- Член од
- 10 јули 2022
- Мислења
- 225
- Поени од реакции
- 497
- Возраст
- 35
Старата управа е крива за давање договори со астрономските плати, а новата управа е крива бидејќи сака да воведе salary cap за да го стабилизира финансиски клубот на долг рок. Кајгана експертиза на дело.
Финансиска дисциплина не се воведува со купување 4-5 играчи кои коштаат +50 милиони евра. Замисли како му изгледа работата на Де Јонг, од една страна не му ги исплаќаат парите, од друга страна имаат пари да плаќаат за трансфери. Па да сум на негово место од инает би им ги зел парите. Разбирам јас криза, па да не купуваат никого, да форсираат млади играчи, и бараат од постарите да ги намалат платите. Да беше така, верувам дека ќе ги имаа и симпатиите од јавноста, а и некој од преплатените фудбалери ќе попуштеше. Но ситуацијата не е таква, од една страна се расфрлаат со пари за трансфери а од друга страна бараат од староседелците да ги намалат платите. Тешко таа работа.

