Тоа го викам и јас, не знам каков бил Станис во книгите, но знам дека таму битката за Винтерфел ја дочекува во многи подобри услови, со жива ќерка и жена, а не деморализиран и истрауматизиран човек, тактики и стратегии веќе не му помагаа. А колку што знам и во книгите исходотна битката за винтерфел не е познат. Изборот на авторите на серијата беше да ни прикажат ваков Станис, Станис кој само оваа сезона многу го засакавеме, за ептен да го замразиме, па да дојдеме до ситуација ептен да го сожалуваме.Станис знаеше дека ќе умре уште откако му дезертираа војниците и Мелисандре. Не се замараше со тактики и глупости кога тргна кон Винтерфел, човекот едноставно изгуби се и беше dead man walking. Нема врска неговата експертиза во ситуацијата, сигурен сум дека можеше да извади повеќе.
Џон мислам дека ќе го вратат. Или како ВВ или богот на огнот ќе го дигне од мртвите, или што и да е, всушност сакам да го вратат, мора да одигра главна улога горе на северот.
Ситуацијата со Даенерис ми е чудна. Не беше Мирин подалеку од територијата на Дотраките или пак овие имаат мигрирано? Ќе се види догодина ваљда.
Тоа е тоа. Квалитетна сезона и покрај некои ситни дешавки кои можеа да се одбегнат.
More!!!
Како што,па Калиси...И сеа шо, го убија му ебаја матер, па ела гледај пак, ич к*р не ме болит, не ја чекам 6тата сезона, ако сакат нека почнит, кој а тркалат, мајката да му ја .... на онај Оли, кој го измисли рацете да му се исушат.
Најлесно е, отепај го тој сите шо го сакет, и сеа шо да чекам нова сезона, шо ќе видам ?
Не ми е жал ич за џон,поише за станис(а него го сјебаа прошла епизода) али што ќе глеаме на ѕидот следна сезона ? И колку нелогички беше што Алистер го изведе ова,па можеше да не го пушти воопшто и да смрзне со дивјаците.Ќе ви помине, истиов муабет го правевте после убивањето на Eddard Stark, Red Wedding, Oberyn Martell...
Се гледаме догодина во ист или проширен состав.![]()
Тоа и ја го помисилив, ако сакаа да го утепаат Џон, зошто го пуштија преку ѕид со еден куп дивјаци, сега ако се побунат дивјаците и почнат да тепаат се а Џон не е тука да ги смири?Не ми е жал ич за џон,поише за станис(а него го сјебаа прошла епизода) али што ќе глеаме на ѕидот следна сезона ? И колку нелогички беше што Алистер го изведе ова,па можеше да не го пушти воопшто и да смрзне со дивјаците.
И да очекувале да умре сеа со дивјаците што ќе праат?Поише се и од другата страна на ѕидот ги пуштија..и за Алистер највеќе не одговара вакво нешто. Цела сезона покажуваат како почитува команда, плус ај другиве морони ама он сигурно размислува што го чека со дивјаците и белите. Да си рече чекај бе држи вода муабетов на Џон има зомбиња бевме ги видовме али дај да го заколеме за секој случај.Тоа и ја го помисилив, ако сакаа да го утепаат Џон, зошто го пуштија преку ѕид со еден куп дивјаци, сега ако се побунат дивјаците и почнат да тепаат се а Џон не е тука да ги смири?
Веројатно планирале ликвидација уште пред да тргне Џон за Хардхоум, само чекале да видат дали воошто ќе се врати жив од таму, очекуваа дивјаците сами да го утепаат, затоа и беше оној муабет на џубренцето Оли со Сем, дали да донесе правилна одлука.
Конспирацијата постоела и претходно, уште кога умре Аемон, Алистер го предупеди Сем дека се помалце пријатели има, дури и логично ми изгледа сега нападот на Гили и Сем од „браќата“, се беше со цел да се испровоцира Сем да си отиде, во што и успеаа, Џон остана сосем сам без ниеден лојален брат (освен Ед, кој не го видов со конспираторите, поправете ме ако грешам за овој дел). Но повторно, заради ограничената минутажа, целиот билдап за последната сцена беше убрзан, без некој конкретен повод или настан што би ги испровоцирал браќата да се свртат до тој степен против својот командант.