Ова го пишувам како фан на Барса, дефинитивно фан базата е една од нај, ако не и најтоксичната, иако многу рушат углед оние глупине тик-токери пред стадион и тренинг центар што ги чекаат играчите за да снимат видео како им урлаат глупости и им досаѓаат секојдневно и 70% од фан базата ги презира нив

Голема кривица има и клубот, затоа што и тие пред стадион/тренинг центар лесно се решаваат, и целава медиумска ситуација со Френки, Брајтвајт и остали лесно можеше да ја пресечат, ама они како дополнително да ја подгреваат за да извршат некаков притисок. Најјако е што истиве овие што ги пцујат играчите што си ја бараат платата и да се испочитува договорот, веројатно би се пожалиле доколку нив лично платата им доцни 15-тина минути и би смениле фирма за 50 евра покачување, ама пошто фудбалериве нели милионски суми земаат па океј е да се откажеш од 10 милиони, ги имаш многу

И до негде ќе разбереш гнев кон играчи ко Брајтвајт, Умтити, ликови што 2 години немаат помирисано терен, им викаат дека се вишок, им даваат без проблем да напуштат без никакви трансфер компензации, а овие не ги интересира кариерата и сакаат да останат уште 2 години на трибини и да земаат плата (океј, легитимно е и нивното, ама сепак го разбирам гневот), ама ова со Френки е стварно жално и клубот не смееше да дозволи до тука да стигне ситуацијата. Не е ни прв ни последен квалитетен играч што „разочарал“ или што не се вклопува во тактичките замисли, ама вакво однесување е дебилизам, од прв ден е максимално професионален, секогаш истапувал критички, превземал одговорност, го сака клубот, градот, прв пат има шанса да игра во средена околина со добри играчи околу него, нормално е да сака да остане, и ти вака му се понашаш... Со вакви потези, самите може да си ја затворат вратата за потенцијални идни трансфери, и онака веќе сликата за Барса беше влошена, уште толку ја влошуваат овие.
Од друга страна, прејако ми е колку се спинуваат и извртуваат работите, и колку луѓе паѓаат на тоа, иако поголемиот дел се со цел да бидат заебанции. Се фаќаат сите за долгот, а Тотенхем на пример, се многу блиску до Барса во тој долг, и исто така пазаруваат без никаков проблем. Проблемот кај Барса беше што од претходната структура, голем дел од тој долг беше short-term, ама истиот овие 2 години беше реструктуиран и ја стабилизираа ситуацијата. И сега, се користат глупи дешакви ко свадбите (видовме дека сепак истото го прават низ многу други стадиони), ко продавање на парче трева од Камп Ноу и слично како заебанции, и некои стварно веруваат дека клубот нема пари па мора да прави свадби за да добие некаков прилив, секако дека свадба ќе покрие долг од 1 билион евра
А јако е што и другиве клубови се прават невини за некои ситуации, како да немало други случаи каде клуб пробува да се ослободи од играч, а истиот не сака да си оди, играч ко Бејл беше жустро свирен од навивачите на Реал, а играше клучна улога во освојување на титули, just saying
