Швајцарското џепно ноже, тешко скоро 1,5 килограми влезе во Гинисовата книга на рекорди како “
најдобро опремено ноже“, со 87 алатки.
“Во основа, употребен е секој додаток што некогаш бил ставен во ваков швајцарски нож“, вели Џенифер Вос, претставничка на компанијата Венгер Норт Америка, од Оринџберг, која е дистрибутер на ова ноже.
Ножот има повеќе од десет сечива, пили и скалпели, исто толку шрафцигери, чепкалки, отворачи, приврзоци, лупи, турпии, но и ласерско светло и батериска сијалица.
Содржи и клуч наменет исклучиво за отворање часовници и шрафцигер специјално направен за местење на нишанот на оружјето. За исклучително надарените градинари, има и неколку алатки за калемење на растенијата.
Ножот, производ на швајцарската фирма Венгер од Делемон во Швајцарија, има димензии 22 со 8 сантиметри и е преголем за повеќето џебови.
Поради цената од 1.200 долари (810 евра) тоа е првенствено нож за колекционерите, а досега се продадени 450.
п.с.
За СпаЈдер и другите љубители на ГИНИС книгите, излезена е во продажба новата книга ГИНИС СВЕТСКИ РЕКОРДИ 2008.