Груевски ги намали цените

Да бидеме реални,сум бил малку надвор од Македонија и ги знам условите,многу продукти со прилично добар квалитет и со разумен рок на траење се далеку поефтини одколку во Македонија.Кај нас трговците предпочитаат тоа да го фрлат пред да им ја намалат цената а потрошувачката кошничка од 12 000 денари или 200 евра се однесува за цела фамилија и од далеку се гледа дека нема шанси со неа 4 члено семејство да помине цел месец.Друга е работата што 40% од работоспособното население во Македонија нема апсолутно никакви примања,значи е невработено.Доколку тоа се случува во една Германија на пример,знаеш ли што би било со 25 милиони невработени Германци,како споредба,без примања,без платен стан или енергетски трошоци,па ќе се испоизедат меѓусебе,никој нема да смеее да излезе ни на улица ако не е добро вооружен.Токму затоа Македонија е своевиден феномен кого ни најврвните социолошки умови и аналитичари не можат да го разјаснат,како се успева да се преживее,со полни кафеани,прилично снабдени продавници во кој нема масовни грабежи и насилства,дури и имаме прилично весел мелос,со игри,песни и весело расположение и покрај визното ГЕТО,па и негирањето на идентитетот од соседите,секојдневните закани од внатрешни тензии и слично.:toe:

Е ај ти сега, 40% невработени, знаеш дека си се снајдуваат наоколу сите.

Дел одат на берење на овоше во Грција, дел зедоа бугарски пасоши па се снајдуваат на запад на одерден период, па се враќаат назад, дел се во Ирак и Авганистан, дел се во Црна Гора, дел од Велес е во Австрија, дел е во сивата економија во државава.

И така се чуваше некако социјалниот мир во Македонија.

Арно ама, сега е криза, и кога ќе почнат да ни ги враќаат сите делови назад и кога СТВАРНО ЌЕ ИМА 400.000 невработени е тогаш не сакам да сум им во кожата на тие што се на власт.
 
Па во 1903та во Македонија имало 89% невработеност а власта не се уплашила туку напротив,се осоколила уште повеќе и ја принаполнила администрацијата со Македонски кодоши.:smir:
 
Е ај ти сега, 40% невработени, знаеш дека си се снајдуваат наоколу сите.

Дел одат на берење на овоше во Грција, дел зедоа бугарски пасоши па се снајдуваат на запад на одерден период, па се враќаат назад, дел се во Ирак и Авганистан, дел се во Црна Гора, дел од Велес е во Австрија, дел е во сивата економија во државава.

И така се чуваше некако социјалниот мир во Македонија.

Арно ама, сега е криза, и кога ќе почнат да ни ги враќаат сите делови назад и кога СТВАРНО ЌЕ ИМА 400.000 невработени е тогаш не сакам да сум им во кожата на тие што се на власт.

А го заборави големиот дел од западниот дел на Македонија кој е во Швицарска, Немачка и Аустрија, а имаше бааѓи и во Словенија, ама Словенците мислам на повеќето навреме им ја покажаа излезната врата.

А и во Косово уште пред да стане Република имаше голем дел во времето кога Нато дојде да им ја крева економијата, па имаше потреба од готвачи, перачи, преведувачи, транспортери, градежници, чистачи на мобилни тоалети итн.

Исто така од источниот дел на Македонија, има голем дел кој е во Италија.
 
Да има, има и на други места што не ги спомнав, но, заедничко за сите е дека ги правеа сите тие ДЕВИЗНИ ТРАНСФЕРИ кои ја спасуваа Македонија.

А сега ем ќе се вратат, ем нема девизни трансфери.

Што знам, заебано ќе биде, ако се вратат барем пола од нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom