Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не верувам дека е во прашање Кум и понуда што не може да се одбие. Но, очигледно е дека има проблем.
Па јавно го кажуваат тоа.

Од една страна сите хејтери викаат ќе пропадне клубот не знаат да го водат, од друга страна кога сакаат да ги скратат трошоците зошто тоа го праат...
 
Никако да прифатиш дека некој друг т.е. клубот му дал таков договор, па клубот и треба да ги сноси последиците.

Не може да решиш да купиш стан, го земаш за 70 000 евра, но после две години сакаш да ти се вратат парите, затоа што сега си разбрал дека си погрешил и си нашол дури и подобар за 50 000 евра. Или обратно ти си ми го продал станот за 70к евра, ќе ми ги вратиш утре парите ако најдам некој подобар за 50к? :D


Единствено по кого треба да плукаш и да се лутиш е клубот. По старото раководство затоа што му дало таков договор, а по новата затоа што подобро не ја измемаџирало целата ситуација. Можеби ова е и единствениот начин да го добијат тоа што го сакаат, на ваков начин да се ослободат од него.
тоа старо раководство се соочува со суд заради нелегална работа, не знам колку тебе ти значи

играчот е свесен дека мора да намали на примањата, ако му е да остани ќе игра и за безпари

вакви оправдувања за огромни безсмислени примања го зафркнаа спортот општо
 
нема проблем, утре отвори фирма и терај со плати од 1000 евра, а имаш полно кои ќе го сработат истото за 300,плус буџетот кога не ти дозволува таков луксуз и кога ќе си ја ставиш јамката на вратот - ќе правиме друг муабет

Кој е виновен во таква фирма за тоа што дава по 1000 евра а може да си дозволи само 300? Вработениот кој ги зема тие пари, или газдата кој се договорил да му ги дава?
 
Кој е виновен во таква фирма за тоа што дава по 1000 евра а може да си дозволи само 300? Вработениот кој ги зема тие пари, или газдата кој се договорил да му ги дава?
и не смее ревизија да има новото раководство?
 
Има ли некој модератор што е фан на Барса? Дај банирајте го фокеров ве брука тука.

Ако му се работи ќе работи и за безпари. Што е ова? Рандом македонско кафуле од пред 20год.
 
од каде си измислувате работи за дискусија??

се бара од играчот да се намали платата или да си оди, борџој и заостанати плати (ако има) тоа ни свети петар не ги бриши

а примерот со стечајците :несвест: досега нека има пикнато 50 милки в џеб, а има кариера уште можеби 10 години, камо сите да си дочекаат такви стечајци по дома

Значи си играл за без пари година и пол Де Јонг онака од љубов (плус остала багра).

1000милки нека има едноставно борџат на играчот за година дена милиони. Значи ангажманот не му е платен, тоа што колку заработил унљзад нема никаква врска со Барселона. Значи Барселона и навивачите моментално ова што го бараат и прават е еднакво на лудило.

Оти се фати примерот за стечајците - и тие земале редовно плата години уназад ама си ја барат последната или дека години унљзад работеле не ги следуваат пари за последната година :pos: :pos:

Абе само за министри за финансии/економија сте во МК:D
 
Има ли некој модератор што е фан на Барса? Дај банирајте го фокеров ве брука тука.

Ако му се работи ќе работи и за безпари. Што е ова? Рандом македонско кафуле од пред 20год.
9 милиони по сезона плус бонуси по сезона ако е безпари за тебе, дали му реплицирам на бил гејтс
 
9 милиони по сезона плус бонуси по сезона ако е безпари за тебе, дали му реплицирам на бил гејтс
И која ти е логиката. Ако зимал повеќе од што заслужил поради ваша вина сега треба да игра за џабе?
Се надевам не си газда на некоја фирма.
 
Гради Барса страшна средина и среден ред ама ако не ги регистрира играчите ќе биди чешит :D :pos:
 
Старата управа е крива за давање договори со астрономските плати, а новата управа е крива бидејќи сака да воведе salary cap за да го стабилизира финансиски клубот на долг рок. Кајгана експертиза на дело.
 
А кога го зимаа од Ајакс, тогаш не беа проблем парите, само да дојде кај нив да потпише, а да не отиде во друг клуб. Е сеа кога треба да се плати тоа, им цвика газето, па се служат со најгнасни методи, не заслужувал толку пари да зима. Не може така другари. Што сте му дале тогаш толкава сума во договорот?

А ако некој играч не играл доволно добро и не заслужува да игра во клубот се казнува со не продолжување на договорот, а не со неплаќање.
 
и не смее ревизија да има новото раководство?

Зависи што подразбираш под ревизија. Во светот на бизнисот потпишан договор е потпишан договор, и ако едната страна не го почитува, се оди на суд. Ако Барса не му ги исплати парите на Де Јонг кои му следуваат по договорот, ќе ги исплати по судски пат, плус сите дополнителни трошоци, плус нарушен углед на клубот.
 
Старата управа е крива за давање договори со астрономските плати, а новата управа е крива бидејќи сака да воведе salary cap за да го стабилизира финансиски клубот на долг рок. Кајгана експертиза на дело.
Одлично стабилизирање на клубот со трошење на милионски суми за трансфери кој сеуште не можат но регистрираат мора се признае
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom