Уживав во првите 3 и до некаде четвртата сезона. Петтава некако тргна во погрешен правец.
Прво,
Dr. George O'Malley го има се помалку и помалку. Не прави скоро ништо освен што се плетка наоколу. Ова е лошо затоа што во првите сезони беше еден од најинтересните ликови, и секогаш во центарот на приказната.
Isaiah Washington беше избркан од серијата токму поради конфликтот со него, кога веќе мораа да изберат помеѓу двајцата. Ова само во врска со значењето што го имаше (и се надевам се уште го има) овој глумец за серијата.
Љубовните приказни се благо речено за никаде. Откако поштено ни здосади врската помеѓу
Meredith Grey и
Derek Shepherd се очекуваше нешто ново и интересно. Гледачите добија една лезбиска врска од која и на машките им се смачува (што не е природно) и на повидок е врска помеѓу
Cristina Yang и
Owen Hunt кој очигледно е големо промашување во серијата и ужасно се снаоѓа во улогата на доктор. И како круна на се, имагинарната врска помеѓу шармантната
Izzie Stevens и мртвиот Дени
...
Единствено добро што и се случи на серијата во 5-тата сезона е појавувањето на
Chyler Leigh, некогашната ѕвезда од тинејџерската хит-комедија
Not Another Teen Movie (2001).
Нема повеќе драматични животни приказни на актерите, се се сведува на решавање на чудни и тешки случаи и погрешни љубовни афери кои не успеваат да ја заинтересираат публиката. Ако продолжат во овој правец серијата нема да трае уште долго. Тоа би било штета, затоа што актерите во оваа серија имаат огромен потенцијал.