Golf VI GTI – 210 КС и 239 km/h!

Член од
30 јуни 2008
Мислења
493
Поени од реакции
13


VW и официјално ги претстави деталите околу перформансите на новиот Golf VI GTI кои светот на автомобилизмот нестрпливо ги чекаше по претставувањето на Golf VI. Ќе се користи истиот турбо 2,0 литарски бензинец од претходникот кој тука ќе троши помалку гориво при тоа давајќи 10 КС повеќе сила.

До стотка новата шестка GTI ќе забрзува за 7,2 секунди додека максималната брзина ќе биде 239 km/h. Потрошувачката ќе изнесува неверојатни 7,5 литри на 100 km! Најзаслужен за ова ќе биде моторот 2,0 TFSI кој развива 210 КС и 280 Nm вртежен момент достапен од неверојатно ниски 1.800 врт/мин!

За да подвозјето на Golf може да се справи со цела оваа сила направени се неколку измени во суспензијата која е поцврста од стандардниот модел а вградени се и стабилизатори напред и назад. Погонот ќе биде на предната оска преку шест степен менувач и нов самоблокирачки диференцијал кој нема да дозволи прекумерно пролизгување на тркалата при излез од кривина при тоа задржувајќи го правецот во кој се движи возилото.

Golf VI GTI ќе биде препознатлив и во поглед на дизајнот – 18 инчните бандажи со ист дизајн како и GTI моделот од претходната генерација, предната маска со карактеристичните црвени линии како кај сите Golf GTI до сега и секако карираните седишта со зголемена странична потпора.

Новиот Gran Turismo Injection ќе почне да се продава по саемот за автомобили во Париз. Цената се уште не е позната но се очекува покачување во однос на претходната генерација.




Не изгледа вака лошо! Ајде ваши мислења
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.939
Овој ке фати 30 иљади евра. За толку пари голф - не фала.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.686
Nice, nice.... Иако не сум некој фанатик по голфовите, морам да признаам дека ГТИ верзијата ме воодушевува. Од 1-та генерација па до 6-тата, возилата се закон нема што. Скапи се... епа секој кеиф се плаќа.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Многу ми се допаѓа колава... скапа е малце али тоа е.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.399
Поени од реакции
2.969
Vredi luge, vredi za parite. Skoro se bese gotovo da zemam 5-ka gti megutoa vo posleden moment se predomisli tatko mi so izgovorot deka mn ke trosela. Donekade go razbiram so ogled na faktot deka doma sme na dizel site taka da taa promena toj tesko bi ja podnel. Kolava edvaj ceka da dojde na nas pazar...
 
Член од
6 август 2007
Мислења
387
Поени од реакции
3
ЛЕле лудило еј, баш на срце ми леши! Ама да го напумпаа барем 250 - 260кс, а р32 накај 300 :smir: Али сепак, лудило! И лав ит!
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
хехе еве некој ме заменил со постирање теми од кај друарите од .....com.mk :)

иначе колава не е лошо ама сепак неам некој мн голем мерак за голф.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
И сигурно ПАК ќе биде најдобар Pocket Rocket.....:helou:
Како и сите предходни генерации....
 
С

Спенсер

Гостин
И сигурно ПАК ќе биде најдобар Pocket Rocket.....:helou:
Како и сите предходни генерации....
тоа е нормално бе, лелеле,да го вратиме нашиот голф 5, и да си зееме ваков??лудилоооО!!!!!!!!али ке треба да се плашта многу.
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Голфот е скап, ама машината ќе работи без мака уште 10 години.

Квалитет на Волксфаген си е крај. Нема тука што муабет.

А знаеме дека квалитетот се плаќа. :)) Богами и количкава е убава, така да башка. :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.336
Ми се допаѓа воланот, алуминиумските детали кои му даваат спортска нота, како и седиштата со кариран дезен кои влечат корени од единицата ГТИ :)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.399
Поени од реакции
2.969
Volanceto nalikuva na volanot od 4-kata. Prednite farovi imaat slicen raspored isto taka kako na 4-kata odnosno zmigavceto se naoga gore pomegu dolgoto i kratkoto svetlo...
 
С

Спенсер

Гостин
стара е темава,но едно ме чуди... зашто насловот на темата е 210кс и 239км/ч??? на толку е блокиран или??? ГТИ-во сигурно иде многу повеќе :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom