Girls

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Одлична серија во продукција на HBO. Сите знаеме колку оригинални и реални се кабловските серии, па така и оваа серија не е ништо помалку. Навидум личи како „Сексот и градот“ но е една одлична реална комедија, без цензура и сѐ е откачено. Одлични глумци, серијата е според мене баш едно освежување. Прва сезона помина, имаше 10 епизоди, а сега е обновена и за втора. Ги обожавам кабловските серии, навистина се далеку поквалитетни од останатите.

Лина Данам ја режира и глуми оваа полуавтобиографска серија која нѝ прикажува еден комичен поглед на различните понижувања и ретки триумфи на една група жени во своите рани дваесетти години и нивниот живот во Њујорк. Две години откако излегува од колеџ, животот на 24-годишната Хана (Данам) станува хаотичен откако нејзините родители ѝ кажуваат дека нема повеќе финансиски да ја поддржуваат. Животите на нејзините пријателки исто така доживуваат големи промени кога секоја од нив се соочува со неочекувани дилеми.



 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
се збори за серијава али мене премногу ми се неубави и непознати девојките.
јас сум материјален меинстример.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.190
Ја изгледав првата сезона на HBO и си ја чекам втората сезона. Многу ми е реална серијава, дешавки што барем на многу од нас им се случиле. Можеби и да беа глумиците сите исфригани како во секоја серија немаше да биде тоа што е.
 
Член од
19 април 2012
Мислења
429
Поени од реакции
681
Прилично интересна серија, но не се надевав дека така ќе заврши првата сезона.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Четири white девојки, Њу Јорк, секс, HBO. Уште коњ фали за да помислам дека станува збор за Сексот и градот.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Која коинциденција, баш прееска читав за серијава.

Интересно, ама не ми изгледа баш иновативно, шо знам. :unsure:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Која коинциденција, баш прееска читав за серијава.

Интересно, ама не ми изгледа баш иновативно, шо знам. :unsure:
Дајте шанса, и немојте да споредувате со Сексот и градот, бидејќи освен што се четири женски, нема друга никаква допирна точка. :)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Не е нешто премногу интересна но... некако ми наликува на сексот и градот :)
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Првата сезона ми беше забавна, пред се` зашто делува доста реално.
Нормални девојки се соочуваат со помалку или повеќе реалното секојдневие.
И начинот на кој е снимена ја прави уште поспецифична.
Освежување беше во секој случај.

Втората сезона, however...
Од клише во клише.
После секоја изгледана епизода мислам дека ми потекуваа солзички од мука за изгубеното време.
Не можев да си поверувам дека толку ќе можат да го уништат тој претходно пристоен производ.
Како и да е, ова е само мое мислење.
Можеби на некој ќе му се допадне повеќе.
 

Sassy

sultan instead of the sultan
Член од
5 ноември 2008
Мислења
329
Поени од реакции
72
Сите сте се фатиле за жените а мужите го Грлс?
Јас поантипатично створење од тој Адам немам видено у живот.
Мистер Бин е лепотан за него.
Мене серијава ми е одвратна.
Ја симнав лани одма штом излезе мислејќи дека ќе го погледнам новото ремек дело.
Се разочарав начисто. Да и јас како Анон можда сакам да гледам меинстирим серии со лепи луѓе али не само што се нетрактивни ликовите и антипатични јас не ја сваќам поентата на серијава. Што сака да прикаже колку се они јадни и страдни у Њујорк?
Нека дојде нас да не види па ќе дебатираме кој е појаден и страден.
И дадов шанса до 7 епизода натака не можев навистина. Ни ги пратев што збореа ни што се дашавше а се јавеше оној Адам у кадар неговата антипатична фаца ми одвлекуваше внимание.
Лена Думан е мислам писателка на сценариото и препорачувам да се откаже од серијава, не и ја сваќам замислата што сакал авторот да каже....
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Лошо си ја продал Мајло.

Серијата е одлична. Ја обожавам. Еве, симнувам втора сезона.

Frances Ha како серија. Oh goodie. :X3:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Kajgana Shop

На врв Bottom