„Голем верник сум ама во црква не одам“

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување
Па в црква си одам барем еднаш неделно. Треба ли нешто повеќе???

Не те прашав колку пати одиш во црква ..
туку дали се сметаш за Вистински верник ... ете нели кажа кои се квази верниците .. и само на ова ли најде да ми реплицираш ..
и кога сме веќе за одењево во црква .. незнам јас колку пати треба ... шо мислиш ти доволно ли е еднаш ..
 
Денес одењето во црква кај младите се сведува само на почитување на една стара традиција, речиси ништо повеќе. Ретки се тие малди луѓе кои одат во црква оти вистински веруваат во Бог, дури не ја знаат ни `оче наш`...
Не сум бил во црква појма неам од кога, а и немам во план да одам, освен ако некогаш не ме убедат од атер или нешто слично. Ништо повеќе...
 
Абе во црква одиш да се соединиш со Господа. Ти направи си го своето остави си пари на икона, а сега дали попот со тие пари ќе купи џип, стан и слично негов проблем. Него гревот ќе го фати за тоа што го прави.
Ти си соединет со Бога и ако неидеш во црква,бидејќи Бог е во тебе,а ти си во Него.Но некој тоа неможе да го свати или го сваќа подруго.Бог не е само во црква.
Инаку јас одам во црква секоја недела,но пари,зејтин и брашно на икона не оставам...
 
Абе во црква одиш да се соединиш со Господа. Ти направи си го своето остави си пари на икона
Абе јас сум бил многу пати во црква (дали ради нечиј ќеиф или работно) и никако не сум се соединил со бога.
Дали е до цената (сумата што ја оставам на иконите и свеќите кои ги купувам) и ако е така може ли некој да ми ја каже точната цена за соединивање со господа преку црквата бидејќи, јас неможам со него да се соединам дома, на улица во природата и мора да одам до најблиската црква изградена врз поранешна ќебапчилница или паркинг место.
 
Не одам често во црква , всушност одам само за поголемите празници . Но се сметам за верник бидејќи верувам во Бога - зар е потребно повеќе од ова ?
 
Не одам често во црква , всушност одам само за поголемите празници . Но се сметам за верник бидејќи верувам во Бога - зар е потребно повеќе од ова ?
Не.Верувај во Бога,но и почитувај ги неговите креации.:)
 
Црквата не е обврзна, кој сака оди, кој не сака...право на избор и убедување, кое за жал во многу други сфери го немаме. Инаку првпат слушам дека луѓе се фалат дека се верници-која е предноста и што добиваат со тоа...ја немам слушнато да се "фалат".
 
Jas kolku sto pamtam Isus bil protiv vakvi institucii kako sto se crkvite.....a hristijanite se negovi sledbenici....sega zaklucokot koj e?

I stvarno e bezveze da se formulira koj e vernik spored toa dali i kolku pati idat u crkva. Gluposti!
 
Јака поента има во од Карлин муабетот, мора да се гледа!

Инаку ... Заптијо, еве, јас сум верник. А в црква, не одам. Не ни имам во план, ниту имам некоја посебна потреба. Ниту пак имам желба да гледам во фреските кои се прво уривање на заповедите, ако одиме на христијански принципи, уверувања и други тракатанци.
нели беше „ не прави идол или слика ...“

Црквата е покомерцијален момент од KISS.
 
Македонската младина, со текот на времето ја заменува ВЕРАТА со обреди. Тешко е да се биде вистински верник, зашто треба да се откажеш од сите искушенија на кои земската природа те привлекува. Библијата е прирачникот. Црквата е секундарна, иако, може да се рече дека во неа се изградува верата. Арно ама, ако претходно нема вера, тогаш е и логично неодењето во црква. Тоа е причината, не се работи за некој внатрешен инает и одбивност кон црквите, туку за немање вера. Ако си верник, ќе чувствуваш потреба да се изградуваш и да бидеш во близина на верници во црква.
 
Абе во црква одиш да се соединиш со Господа. Ти направи си го своето остави си пари на икона, а сега дали попот со тие пари ќе купи џип, стан и слично негов проблем. Него гревот ќе го фати за тоа што го прави.
а можда и ќе го фати/
се` зависи од судството, имаше попови и леви раце на папата кои силуваа малолетни, делеа по проститутки.....

дали гревот го фати еден од нив?
 
Тоа е причината, не се работи за некој внатрешен инает и одбивност кон црквите, туку за немање вера. Ако си верник, ќе чувствуваш потреба да се изградуваш и да бидеш во близина на верници во црква.

Значи откако на некој му текнало да изгради црква (храм, сакрален објект и институција) и почнале да одат во неа и да и се покоруваат тогаш луѓето станале верници ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom