Tonchie
BATTERY +
Од оваа недела (15 август) па секоја наредна во август и септември, на градската плажа во Скопје - На Чекор од Тебе, ќе ве забавуваат најдобрите светски диџејки. Абигејл Бејли ќе биде првата која во недела ќе ја отвори сезоната на забави на плажа. Ја препознаваме како една од водечките вокалисти на сцената откако се појави во 2005 со Herd & Friz со I just can’t get enough. Таа ги има напишано и рефрените за Changes на Chris Lake, Something on your mind за MYNC, Time after time на Soul Central итн.
Изминативе неколку години Аби е фокусирана на сцената како ДЈка со голем успех и со свои вечери во MOS, Rapture, Gate Crusher, како и на ивентите меѓу кои се Follow me, Let’s dance Swiss, Sasha Beach Session, а имаше и шест турнеи низ Бразил во 2008ма.
Иако активна во Лондон со свое радио шоу на Push FM, ова лето Абигејл настапуваше заедно со Том Нови на отварањето на Space Ibiza , пеејќи го нивниот нов сингл Runaway кој го достигна 4то место на Buzz листата.
Забавата со Абигејл Бејли во недела на градска плажа -На Чекор од Тебе, ќе започне во 20 часот, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.
Извор: Бекстејџ