Добро бе луѓе... дај прочитајте малце пред да пишете нешто... Прво и основно.. КДЕ и Гном.. достојна замена за Вин??? АЛООООО.... Џамот е оперативен систем, овие се работни околи... (KDE - K Desktop Environment).. а не оперативни системи...
Друго... што е битната разлика меѓу овие два !? Позицијата на таскбарот? На КДЕ е доле.. а Гноме има и горе и доле??? Јас користам КДЕ... и имам таскбар ГОРЕ... замисли !!!!
@Тино: Наједноставниот одговор би бил нешто вакво (open for discusion... not quite precise):
Основната и првата разлика што тебе, како краен корисник (претпоставка, поправи ме ако грешам), би те интересирала е филозофијата по која се водат:
КДЕ игра на карта на моќност и прилагодливост. Можеш се... ама баш се да менуваш (ако сакаш, ако не сакаш - не мораш
). Проблемот за почетници е тоа што од прва изгледа страшно, пошто има МНОООГУ опции.
Гном е за оние коишто се преплашиле да прочитаат што пишува до комбото или до чек-боксот ... него мислат дека тоа е премногу комплицирано за нив... Добро ај.. да не бидам толку нападен... Гном игра на карта на едноставност.
Е сега... тука се и различните програми правени специфично за КДЕ или за Гном... но (во поголемиот број од случаеви) тоа не е проблем пошто и КДЕ има поддршка за Гном и vice versa.