... Се нема пожалено до сега..
Од што имам читано ревјуа, кај многумина сецкало и не било исто искуството како на оригинален мек. Што знам, можеби ќе го пробам некогаш, од куриозитет.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не е osx тоа што беше.
Нема потреба од него веќе.
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Од што имам читано ревјуа, кај многумина сецкало и не било исто искуството како на оригинален мек. Што знам, можеби ќе го пробам некогаш, од куриозитет.
Нема врска тоа... Сеа нормално ако ти е слаба конфигурацијата ќе ти сецка ... или ако немаш kextovi инсталирано.. Ама сепак работи доста добро...
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Нема врска тоа... Сеа нормално ако ти е слаба конфигурацијата ќе ти сецка ... или ако немаш kextovi инсталирано.. Ама сепак работи доста добро...
Кекстови, мекстови... комплицирана работа. :P

Џабе го рекламират како едноставен ОС. :D
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Кекстови, мекстови... комплицирана работа. :P

Џабе го рекламират како едноставен ОС. :D
Не е толку сложено колку што изгледа хехе :D
 
Steam.

wat
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.462
Поени од реакции
624
Не е толку сложено колку што изгледа хехе :D
имаш иаткос на пајратбеј, најди.Со иаткосот ги имаш спремено скоро сите драјвери што ќе ти требаат од почеток, кога ќе бираш хард диск на кој да се инсталира имаш опција customize и тука си штиклираш што ти треба а што не.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Темава ме поттикна повторно да почнам да размислувам на старата моја желба, да инсталирам Mac OS на мој PC и за првпат да пробам како се работи на овој оперативен систем и која е таа толку голема прашина што се крева околу него. Ги проверив сите побарувања на Mac OS за да видам дали ќе фати на мојот лаптоп па излегува дека без проблем можам да го инсталирам. Ако некој го има пробано досега на Dell Inspiron N5110 лаптоп со i5 Sandy Bridge процесор, 4 GB DDR3 RAM и Intel HD 3000/Nvidia GT525M графички нека сподели искуства па да знам дали вреди да се мачам да го инсталирам или јок.
 
не ни пробувај со такви optimus технологија графички, шо мења од процесор графичката на нвидиата.нема шанси.
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Темава ме поттикна повторно да почнам да размислувам на старата моја желба, да инсталирам Mac OS на мој PC и за првпат да пробам како се работи на овој оперативен систем и која е таа толку голема прашина што се крева околу него. Ги проверив сите побарувања на Mac OS за да видам дали ќе фати на мојот лаптоп па излегува дека без проблем можам да го инсталирам. Ако некој го има пробано досега на Dell Inspiron N5110 лаптоп со i5 Sandy Bridge процесор, 4 GB DDR3 RAM и Intel HD 3000/Nvidia GT525M графички нека сподели искуства па да знам дали вреди да се мачам да го инсталирам или јок.
Малку ти се израдував кога прочитав inspiron N5110 бидеејќи и јас го имам истиот но со i3 процесор и 6gb рам, ама кога прочитав Sandy Bridge ми стана јасно дека со овој начин нема да успееш. Но не се секирај... Овде е iAtkos L2! Со ова ќе можеш да го инсталираш mac os x... Разгуглај си и прочитај околу постапките... iAtkos дури и е полесна верзија на инсталација како што прочитав.... Може да имаш некои проблеми со wifi-то... Пробај па кажи како си помина... И знај дека од прва немаш никакви шанси да успееш... Треба газот да си го отцепиш од мислење, читање и пребарување... ама кога ќе успееш знаеш дека се исплатело :) (y)
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 21:20 ---
не ни пробувај со такви optimus технологија графички, шо мења од процесор графичката на нвидиата.нема шанси.
Ај види тука... Јас мислам дека ќе успее ;)
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
не ни пробувај со такви optimus технологија графички, шо мења од процесор графичката на нвидиата.нема шанси.
Колку што најдов информации на интернет сите овие делови што ги има мојот лаптоп се подржани од iAtkos. Што би можело да биде уствари проблемот со графичките?

Малку ти се израдував кога прочитав inspiron N5110 бидеејќи и јас го имам истиот но со i3 процесор и 6gb рам, ама кога прочитав Sandy Bridge ми стана јасно дека со овој начин нема да успееш. Но не се секирај... Овде е iAtkos L2! Со ова ќе можеш да го инсталираш mac os x... Разгуглај си и прочитај околу постапките... iAtkos дури и е полесна верзија на инсталација како што прочитав.... Може да имаш некои проблеми со wifi-то... Пробај па кажи како си помина... И знај дека од прва немаш никакви шанси да успееш... Треба газот да си го отцепиш од мислење, читање и пребарување... ама кога ќе успееш знаеш дека се исплатело :) (y)
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 21:20 ---

Ај види тука... Јас мислам дека ќе успее ;)
Не реков во претходниот пост дека планирам да инсталирам iAtkos. Ама L2 е постарата верзија од 2011 година, нема ли да може да се инсталира најновата ML2 од Декември 2012 година? Би имало нешто проблеми или?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom