„Голем верник сум ама во црква не одам“

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали тоа ако имаш кола а немаш гаража не те прави возач, од кога одењето на паркинг замо за да те видат и наплатат стана мерило за тоа дали некој правилно и исправно вози?
 
Вака сега мое мислењрње е дека црквата го нема тоа што го имаше порано...соединување со бога,кога "божјите слуги' не го почитуваат и не го следат неговиот пат,па кој к се тие мене да ми кажуваат што е правилно а што не.Верувам во бог и неговиот храм е моето срце не ми треба некаков објект наречен цркава за да се соединам со него..и сам кажа основачот на темава дека црквата стана институција за перење пари и за масовно контролирање на народот..педофилија и 300 други глупости и како после јас да верувам во неа и во некој си поп или владика и како јас да се исповедам за моите гревови кога ниеден од нив не е исповедан за неговите гревови?како јас да верувам во црквата кога не користи нас народот а не не' насочува кон она божјто туку напротив не одалечува со нивните постапки...има премн работи што се погрешни во црквата и ги поддржувам сите тие "улични" муабети,зошто и јас самиот ги правам тие муабети а во едно верувам во бог али не велам дека сум ГОЛЕМ ВЕРНИК..
 
еден ден сите ќе застанеме пред бога и ќе видиме кој бил во право и што и како требало да се почитува.
 
еден ден сите ќе застанеме пред бога и ќе видиме кој бил во право и што и како требало да се почитува.

hhmmmm...me zbunuvas.....rece deka si pagan, a zboris za zastanuvanje na site pred boga. Barem e univerzalno veruvanje kaj paganite deka nikoj ne zastanuva pred bog za da bide suden. :toe:


Inaku, stvarno....od koga site stanaa tolku zasekirani koj kakov vernik e? Ne treba da se sekirate za kozata na komsijata - if you ask me.
 
Постојаното одење во црква може да има позитивно сугестивно влијание на личноста, се зависи од неа, се е субјективно. Како и тоа дали ќе остави пари, или само свеќа ќе запали, или само ќе молчи и ќе се смешка. :)
 
еден ден сите ќе застанеме пред бога и ќе видиме кој бил во право и што и како требало да се почитува.

А оти баш пред бог?Јас сакам да стојам позади него.Онака да гледам во гзињата на ангелките.


А Заптијо шо прајме ако некој се моли на друг невидлив човек а во државата тој невидлив човек нема храм?
Рецимо ја сум фризбитаријанист и немам кај да се молам.
Сега сум квазифризбитаријанист?
 
Јас одам два пути годишно во МПЦ, и поретко во некој локален манастир... и секогаш кога ќе влезам се молам на господа да ми овозможи да левитирам.
со тоа што мојата порака не стигнала до него, неам причина да ги почитувам неговите заведи и неговиот лик, а уште помалце практикување и одење в`црква.
 
hhmmmm...me zbunuvas.....rece deka si pagan, a zboris za zastanuvanje na site pred boga. Barem e univerzalno veruvanje kaj paganite deka nikoj ne zastanuva pred bog za da bide suden. :toe:

уше еден почитувач на мојот лик и дело кој ги следи и прати со внимание моите пишувања.
Јас се обратив како од гледна точка на христијанин.
Паганите не одрекуваат дека има други бог(ови) и дека нивните верници кје застанат пред свој(ите) бог(ови) и ќе одговараат за своите дела.
Секако дека и христијаните имаат свој бог и еден ден ќе застранат пред него и ќе треба да кажат зошто на пример не се обрежувале иако морале зошто не почитувале Сабота како ден божји иако морале, зошто цртале икони и правеле фигури на кои им се клањале иако не смееле зошто јаделе од забранетото јадење......
 
Според мене да се верува или неверува во нешто е лична работа на секој поединец. Не постојат две човечки суштества кои веруваат на ист начин и во иста работа. Проблемот настанува кога се обидуваме да се вклопиме во одредена рамка (во случајов религија). За поголемиот број на луѓе сосема нормално е да го прифати верувањето на своите родители кои го прифатиле од своите кои го прифатиле од своите...и така во недоглед. Но ретки се тие кои имале лично искуство. Да се верува во било кој организиран облик на верување е исто како никогаш да немате видено виножито, а сепак да верувате во него бидејки некој слеп човек ви го опишал. Исто е и со организираното верување...се само прераскажани приказни од луѓе кои немале лично искуство. Свештениците (најголемиот дел од нив) се само професионални раскажувачи...го прераскажуваат она што го научиле...и со тоа заработуваат за живот. Секоја чест на оние кои преку својот начин на живот се пример за она што го проповедаат. Доколку сакате да верувате во бог ВЕРУВАЈТЕ (викајте го како сакате, славете го неговото име...молете се...правете се што мислите дека ке ве приближи кон него), но не се обидувајте да се грижите за душата на другите и да ги убедувате дека вашето верување е подобро од нивното. Ако не сакате да верувате во ништо натприродно НЕВЕРУВАЈТЕ но не ги разубедувајте другите. Престанете да се грижите за задгробниот живот...за задгробниот живот се грижат само оние кои не знаат што да прават со овој земскиот. И на крај престанете да се расправате кој е во право или кој нее...да се спорите за бог е исто како двајца слепи да се спорат за црвена боја. Запознајте го верувањето на другиот...различниот...можеби ќе откриете дека имате повеќе сличности отколку разлики.Доколку сте верник...ЕДУЦИРАЈТЕ СЕ.!!!! Голем број "верници" незнаат ништо за сопствената религија.

За крај...колку од верниците христијани знаат дека во семитските јазици (посбно арамејскиот) "Алах" означува "Бог" и сеуште арапите христијани го користат овој термин во своите молитви?
 
Добро познато ми е дека некои цркви станаа институции за ‘‘перење‘‘ пари, и некои свештеници не се повеќе само богослужбеници туку и ‘‘мафија‘‘.
Јас во црква одам ретко, иако сум верник, поради тоа што немам време, и не ми се станува рано.. Само на празници, кога ќе можам, но би сакала да отидам и некој викенд. По излегување од црква, се чувствувам спокојно, мирно, чувствувам некоја хармонија во себеси.
 
А знае ли некој што со оној кој верува во Бог кој нема свој храм во близина?
 
патем како можеш да бидеш искрен верник ако безрезервно прифаќаш нешто кое друг ти го налага ..едноставно прифаќаш и тоа е тоа ... нели е тоа пат кој сам треба да го изодиш и сам да сватиш дека овој или оној пат е вистинскиот?

Па основа за да бидеш добар верник е да го прифаќаш тоа што ти се налага. ,,Не се сомневај во Неговите постапки,, тебе не ти личи како налагање без можност сам да сватиш дали нешто е исправно или не?


И ме интересира како денес вернициве ја покажуваат и докажуваат својата верба?
Традицијата на одење во црква означува откажување од дел од своето време за да се искаже почит кон Бог. Денес ниту се оди во црква, ниту се почитува 90% од она што е во Библијата. Ма не се знае 90% од она што е во Библијата. И во што се состои вербата денес? Во поставување ултиматуми?
Господе прости ми што имав секс пред брак и ако тато ми купи кола ветувам дека ке оставам 50 денара во црква за Велигден и ке ја поправам 2ката по математика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom