GREEN WALLS, BLACK FOOD - филм за условите во СД Гоце Делчев

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
11.984
Поени од реакции
16.106
„Green walls, black food“ или во превод „Зелени ѕидови, црна храна“ е насловот на документарниот филм за студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој ги прикажува условите во кои живеат студентите во овој дом. Режисерка на филмот е студентката по Филмска и ТВ монтажа при Факултетот за драмски уметности, Сандра Ѓоргиева, која две години живее во „Гоце Делчев“.

„Green walls, black food“ својата премиера ја доживеа во рамки на шестото издание на Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови „МакеДокс“.

Целиот филм од пред некој ден е достапен и на YouTube.

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
Го гледав и исто како хорор да гледав....жално е што тие таму шо седат не се бунат, а со тоа шо си ќутат и се задоволуваат со моменталната состојба, мое мислење нити заслужуваат подобри услови, нити пак нов студентски дом.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.276
Поени од реакции
11.975
па го реновираат моментално студентскиов, еден блок е како нов сега на другиот работат мислам
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
Знам дека Б блок е реновиран, а тоа се околу 300 еве, а каде се уште 900 студенти? Оти нели капацитетот на Гоце е 1200, а цела година пред нив имаше и они најдоа среде година ајде реновирање се знае кога се реновира ама џабе ќе дискутираме тука
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.276
Поени од реакции
11.975
Знам дека Б блок е реновиран, а тоа се околу 300 еве, а каде се уште 900 студенти? Оти нели капацитетот на Гоце е 1200, а цела година пред нив имаше и они најдоа среде година ајде реновирање се знае кога се реновира ама џабе ќе дискутираме тука
па не можеш ти за 1 ипол месец преку лето цела зграда да реновираш, не е тоа заебанција.
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
имаа време од 2009 год. и тоа не е заебанција
 
На врв Bottom