Добро.
Значи првиот твој став е "не коалиција со ДУИ"
А нудиш ли ти алтернатива на овој твој став?
Или така од ракав...Јас сум патриот и коалиција со дуи не.
Најлесно е тоа да се каже во сегашнава ситуација....но
Кога човек здраво размислува...секогаш треба да има алтернатива за сметка на опцијата која ја негира...а притоа мислејќи на просперитетот на ова наша мала држава и нејзината иднина.
Ти алтернатива имаш?
Патриот си?
Не ги сакаш дуи?
Епа во соработка со Миленко, кој добро го познаваш, може да направите еден протест пред штабот на ДПМНЕ, и да го изразите патриотски својот револт...а не ко сега, Димовски да ти вика дека членството и симпатизерите на ДПМНЕ, немаат никакви забелешки
во врска со коалицијата.
Кој лаже?
Ти или он?
Која е алтернативата за доаѓање на власт?
Всушност ти ја признаваш и одобруваш ДУИ како партија, во тоа е апсурдноста на целава пародија.
Бидејќи си добар манипулатор на зборови во стилот на Шпиц продукција, ќе ти повторам дека јас патриотизмот не го градам врз негирање или плукање по други, вродено ми е да си ја сакам земјата и народот и онолку колку е во моја моќ сум дал 100% да помогнам.
Да беа искрени намерите на албанците, без лицемерие и скриени агенди, ќе можеше да збориме за доверба.
Таа доверба едноставно не постои, пред се знаејќи во која еуфорија се наоѓаат моментално откако Западот стои цврсто зад нив, осоколени да бараат се’.
ДУИ се политичкиот претставник на УЧК и се порадикални и подмолни за партнер.
Вината за сите изборни инциденти падна на ДПА, поради што немаше доволно простор за оправдување во случај повторно да беа земени во власт од страна на Груевски.
И да уште нешто, каква замерка имаш за Миленко и Дамовски од Еднооки?
Коментарот твој "МОРАШ така да пишуваш, без разлика дали се работи за добри или лоши работи", препрочитај си го ко да е напишан за тебе, па види си.
"Исто како што стојат твоите предизборни теми на форумот."
Најголемата глупост која си ја напишал до сега.
Брат...ама искрено ти кажувам.
95% од твоите постови во предизборието беа партиски ставови и реакции на ВМРО ДПМНЕ.
Може да те тапкаат по рамо твоите партиски другарчиња дека си ги средил комуњарите, предавниците, или како уште не ги нарекувате.
и дека си напишал голема вистина, но најголемата вистина е дека Ти, ретко кога имаше твој сопствен став, и само беше форумски протпарол на ДПМНЕ, исто како и твоето другарче од Битуше....и понатаму под таа точка, не ме чепкај повеќе.
Дечко, првин погледни ми го датумот на членство и бројот на постови, за да можеш да правиш знак еднакво помеѓу моето и твоето присуство на форумов.
За разлика од тебе јас не сум се зачленил во функција на предизборието, ниту постирам само во подфорум Политика, а башка тоа што не водам кампања како тебе.
Мојата единствена дамка е баш заради тоа што не ви оставам простор во вашето политичко ангажирање да можете да влијаете врз креирањето на јавното мислење сведено на аргументи.
За да не мислиш дека бегам од твоите факти, а најмалку оние на оној од Битуше, ете ќе ти одговорам.
На твојот факт : Факти дека некој ја искористи војната за да дојде до Власт?
Ќе одговорам со контрафакт:
Факт е дека некој им дозволи да дојде до војна, и понатаму не одам, зошто крајта не може да ја видам.
"Факти дека им подлегнаа на Албанците за територијалната поделба?"
Ете да кажеме дека стварно подлегнаа.
Па нели Груевски беше тој што викаше дека ќе дојде на власт, ќе го смени законот за територијална реорганизација.
И ете...дојде на власт.
И....го смени ли?
Не!
Во врска со Кичево.
Реков дека ценам политичари со цврст став.
Мислиш ли дека ако Груевски го одложи проблемот за четири години, со тоа решил нешто.
Не.
Само го одложил.
Ја знаеш она "бриго моја преџи на другога".
Тоа не е цврст став....тоа е бегање од одговорност.
Цврстиот став значи, повлекување на законот, а не негово одолговлекување.
Хах, мизерен обид, некој дозволил да се случи војна,а како не би дозволил? Со задоволување на сите уцени? Или чудна работа откако се формираше ебаната широка коалиција почнаа сите масакри и заседи врз нашите војници.
Ме интересира зашто и СДС не ја одложиле територијалната поделба? ако тоа го можел Груевски со неговиот лабилен карактер.
Груевски може и да остане на власт,а со тоа и Кичево нели.
И колку само..не е злобно, туку крајно понижувачки и ниско делуваат коментарите во стилот “Нека ја врати сега назад ако може територијалната поделба Груевски“.
Што е ова бе,на што личи, ја предадовте земјата, па сега уште Груевски бил виновен за тоа што сте усрале.
Нека ги врати и сите фабрики назад во функција, и сите 35% невработени, нека врати Груевски се што СДС на Бранко испокраде.
Е тоа е брате ,се’ ама не реален,
ЃОН ОБРАЗ!
Околу тоа дека СДСМ ги исполнувал барањата на ДУИ , а демек ДПМНЕ е цврста партија, и нема да исполни ништо....глупост.
Како вие уште не почнала владата да функционира....го знаете тоа.
Или пак ќе испадне као она, не коалицираме со терористи.
Прво скокни, па после викни оп.
Само да потсетам.
Пензии на она...прво и основно.
Закон за јазици.
Закон за знамиња...........и така натаму.
Ајде ќе видиме колку е грујо цврст во неисполнување на барања....па можеби во иднина и Јас ќе гласам за него.
Фактот е дека НИШТО не договориле како услов за коалицирање, ниту јазикот,ниту знамињата,ниту пензии. А нека си разговараат, никој не рекол дека мора и да се договорат.
И на краојт твојата констатација дека Јас сум бранел став од типот, кога биле СДС на власт рози цутеле...не држи вода.
Никогаш не сум ги бранел...и никогаш нема да бранам партиски ставови.
А тоа што неколку мои ставови се поклопуваат со нивните...е доказ за мојата наклонетост кон социјалдемократската ориентација, но како што и спомнав пред некој ден...до сега во овие 18 години, нема партија која ќе го заслужи моето внимание, за да слепо ги бранам нејзините ставови.....Јас ги бранам само моите лични ставови.
Хахха, со ова последново ме пресмеа, алал ти вера.
Мои лични ставови=партиски ставови=СДС
Какво беспрекорно равенство :pos2: и ти си знаел што е “социјалдемократска ориентација“ хаха па освен името на партијата друго ама баш ништо нема заедничко со социјал-демократијата во бившиот КПМ.
Затоа поштеди ме од циркузи.