Grimm

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Не видов тема за серијава, па ако има слободно упатете ме таму, а оваа може да ја избришете.
Значи, Grimm е нова серија која почна да се прикажува пред околу три недели. Се работи за еден детектив кој е наследник на познатите браќа Грим, па затоа има способност да ги гледа вистинските лица на чудовиштата од бајките што ги собрале Џејкоб и Вилхем. Работата е, како што веќе сите претпоставувате, што бајките не се вистински бајки, туку испревртени верзии на вистината за злото против кое се бореле браќата. Секоја епизода има тема од различна бајка и си има посебен заплет, но исто така секоја епизода е поврзана со претходната и следи еден подолгорочен заплет на приказнатаа. Мене оваа серија ми е посебно драга, затоа што сум голем љубител на бајките (не само на браќа Грим, туку и на Андерсен, Перо и т.н.) и мислам дека серијата многу ветува.

Трејлерот за серијата е спојлер за цела прва епизода, од почеток до крај, па ако планирате да и дадете шанса на серијата, не ви препорачувам да го гледате :)

 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.459
Поени од реакции
20.243
Кој сака да гледа фантастична серија со SCI + SciFi + чудовишта ова е правата серија за гледање . Не е нискобуџетна глумата е на високо ниво а и приказната е супер , се во едно добро спакувано и сервирано .

Серијава од мене има оценка 10+
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.459
Поени од реакции
20.243
серијава од епизода во епизода станува се поинтересна ... кој не гледал не знае што пропушта !!!

must see !!!
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
48
Поени од реакции
44
Почнав да ја гледам до 15 епизода првите епизоди не беа нешто посебно ама сега станува се поинтересна
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
grimm.jpg

Grimm (Грим) е америчка полициска драма-фантазија серија. Дебитираше во САД на NBC на 28 октомври 2011 година. Шоуто е опишано како полицаец има способност да ги види натприродните суштества.

Главни улоги:

David Giuntoli
Russell Hornsby
Bitsie Tulloch

Споредни улоги:

Bree Turner
Claire Coffee
Sasha Roiz
Silas Weir Mitchell

Има ли некој што ја гледа серијава?
Јас ја почнав од неодамна и супер е. Моментално искачаат епизодите од втора сезона.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Просек - под просек, така нешто.....
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кој сака да гледа фантастична серија со SCI + SciFi + чудовишта ова е правата серија за гледање . Не е нискобуџетна глумата е на високо ниво а и приказната е супер , се во едно добро спакувано и сервирано .

Серијава од мене има оценка 10+
10? Па малку е 10. Во Топ 5 ми е.
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Тука сум. :D Али да не биде цело време исто. Да не е до крај секоја епизода ново животинче. :D:D
Се согласувам треба да направат нешто за да не биде толку монотоно. Има потенцијал серијава да биде многу поинтересна.
И ме нервира што сеште не кажуваат која е точно улогата на тој главниот на полицијата.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Потценета серија која заслужува фазла внимание :) Интересна е, од тоа што имам гледано имам позитивен впечаток, но го чекам распустот да ја грабнам салам
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Се согласувам треба да направат нешто за да не биде толку монотоно. Има потенцијал серијава да биде многу поинтересна.
И ме нервира што сеште не кажуваат која е точно улогата на тој главниот на полицијата.
Со принцот го отупеа. Бар можеа да го издадат, сите да го знаат кој е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom