FUR SEMPER IN MORA -

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Fur semper in mora - Крадецот е секогаш во доцнење
Или крадецот мора да го врати украденото
На 9 мај 1972 започна процесот против Ричард Никсон за аферата Вотергејт
https://en.wikipedia.org/wiki/Impeachment_process_of_Richard_Nixon#D.C3.A9nouement
Се се заврши на 9 август1974 кога Ричард Никсон поднесе оставка
Месец дена подоцна на 9 септември 1974, нивиот председател Џералд Форд донесе одлука за помилување на Никсон
Оваа одлука беше своевремено критикувана во САД. Со неа е прекината кривичната постапка против Никсон. Затоа критичарите ја критикуваа. Тие велеа дека некој може да биде помилуван само ако е осуден, а не може да биде помилуван ако не е осуден
Кај нас е досега неколку пати е применета аболиција, секогаш од политички причини. Под појмот аболиција кај нас се подразбира прекин на кривичната постапка. Значи сеуште не е утврдено дали обвинетиот е виновен, а постапката се прекинува и тој се ослободува од вина.
Во оваа тема планирам да дискутираме какво е Вашето мислење, дали е во согласност со Уставот и законите да се врши аболиција. Односно дали е во ред да некој се помилува и ослободи од вина пред да заврши кривичната постапка.
Насловот го одбрав не случајно. Обвинетиот можеби стекнал противправна имотна корист, а ние го помилуваме пред да го врати украденото
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Јас велам секој да си одговара за својте дела или пак сите да бидат помилувани. Несмее некој да одговара а некој да е помилуван само затоа што има повеќе врски.
Јас сум за да не постои аболиција воопшто, таа е измислена за да им служи на моќните и богатите.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Krzysztof Kieślowski во почетокот од филмот A short film about killing, исфрли една интересна констатација која одеше во стилот дека правото не смее да ја имитира природата, туку треба да ги исправа нејзините грешки, оти со имитацијата само ќе дозаеби работа. Е сега од тие многуте закони на природата, познат е оној дека „посилниот" преживува, т.е победува на крај. Во случајов истиот тој посилен е оној кој добил амин од најсилниот, затоа што така му се посакало на овој вториот, и со тоа се става еден вид бариера и стаклено ѕвоно околу истиот, да не се чепка за кривичното дело. Нели едно од основните права кои се трубат наваму натаму речиси во сите области, е она на еднаквост. Со аболицијата имаме газење на еднаквоста, затоа што одредени поединци се ставаат во привилигирана положба. Јасно е дека секое кривично дело е посебно за себе, но ако земеме најпластично две слични дела со ист краен исход и ги ставиме на кантар каде ќе имаме изедначеност, аболицијата само ги меша теговите и го ремети тој баланс и хармонија.
Во Законот за помилување донесен во март 1993 година, а дополнет во јануари 2009 година, во првиот член е наведено дека „претседателот на Република Македонија со помилување дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната. Во 2009 имаше едни измени во кои се наведе дека претседателот не може да помилува осуденици за изборни инциденти, педофили, дилери на дрога (таман работа и овие да можеше).

Јас сум конкретно во моментов истата да не се злоупотребува и со тоа да се силува волјата на судот, за одредени политички случаи за кои спомнав нешто погоре (тука би го спомнал случајот со Доста и со Зајко мајчиниов)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
Аболицијата се применува секаде каде "крадецот" е поврзан со некоја структура, н.пр. политичка партија, а постои опасност тој да открие дека не работел противзаконски само за лична корист, туку за партиска...еве сега имаме и такви работи во соседна Хрватска, каде ДОРХ и УСКОК веќе бараат поврат на незаконито стекнати пари, од некој нивни внатрешни афери од ХДЗ ( лавовскиот дел), не само од Санадер .. но се ова уште нема судска конечница ... јас дури мислам дека истата работа ја имаше и има и кај нас, со тоа што само членовите на дпмне си одлежаа ( директорот на ЕСМ, на Фондот и мислам уште еден, а ех гувернерот куртули), а од другата страна досега никој не успеал да спроведе на одлежување затвор никого, еве сега има случај и на унапредување во полиција на осудено лице.... дури и отпадникот од опозицијата, кој го заштитија а сега му се ситат за истиот предмет, тенковски делови, тешко дека ќе биде упатен на издржување на досудена казна ... сега работите се решаваат со други инструменти. Но и сега, иако нема аболиции , истрагата се гуши , т.е. ништо не се расчистува правно. Карактеристична случка имавме неодамно, со наименување на техничките заменици министри, на еден жолтиот печат му откри дека пред 13 години бил осуден , ја објавија и пресудата. Спомнатиот веднаш се огласи, дури се закани со тужба ?, демек не било тоа така, тој всушност заштитил другар, т.е. неправедно е осуден... Абе има институција жалба до неколку нивоа, има Стразбург ... но поентата е не само што тоа не било тогаш пред 13 години правно расчистено, туку и сега не се расчисти, веднаш го тргнаа од медиуми... Значи едно е помилување и аболиција, ние имаме други полоши работи, имаме забошотување на случаи од страна на ЈО ( пример случај Нешковски 2011) или пак водење на истрагата во погрешна лажирана конечница ( случај Бекиров 2006); но имаме и други методи, медиумски терор, некогаш со тенденциозен оркестриран притисок и упорно нафрлување на произволни клевети ( случај Младенов ), а од друга страна пак имаме медиумско замолчување на факти и задушување на секоја иницијатива за копање по некој стари работи
( атентатите на председателите а и други случки ).
Така, во служба на партиски интереси, членовите кој ќе бидат на тапет ќе прифатат и пазарење па и консекванци, императив е да не се дебатираа и разоткриваат сопствените валканите алишта на партијата а да се прави тоа на противникот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom