Front-end програмер(совети,искуства)

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.086
Нормално дека се сведува на индивидуален интерес, ама на крај на денот сумирано времето поминато во учење некако се изедначува ( за тој што бил на факултет и тој што ќе седне сам да учи ).

Малце небулозна ти е споредбава, правиме муабет за самоук гитарист шо ќе скокне академија ама цел живот ќе биде гитарист. Ако сака за 10 години пример да диригира мора да посвети време да учи хармонија, солфеж итн.

Исто и со оваа професија, секако дека некој може да го скокне факултетот и да биде самоук и да биде топ веб девелопер, но сепак треба да е свесен дека тоа знаење е лимитирано за таа област. Јас и за 10 години да одлучам да се шифтам во data scientist таа транзиција ќе оди полесно од некој самоук девелопер, пошо иако сеа не ми текнува како се решава инверзна матрица, доволни се 2-3 часа вежбање за да се потсетам. Друга олеснителна околност е што учењето и можноста да се посветиш максимално на нешто надвор од работа не е исто на 20 и на 40 години.

Малце треба да го напуштиме тој мајндсет на технологии, свесни сме сите колку брзо се менува трендот на некоја технологија, така да фактот што познаваш и владееш некоја технологија не те прави инжинер. Во овој контекст мислам дека е редно да се направи и дистинкција меѓу девелопер и инжинер. Мое мислење е дека маркетот во МК е многу лимитиран, затоа и заклучоците што се изведуваат на оваа тема земајќи ја таа состојба како појдовна точка за некој успех се немеродавни.
На пример Пако Де Лусија бил самоук гитарист. :)

Јас имам најголема почит кон луѓе кои на 19 години се посветиле на наука затоа што ги интересирала областа и го завршиле тој факултет, не само затоа што бил перспективен и им нудел можности. Сосема различни работи се желбата за учење и желбата за успевање.

Во твојот пост има и доста его, и не си само ти така, што мислам дека на девелоперите, бар оние кои 100% се оддадени на тоа што го работат, им дава мала предност над инжињерите. Плус има инжињери и инжињери. Еве јас од инжињериве со кои што работам во моментов (меѓу кои и двајца магистри на електро) а пред се во постов мислам на инжињерите од Македонија имам видено да рануваат квериња во форич луп, во релациона база нема табела кај која не се прекршени сите правила на нормализација. Не слушнале за шардинг на табели, не користат кешинг и после споро било се жалеле клиентите, на страна што секоја недела има по некој поголем инцидент кај клиенти, али недај боже нешто да им кажеш, егото им е до небо.

Не ми е мене небулозна споредбата колку што ти погрешно си ја сфатила. Небулозно е што кога живееш во ера кога секоја информација ти е на неколку клика и е бесплатна, ко на пример цели семестри од предавања на Харвард ти да тврдиш дека малку време ќе ти требало да се потсетиш како се решавала инверзна матрица пошто си учела на факс.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.919
Поени од реакции
12.409

Не знам кај осети его во мојот пост, ниту јас се декларирам како нешто посупериорно од самоуките пошо имам факултет, ниту па се кажувам по луѓе дека сум инжинер заради фактот што сум дипломирала на ФИНКИ.

Факт е дека и јас и ти и грото од македонските програмери ( и дипломци и самоуки ) работат како апликациски програмери ( според мене оваа категорија е девелопери ). И нема ништо погрешно во тоа, пазарот е голем, има побарувачка, супер. Меѓутоа нема ништо инжинерско во преточување на бизнис логика во рест сервис, мобилна апликација, каков и да е систем.
Да се соочиме малце со реалноста, за овој тип на програмери не треба факултет. Не треба математика, не треба физика, не треба веројатност. Целосното знаење за некој од матурант да дојде до состојба на куцање вакви сервиси може да се преточи во програма од 2 години на ФИНКИ. И јас и ти и сите останати знаеме дека треба малце од малце да ти фаќа кликерот за да го работиш ова, не е некоја научна фантастика. Ќе оптимизираш квери, ќе нормализираш база, ќе направиш некоја ситна оптимизација со кеширање, ама на крај на денот не си применил научна метода во тоа што го работиш. Сме се нашле на добро место во добро време и тоа е тоа, не правиме ништо wow. По дефиниција инжинер е некој што применува научни методи од повеќе дисциплини во она што го работи. Со секоја почит кон работата која и јас ја работам, не дека не бара посветување и учење, ама повеќе е на ниво на занает отколку нешто повеќе. И сосема е во ред доколку некој сака да го работи ова цел живот, полето е доволно големо и сеуште се шири за да ти овозможи напредок.

Е сега зошо има толку апликациски девелопери во МК, и зошо најголем број од студентите се ориентираат кон такво нешто? 95% посто од огласите на македонскиот пазар се за апликациски девелопери. Многу ретко некој од студентите да размислува надвор од тие граници, првенствено поради лимитираните опции за вработување покасно. И факултетот се адаптира на пазарот па и јазиците што се изучуваат се тие за кои што има побарувачка. Некако во цел овој хаос се заборава дека може да се гледа и подалеку од Java/.NET/PHP програмер. Јас откако се преселив надвор од МК сфатив колку уствари ИТ полето е ОГРОМНО и дека со подобри услови на факултет и секако со подобри можности на македонскиот пазар, можеби интересите ќе ми беа други. Роботика, микропроцесорски системи, бионформатика, медицинско инжинерство итн. Кога веќе се тупиме со калкулус и дискретна и веројатност, зошо да не ги искористиме некаде? Се се ова полиња во склоп на ИТ за кои факултетска диплома е потребна. Сега гледам поинаку на работите отколку кога бев студент, ама сега живеам во место кое има услови како прво да обезбеди квалитетно образование и да продуцира такви кадри, како второ има каде тие кадри да се вработат.
Најчесто прашање на кое немам одговор по интервјуа е зошо почна Јава? Амммм не знам, пошо во трета година последниот семестар имавме два предмети во јава, рандом фирма ме зеде на пракса 1 месец во јава, па ми понудија работа и така продолжив?
Околу мене имам еден куп примери за луѓе со кои носиме иста титула ( BA of Computer Science ) и така малце незгодно ми паѓа кога ќе ми кажат на какви проблеми работат, а јас се нервирам пошо спрингот не ми ги чита пропертијата точно.

Сума сумарум, мое мислење и мое искуство се дека доколку некој сака брзи пари и сака да работи како апликациски девелопер, слободно нека прескокне факултет. Нема зошо да се тупи со калкулус и нумерички методи кога никогаш и никаде нема да го искористи тоа знаење. Доколку сака нешто повеќе од тоа, факултет, и тоа по можност надвор од земјава.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.939
Нормално дека се сведува на индивидуален интерес, ама на крај на денот сумирано времето поминато во учење некако се изедначува ( за тој што бил на факултет и тој што ќе седне сам да учи ).

Малце небулозна ти е споредбава, правиме муабет за самоук гитарист шо ќе скокне академија ама цел живот ќе биде гитарист. Ако сака за 10 години пример да диригира мора да посвети време да учи хармонија, солфеж итн.

Исто и со оваа професија, секако дека некој може да го скокне факултетот и да биде самоук и да биде топ веб девелопер, но сепак треба да е свесен дека тоа знаење е лимитирано за таа област. Јас и за 10 години да одлучам да се шифтам во data scientist таа транзиција ќе оди полесно од некој самоук девелопер, пошо иако сеа не ми текнува како се решава инверзна матрица, доволни се 2-3 часа вежбање за да се потсетам. Друга олеснителна околност е што учењето и можноста да се посветиш максимално на нешто надвор од работа не е исто на 20 и на 40 години.

Малце треба да го напуштиме тој мајндсет на технологии, свесни сме сите колку брзо се менува трендот на некоја технологија, така да фактот што познаваш и владееш некоја технологија не те прави инжинер. Во овој контекст мислам дека е редно да се направи и дистинкција меѓу девелопер и инжинер. Мое мислење е дека маркетот во МК е многу лимитиран, затоа и заклучоците што се изведуваат на оваа тема земајќи ја таа состојба како појдовна точка за некој успех се немеродавни.
Освен ако не си гениј, времето за учење мора да го поминеш, вака или така, НО, едно е ти да учиш триста глупости кои никогаш нема да ти затребаат, а друго е да учиш она што ти треба/мораш/сакаш.
Друга работа е времето за кое ќе стигнеш на маркетот: во ситуацијата кога одиш на факултет (особено ФИНКИ или некој сличен на него) тешка работа е паралелно и да учиш и да работиш (едно ќе страда нон стоп) и губиш неколку години до прво вработување т.е моментот кога најчесто „мора да носиш бурек“, а друго е ако на 18 си почнал веќе со учење со практична примена на одредена технологија и концепти и веќе на 21 си влетал на прво работно место. Овој со факултетот мин уште 2 години ќе биде побавен во однос на овој што почнал веднаш. Доучување ќе има и во двата случаи, првиот ќе ги доучува деталите на технологијата, а вториот ќе ги има потешкотиите кај теоретскиот дел и евентуално одредени специфични инженерски проблеми.

Data Science кога веќе ја отворивме е повторно дискутабилна дури и за инженери, јас ги имам 6те сертификати за пајтон од ИБМ и можам да ти кажам дека имаше математики кои не ги имав сретнато претходно. Матриците се најмалиот проблем, поголем проблем е кај веројатност и статистика. Статистика пример на инженерските факултети не се учи до она ниво како на ПМФ или некои напредни економии. Сепак и едното и другото се учи и дополнително, нема работа за која нема објаснување на интернет или пак бесплатни книги (кога ќе видиш еден куп од работите и таму ги имаме учено на македонски, па ти треба време да укопчаш дека истото го знаеш под друго име).

Нетворкинг исто дури и од ФИНКИ немам впечаток дека се нешто wow потковани, имам колеги и од таму и помали и постари и гледам дека на посериозни работи гуглаат исто како што гуглам и јас, основите на овој дел се учат буквално во 2 месеци, но кога доаѓа некоја специфична работа не оди така глатко.

Пак ќе ти кажам, тој што му фаќа глава, ќе научи вака или така, ни на факултет сум научил оти објаснувал професорот, ниту сега ќе научам оти ќе ми објасни некој во академија.
Од мое искуство дури и за во data science за основа е сосема доволна математиката во гимназија математички клас (комбинација А), основата на: линеарна алгебра, алгебра, математичка анализа, обичната математика (основите кај калкулус) и гратис програмирање во кое ќе добиеш барем слика што се: променливи, логички оператори, релациони оператори, низи, функции и тн.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.086
Не знам кај осети его во мојот пост, ниту јас се декларирам како нешто посупериорно од самоуките пошо имам факултет, ниту па се кажувам по луѓе дека сум инжинер заради фактот што сум дипломирала на ФИНКИ.

Факт е дека и јас и ти и грото од македонските програмери ( и дипломци и самоуки ) работат како апликациски програмери ( според мене оваа категорија е девелопери ). И нема ништо погрешно во тоа, пазарот е голем, има побарувачка, супер. Меѓутоа нема ништо инжинерско во преточување на бизнис логика во рест сервис, мобилна апликација, каков и да е систем.
Да се соочиме малце со реалноста, за овој тип на програмери не треба факултет. Не треба математика, не треба физика, не треба веројатност. Целосното знаење за некој од матурант да дојде до состојба на куцање вакви сервиси може да се преточи во програма од 2 години на ФИНКИ. И јас и ти и сите останати знаеме дека треба малце од малце да ти фаќа кликерот за да го работиш ова, не е некоја научна фантастика. Ќе оптимизираш квери, ќе нормализираш база, ќе направиш некоја ситна оптимизација со кеширање, ама на крај на денот не си применил научна метода во тоа што го работиш. Сме се нашле на добро место во добро време и тоа е тоа, не правиме ништо wow. По дефиниција инжинер е некој што применува научни методи од повеќе дисциплини во она што го работи. Со секоја почит кон работата која и јас ја работам, не дека не бара посветување и учење, ама повеќе е на ниво на занает отколку нешто повеќе. И сосема е во ред доколку некој сака да го работи ова цел живот, полето е доволно големо и сеуште се шири за да ти овозможи напредок.

Е сега зошо има толку апликациски девелопери во МК, и зошо најголем број од студентите се ориентираат кон такво нешто? 95% посто од огласите на македонскиот пазар се за апликациски девелопери. Многу ретко некој од студентите да размислува надвор од тие граници, првенствено поради лимитираните опции за вработување покасно. И факултетот се адаптира на пазарот па и јазиците што се изучуваат се тие за кои што има побарувачка. Некако во цел овој хаос се заборава дека може да се гледа и подалеку од Java/.NET/PHP програмер. Јас откако се преселив надвор од МК сфатив колку уствари ИТ полето е ОГРОМНО и дека со подобри услови на факултет и секако со подобри можности на македонскиот пазар, можеби интересите ќе ми беа други. Роботика, микропроцесорски системи, бионформатика, медицинско инжинерство итн. Кога веќе се тупиме со калкулус и дискретна и веројатност, зошо да не ги искористиме некаде? Се се ова полиња во склоп на ИТ за кои факултетска диплома е потребна. Сега гледам поинаку на работите отколку кога бев студент, ама сега живеам во место кое има услови како прво да обезбеди квалитетно образование и да продуцира такви кадри, како второ има каде тие кадри да се вработат.
Најчесто прашање на кое немам одговор по интервјуа е зошо почна Јава? Амммм не знам, пошо во трета година последниот семестар имавме два предмети во јава, рандом фирма ме зеде на пракса 1 месец во јава, па ми понудија работа и така продолжив?
Околу мене имам еден куп примери за луѓе со кои носиме иста титула ( BA of Computer Science ) и така малце незгодно ми паѓа кога ќе ми кажат на какви проблеми работат, а јас се нервирам пошо спрингот не ми ги чита пропертијата точно.

Сума сумарум, мое мислење и мое искуство се дека доколку некој сака брзи пари и сака да работи како апликациски девелопер, слободно нека прескокне факултет. Нема зошо да се тупи со калкулус и нумерички методи кога никогаш и никаде нема да го искористи тоа знаење. Доколку сака нешто повеќе од тоа, факултет, и тоа по можност надвор од земјава.
Да речеме дека се слагам со оваа логика, но по оваа логика тогаш дипломците на ФЕИТ се повеќе инжињери од тие на ФИНКИ. И не само во Македонија можностите да почнеш да работиш ко веб девелопер се најголеми, насекаде е така. Но секогаш почнуваш од нешто, а ниту јас, иако немам завршено никаков технички факултет, планирам цел живот да останам да работам веб девелопмент и да правам досаден КРУД или да фиксам багови. Можеби ќе почнам да чепкам електроника и микроконтролери комбинирано со Ц и Ц++ да речеме, можеби ќе се ориентирам кон game development каде има примена од физика и AI кај ботови. И тоа е нормално, секој сака промени и сака да се развива (недостасува само време). Поентата ми е, имаш завршено ти ФИНКИ или не, денеска со толку ресурси и информации на нет можностите да навлезеш во нешто се поголеми отколку пред 15 години кога се беше на зачетоците.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Колку брзо се шири пазарот, мислам дека е невозможно ( а и глупаво ) да се остане веб девелопер цел живот. Секако тука си послободен во изборот и евентуалното шифтање доколку веќе имаш основа од факултет. Јас работам моментално Јава, ама утре ако осетам дека ми досади можам да се префрлам без некои поголеми проблеми во биоинформатика или devops да речеме. Да, ќе ми треба време, но веќе ја имам основата.
Мој совет за секој кој се двоуми, прво факултет, ем ќе се испитате во повеќе полиња и ќе видите што ви лежи, ем имате основа за повеќе позиции во иднина.
Која биоинформатика бе душо јадна што имаш ти разбирање од тоа? Што разбираш ти да речеме од генетски инженеринг?

Информатика не е факултет за учење туку е знаеење како математика или физика и треба да се учи покрај другите предмети на сите факултети.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.919
Поени од реакции
12.409
Да речеме дека се слагам со оваа логика, но по оваа логика тогаш дипломците на ФЕИТ се повеќе инжињери од тие на ФИНКИ. И не само во Македонија можностите да почнеш да работиш ко веб девелопер се најголеми, насекаде е така. Но секогаш почнуваш од нешто, а ниту јас, иако немам завршено никаков технички факултет, планирам цел живот да останам да работам веб девелопмент и да правам досаден КРУД или да фиксам багови. Можеби ќе почнам да чепкам електроника и микроконтролери комбинирано со Ц и Ц++ да речеме, можеби ќе се ориентирам кон game development каде има примена од физика и AI кај ботови. И тоа е нормално, секој сака промени и сака да се развива (недостасува само време). Поентата ми е, имаш завршено ти ФИНКИ или не, денеска со толку ресурси и информации на нет можностите да навлезеш во нешто се поголеми отколку пред 15 години кога се беше на зачетоците.
Да, дипломците од ФЕИТ се поголеми инжинери од тие на ФИНКИ пошо тие уствари работат во поле кое им ги бара тие инжинерски знаења. Индустријата за дипломците од ФИНКИ во МК е лимитирана, мислам дека тука се согласуваме сите дека нема потреба од факултет за куцање проекти во Java/.NET/PHP/Node.js итн. Тие дипломци на ФИНКИ што навистина работат како инжинери работат врз скроз поинаков домејн од оној што го нуди домашната индустрија ( и тоа е најчесто надвор ) .

Мислам дека се слагаме околу фактот дека промената во оваа индустрија е константна, мое мислење е дека следењето на тие промени и евентуална промена во кариерата е полесно со квалитетно предзнаење од факултет. Пак ќе речам, голем дел од областите бараат математика/физика/веројатност, различно е исуството ако веќе си ја поминал основата на факултет и ако треба сега да учиш како се решава интеграл од пример предавање од Харвард. Не е невозможно, само дали сеа имаш нерви да седнеш и да испишеш 5 тетратки со интеграли, е друго прашање.

Која биоинформатика бе душо јадна што имаш ти разбирање од тоа? Што разбираш ти да речеме од генетски инженеринг?

Информатика не е факултет за учење туку е знаеење како математика или физика и треба да се учи покрај другите предмети на сите факултети.
Ако го прочита постот ќе сфатеше дека правам муабет за евентуално шифтање на кариера кое е многу полесно доколку веќе имаш завршен факултет. Ако сакаш мастер за да си порелевантен на пазарот, тоаш супер, веќе си еден чекор поблиску отколку самоук програмер. Ако не сакаш мастер може да си седнеш и самостојно да си учиш, под претпоставка дека не ти требаат ресурси од типот на лаборатории, машини итн.

Работа во ова поле кај нас нема пошо ко прво никој при здрав памет не би оутсорсал вакви проекти, ко второ неаме лаборатории потребни за вакви истражувања, ко трето нема ни кадар пошо најлесно е во 3та на факс да се вработиш за 500 ЕУР како девелоперче и да си шибаш. Алооо, ти имаш веќе еден проект во продукција за многу важен клиент од странство кој те прави да се чувствуваш како цар кога ќе дојде на посета, зошо би се посветил на факултетот? ( иако на крај на денот во сите тие проекти главните алгоритми или главната логика на системот е далеку од твојте очи, ти само додаваш слоеви околу тоа ). И јас го работам ова и не ми е срам да признаам дека е вака пошо фактите се тие. Најчесто алгоритмите кои ги прават парите се далеку од нашиот видик.

Имам пријател со завршен факултет по информатика, сеа типот магистрира физика пошо сака да работи во фармацевтска компанија која се занимава со изучување на нервните сигнали меѓу мозочните клетки. Комбинациите на информатика со било која друга сродна или несродна индустрија се можни и веќе се случуваат, само треба да си ги проширите видиците и да си го загреете столот.
Автоматски споено мислење:

Освен ако не си гениј, времето за учење мора да го поминеш, вака или така, НО, едно е ти да учиш триста глупости кои никогаш нема да ти затребаат, а друго е да учиш она што ти треба/мораш/сакаш.
Друга работа е времето за кое ќе стигнеш на маркетот: во ситуацијата кога одиш на факултет (особено ФИНКИ или некој сличен на него) тешка работа е паралелно и да учиш и да работиш (едно ќе страда нон стоп) и губиш неколку години до прво вработување т.е моментот кога најчесто „мора да носиш бурек“, а друго е ако на 18 си почнал веќе со учење со практична примена на одредена технологија и концепти и веќе на 21 си влетал на прво работно место. Овој со факултетот мин уште 2 години ќе биде побавен во однос на овој што почнал веднаш. Доучување ќе има и во двата случаи, првиот ќе ги доучува деталите на технологијата, а вториот ќе ги има потешкотиите кај теоретскиот дел и евентуално одредени специфични инженерски проблеми.

Data Science кога веќе ја отворивме е повторно дискутабилна дури и за инженери, јас ги имам 6те сертификати за пајтон од ИБМ и можам да ти кажам дека имаше математики кои не ги имав сретнато претходно. Матриците се најмалиот проблем, поголем проблем е кај веројатност и статистика. Статистика пример на инженерските факултети не се учи до она ниво како на ПМФ или некои напредни економии. Сепак и едното и другото се учи и дополнително, нема работа за која нема објаснување на интернет или пак бесплатни книги (кога ќе видиш еден куп од работите и таму ги имаме учено на македонски, па ти треба време да укопчаш дека истото го знаеш под друго име).

Нетворкинг исто дури и од ФИНКИ немам впечаток дека се нешто wow потковани, имам колеги и од таму и помали и постари и гледам дека на посериозни работи гуглаат исто како што гуглам и јас, основите на овој дел се учат буквално во 2 месеци, но кога доаѓа некоја специфична работа не оди така глатко.

Пак ќе ти кажам, тој што му фаќа глава, ќе научи вака или така, ни на факултет сум научил оти објаснувал професорот, ниту сега ќе научам оти ќе ми објасни некој во академија.
Од мое искуство дури и за во data science за основа е сосема доволна математиката во гимназија математички клас (комбинација А), основата на: линеарна алгебра, алгебра, математичка анализа, обичната математика (основите кај калкулус) и гратис програмирање во кое ќе добиеш барем слика што се: променливи, логички оператори, релациони оператори, низи, функции и тн.
Се слагам со голем дел од напишаното, само за болдот...кој е тој маркет? Македонскиот ИТ маркет? Од старт се ограничуваш да работиш на тооооолкууу ситен дел од ИТ индустријата.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Имам пријател со завршен факултет по информатика, сеа типот магистрира физика пошо сака да работи во фармацевтска компанија која се занимава со изучување на нервните сигнали меѓу мозочните клетки. Комбинациите на информатика со било која друга сродна или несродна индустрија се можни и веќе се случуваат, само треба да си ги проширите видиците и да си го загреете столот.
Јас немам завршено информатика, јас имам завршено машински факултет. И знам што зборувам. Цел факултет го завршив со програмирање, иначе не ме ни интересираа предметите ако не можев да програмирам нешто.

Така да без да загрееш столче од областа на биоинженеринг, единствено што ќе работиш за таква фирма ќе му ја правиш веб страната.

Програмирањето треба да се учи како математика, физика, на останатите факултети, за да можеш да го примениш примарното знаење од научната област која што си ја избрал.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.939
Да, дипломците од ФЕИТ се поголеми инжинери од тие на ФИНКИ пошо тие уствари работат во поле кое им ги бара тие инжинерски знаења. Индустријата за дипломците од ФИНКИ во МК е лимитирана, мислам дека тука се согласуваме сите дека нема потреба од факултет за куцање проекти во Java/.NET/PHP/Node.js итн. Тие дипломци на ФИНКИ што навистина работат како инжинери работат врз скроз поинаков домејн од оној што го нуди домашната индустрија ( и тоа е најчесто надвор ) .

Мислам дека се слагаме околу фактот дека промената во оваа индустрија е константна, мое мислење е дека следењето на тие промени и евентуална промена во кариерата е полесно со квалитетно предзнаење од факултет. Пак ќе речам, голем дел од областите бараат математика/физика/веројатност, различно е исуството ако веќе си ја поминал основата на факултет и ако треба сега да учиш како се решава интеграл од пример предавање од Харвард. Не е невозможно, само дали сеа имаш нерви да седнеш и да испишеш 5 тетратки со интеграли, е друго прашање.

Ако го прочита постот ќе сфатеше дека правам муабет за евентуално шифтање на кариера кое е многу полесно доколку веќе имаш завршен факултет. Ако сакаш мастер за да си порелевантен на пазарот, тоаш супер, веќе си еден чекор поблиску отколку самоук програмер. Ако не сакаш мастер може да си седнеш и самостојно да си учиш, под претпоставка дека не ти требаат ресурси од типот на лаборатории, машини итн.

Работа во ова поле кај нас нема пошо ко прво никој при здрав памет не би оутсорсал вакви проекти, ко второ неаме лаборатории потребни за вакви истражувања, ко трето нема ни кадар пошо најлесно е во 3та на факс да се вработиш за 500 ЕУР како девелоперче и да си шибаш. Алооо, ти имаш веќе еден проект во продукција за многу важен клиент од странство кој те прави да се чувствуваш како цар кога ќе дојде на посета, зошо би се посветил на факултетот? ( иако на крај на денот во сите тие проекти главните алгоритми или главната логика на системот е далеку од твојте очи, ти само додаваш слоеви околу тоа ). И јас го работам ова и не ми е срам да признаам дека е вака пошо фактите се тие. Најчесто алгоритмите кои ги прават парите се далеку од нашиот видик.

Имам пријател со завршен факултет по информатика, сеа типот магистрира физика пошо сака да работи во фармацевтска компанија која се занимава со изучување на нервните сигнали меѓу мозочните клетки. Комбинациите на информатика со било која друга сродна или несродна индустрија се можни и веќе се случуваат, само треба да си ги проширите видиците и да си го загреете столот.
Автоматски споено мислење:

Се слагам со голем дел од напишаното, само за болдот...кој е тој маркет? Македонскиот ИТ маркет? Од старт се ограничуваш да работиш на тооооолкууу ситен дел од ИТ индустријата.
Во секој случај ќе мораш да почнеш на македонскиот пазар, ретко кој дури и со завршен ФИНКИ успеал да најде работа од старт во странство.
Шифтање од една во друга област е екстремно тешко (кој не пробал да смени професија може да кажува поинаку), јас имам и факултет и магистратура во друга инженерска област и за да се префрлам во оваа гранка се убив од учење, т.е сеуште учам. Дали сум имал некаква корист од факултетот и мастерот - хм, до овој момент воопшто никаква, дали ќе имам во иднина не би можел да знам.

Околу префрлањето во секој случај ќе мора да седнеш и да ја учиш областа во која планираш да влезеш, далеку од тоа дека ќе памтиш решавање на сите типови на интеграли 10-15 години по завршување на факултетот, или пак сите физики. Со добра желба може да го совладаш во секој случај.
Единствен проблем во ситуацијата кога немаш факултет за надвор можеби ќе биде дипломата, сум видел многу огласи надвор каде специфично бараат да имаш диплома во комјутерски науки.

П.С јас не сакам да се ограничам да работам во капиталистичко општество за друг без ралика дали тоа ќе биде куцање на повторливи страни/скрипти или инженерство, туку сакам други да работат за мене и нив да ги боли глава во деталите и интегралите, јас пре би се занимавал со менаџирањето, па следна етапа ми е отворање на мој бизнис, префрлање и шалтање од една во друга област ми е ако морам, но далеку од приоритет.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
752
Поени од реакции
1.007
Почнав да изучувам Web Developing пред едно 4-5 месеци (passive-active,сега поактивно,пробувам барем 2-4 сати дневно).Изработив една страница со помош на HTML,CSS,Bootstrap и малку JS.Учам од курсеви кои ги купив на udemy.com/youtube/codeacademy and tons of other sources.Успеав да составам една страница,не ми е комплетирана ама е нешто.Totally mobile responsive,користев media queries+grid system.

Имам едно прашање.Се мислам да одам на некоја академија за web dev,ама 100% сум сигурен дека нема да одберам некоја каде што има +30 слушатели бидеќи како што истражив ги има многу што само ќе ми ги земат парите и ќе ме остават на пола пат па ќе треба сам да се усовршувам.Дознав за една академија https://pingdevs.com/ каде има по 10max слушатели и менторот е очигледно со +10 години исксутво.Се учи MySQL/PHP/Laravel framework.Верувам дека повеќе би научил во оваа академија во споредба со другите во мк (codeacademy,semos etc) бидеќи како што гледам настегани се по 40 душо во една училница и сигурен сум дека неможи на сите подеднакво да му обрнат внимание,башка тоа слушам многу негативни работи за популарниве академии.Некој да не има искуство со некоја добра академија ? Дали ќе направам лош избор ? ANY TIPS ARE WELCOME ! (Неможам да одам ФИНКИ оти немам толку можности a.k.a im broke for that shit).
Автоматски споено мислење:

1.PNG 2.png 3.png 4.png

Ја изработив страницава пред некој ден :) Responsive e како што пишав погоре,има хамбургер мени кога ќе се стесни,responsive navbar и тн.Планирам да додадам Offers section со по 3-4 кутичиња со понуди.Сето ова го правам за да го вежбам front-end-от.Исто така научив како да правам mock-ups пред некој ден,што мислам дека е super-powerful за да страниците изгледаат повеќе естетични!
Yes,I did learn this from youtube if anyone thought about it.Изменив доста работи,но не целосно.Сега ова можи да ме послужи како template,за идни websites што би ги изработил.
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Во секој случај ќе мораш да почнеш на македонскиот пазар, ретко кој дури и со завршен ФИНКИ успеал да најде работа од старт во странство.
Шифтање од една во друга област е екстремно тешко (кој не пробал да смени професија може да кажува поинаку), јас имам и факултет и магистратура во друга инженерска област и за да се префрлам во оваа гранка се убив од учење, т.е сеуште учам. Дали сум имал некаква корист од факултетот и мастерот - хм, до овој момент воопшто никаква, дали ќе имам во иднина не би можел да знам.

Околу префрлањето во секој случај ќе мора да седнеш и да ја учиш областа во која планираш да влезеш, далеку од тоа дека ќе памтиш решавање на сите типови на интеграли 10-15 години по завршување на факултетот, или пак сите физики. Со добра желба може да го совладаш во секој случај.
Единствен проблем во ситуацијата кога немаш факултет за надвор можеби ќе биде дипломата, сум видел многу огласи надвор каде специфично бараат да имаш диплома во комјутерски науки.

П.С јас не сакам да се ограничам да работам во капиталистичко општество за друг без ралика дали тоа ќе биде куцање на повторливи страни/скрипти или инженерство, туку сакам други да работат за мене и нив да ги боли глава во деталите и интегралите, јас пре би се занимавал со менаџирањето, па следна етапа ми е отворање на мој бизнис, префрлање и шалтање од една во друга област ми е ако морам, но далеку од приоритет.
Проблемот во нашето општество е што луѓето мислат дека по завршување на ФИНКИ/ФЕИТ се спремни да бидат сениори и дека завршиле со учење. Со еден куп колеги имавме проблеми со матрици и интеграли на почетокот, а мал дел ги совладаа многу побрзо од нас останатите. На истите тие сега врв им е да работат во нетцетера и сивус, и се сосем задоволни со тоа што не напредуваат. Наоѓање работа во странство, се сложувам дека не е лесно ама не е ни mission impossible. Ако имаш знаење, си снаодлив и те како се наоѓа работа.

На 3 огласи аплицирав, на 2 ме викнаа за интервју и еве ме веќе 1 година надвор. После 6 години во 2Д анимирање шифтнав во програмирање. Лесно не беше ама ако ја имаш основата се е полесно.

Сакам да кажам дека тука што научив за 1 година во Македонија можеби би ми требале неколку години. Нашиот пазар е ограничен, едни исти јазици во секоја фирма... имаме ли ние фирми што вработуваат embeded инжинери, security инжинери, data scientists, некој што работи на AR/VR? Научна фантастика е тоа за нас.
 
Ти претпоставувам све работиш, и security инжињер и data-science? Кој ви е тој македонски пазар живти све. Над 5 години сум во струкава и за македонски клиенти не сум работел. Батали интеграли и матрици, дај нешто hit me алгоритми

оптимизиран binary tree search како работи, хашинг алгоритми, дали можеш да објасниш Дифи-Хелман алгоритам и дали можеш да објасниш зошто се користи Дифи-Хелман алгоритам во обезбедување на сигурна конекција преку https него ли RSA asymetric keys иако е помалку safe. Нешто дизајн патерни и кои проблеми ги решаваат. Еве @Емкаа кажа лесно било секој можел да работи ова, таа ќе се насочела кон биоинформатика. За твоја информација, девелопери од македонски пазар имаат работено на апликации за Ikea, Red Bull, IBM, SAP, Visa, CocaCola, T-Home, Cisco, Pornhub, HP
 
Ноуп не работам се, работам тоа што работам. Ама ако ми кажеш дека огласите во Македонија не се 90% за јава и .net тогаш водиш инат. И јас сум работел за CocaCola, а моментално работам и за Oracle и Cisco ама ти скроз ја утна поентата на постот.

Пред 10 години во Македонија девелоперите се броеа на прсти, сега годишно од ФИНКИ излегуваат по 1000 студенти. Оние квалитетните што работат по фирмите што ги наброја се многу мал процент. Останатите ги работат баш оние професии што постојат со години, и работат на прилично постари технологии. Дај ми иновативен продукт што излегол од наш пазар, има ли таков? Дај ми фирма што има платено сертификат на вработен. Дај ми фирма што те праќа на семинари и конференции за да те надгради. Уствари дај ми фирма што е во тек со модерните технологии.

пс. И FX3X студиото на времето се фалеше дека работи на холивудски филмови. Од Америка студио праќаа во Лондон, од Лондон идеше во Мумбаи и од Мумбаи во Скопје. И после славното студио работеше за Холивуд ;)
 
Во претходната фирма имав платено од фирмата лет и сместување 3 дена додека трае конференцијата, во оваа фирма ми дадоа буџет за полагање на некои курсеви доколку сум заинтересиран (линукс администрација, циско networking академијата и др. не ми текнува сега).

Во некои од случаите работеле како сабконтрактори, во други случаи и директно ги земале како клиенти. Како и да е супер брендови никогаш не се најпосакувани клиенти пошто секогаш ќе ти ставаат некои чудни услови и ќе ти се ценкаат и спуштаат цена само затоа што се супер брендови.
Автоматски споено мислење:

Ноуп не работам се, работам тоа што работам. Ама ако ми кажеш дека огласите во Македонија не се 90% за јава и .net тогаш водиш инат. И јас сум работел за CocaCola, а моментално работам и за Oracle и Cisco ама ти скроз ја утна поентата на постот.

Пред 10 години во Македонија девелоперите се броеа на прсти, сега годишно од ФИНКИ излегуваат по 1000 студенти. Оние квалитетните што работат по фирмите што ги наброја се многу мал процент. Останатите ги работат баш оние професии што постојат со години, и работат на прилично постари технологии. Дај ми иновативен продукт што излегол од наш пазар, има ли таков? Дај ми фирма што има платено сертификат на вработен. Дај ми фирма што те праќа на семинари и конференции за да те надгради. Уствари дај ми фирма што е во тек со модерните технологии.

пс. И FX3X студиото на времето се фалеше дека работи на холивудски филмови. Од Америка студио праќаа во Лондон, од Лондон идеше во Мумбаи и од Мумбаи во Скопје. И после славното студио работеше за Холивуд ;)
By the way бекендот на нетфликс им е комбинација од Јава и node.js али хевилифтингот го прави Јава, да идеш да им кажеш сместа дека се неиновативни.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.939
Проблемот во нашето општество е што луѓето мислат дека по завршување на ФИНКИ/ФЕИТ се спремни да бидат сениори и дека завршиле со учење. Со еден куп колеги имавме проблеми со матрици и интеграли на почетокот, а мал дел ги совладаа многу побрзо од нас останатите. На истите тие сега врв им е да работат во нетцетера и сивус, и се сосем задоволни со тоа што не напредуваат. Наоѓање работа во странство, се сложувам дека не е лесно ама не е ни mission impossible. Ако имаш знаење, си снаодлив и те како се наоѓа работа.

На 3 огласи аплицирав, на 2 ме викнаа за интервју и еве ме веќе 1 година надвор. После 6 години во 2Д анимирање шифтнав во програмирање. Лесно не беше ама ако ја имаш основата се е полесно.
Ова е проблем на сите факултети, особено на малку постари генерации, секој ден се соочува со вакви што последно имаат отворено да учат кога завршиле факултет пред 15-20 години.

Во врска со вториот дел и не е така лошо да влезат во тие фирми што ги пиша, во суштина да компетитивноста и напредекото во професијата е повеќе за лично задоволство, а финасискиот дел е оној што на крај на денот ги интересира сите. Дома нема да те праша жена ти дали ти си успеал да научиш алгоритам плус, или сеуште си куцкаш исти темплејти како и пред 3 години, ако сеуште и носиш доволно финансии.
А да бидеме реални летаат ненормални цифри во овие фирми за Македонски стандард и услови.

Сакам да кажам дека тука што научив за 1 година во Македонија можеби би ми требале неколку години. Нашиот пазар е ограничен, едни исти јазици во секоја фирма... имаме ли ние фирми што вработуваат embeded инжинери, security инжинери, data scientists, некој што работи на AR/VR? Научна фантастика е тоа за нас.
Во суштина мора да сме лимитирани оти ние сме робовите на оние што почнуваат со имплементација на скапите и модерните работи.
За да работиш развој во било која наука треба некој да е спремен да инвестира во тоа иако е сеуште ново, а во државава кај нас такви компании потешко.
Згора на се дури немаат ни свои продукти најголем дел од компаниите, бидејќи и за тоа треба да плаќа некој со месеци цел тим, па да се надева дека ќе го шитне. Вака чиста работа, зема 10 души, еден е навистина сениор, сите останати се: кој приучен кој прв пат влетал, фаќа работа за странство и ги презентира сите како да се сениори, тој си лапа дебела саатница (која патем за клиентот е на ниво на метач во нивната држава), на девелоперите им дава далеку повисока плата од просечната и сите се среќни и задоволни.
Автоматски споено мислење:

@Емкаа, на муабетите за математиките и потребата за факултет, бујрум за потсетување :)

Еве и за математика не требит факултетот, само уште некој да седне и да учи :)
Автоматски споено мислење:

@zmej gorjanin зошто на нашиов пазар сеуште има огромна одбивност кон Python? На светско ниво реално јазиков гази во многу сегменти, а кај нас нема за жива глава отворени огласи?
Ме интересира кое е твоето видување бидејќи те гледам имаш сменето повеќе фирми.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.086
Ова е проблем на сите факултети, особено на малку постари генерации, секој ден се соочува со вакви што последно имаат отворено да учат кога завршиле факултет пред 15-20 години.

Во врска со вториот дел и не е така лошо да влезат во тие фирми што ги пиша, во суштина да компетитивноста и напредекото во професијата е повеќе за лично задоволство, а финасискиот дел е оној што на крај на денот ги интересира сите. Дома нема да те праша жена ти дали ти си успеал да научиш алгоритам плус, или сеуште си куцкаш исти темплејти како и пред 3 години, ако сеуште и носиш доволно финансии.
А да бидеме реални летаат ненормални цифри во овие фирми за Македонски стандард и услови.

Во суштина мора да сме лимитирани оти ние сме робовите на оние што почнуваат со имплементација на скапите и модерните работи.
За да работиш развој во било која наука треба некој да е спремен да инвестира во тоа иако е сеуште ново, а во државава кај нас такви компании потешко.
Згора на се дури немаат ни свои продукти најголем дел од компаниите, бидејќи и за тоа треба да плаќа некој со месеци цел тим, па да се надева дека ќе го шитне. Вака чиста работа, зема 10 души, еден е навистина сениор, сите останати се: кој приучен кој прв пат влетал, фаќа работа за странство и ги презентира сите како да се сениори, тој си лапа дебела саатница (која патем за клиентот е на ниво на метач во нивната држава), на девелоперите им дава далеку повисока плата од просечната и сите се среќни и задоволни.
Автоматски споено мислење:

@Емкаа, на муабетите за математиките и потребата за факултет, бујрум за потсетување :)

Еве и за математика не требит факултетот, само уште некој да седне и да учи :)
Автоматски споено мислење:

@zmej gorjanin зошто на нашиов пазар сеуште има огромна одбивност кон Python? На светско ниво реално јазиков гази во многу сегменти, а кај нас нема за жива глава отворени огласи?
Ме интересира кое е твоето видување бидејќи те гледам имаш сменето повеќе фирми.
Па и не би рекол дека има одбивност, во претпретходната фирма (годинава 3 фирми мењав) имавме пракса да земаме курсеви и да ги гледаме заедно и да си праиме наши интерни проекти ко вежба доколку менаџментот најавеше проект во технологија за која немавме луѓе, дури и почнав да го учам едно месец дена и го баталив затоа што учам 500 работи и си правам повеќе штета отколлку што имам корист. Стигнаа проектите во пајтон т.е еден проект и вработија едно девојче од ФИНКИ, а плус се отвори и работа на еден стар јава проект за пајтон али тоа беше нешто поврзано со machine learning не се сеќавам кои точно беа побарувањата. Во фирмава во која што работам се работи на еден поголем проект и работиме едно 15 девелопери на custom made CRM почнат уште пред 8 години во php, сите сме php, а и во претходната фирма работев на огромен проект на кој бевме 150 - 200 девелопери во најголем дел php и фронтендаши и по нешто јава. Зошто во Македонија нема толку работа за пајтон? Одоговрот лежи во тоа зошто во Америка има толку пајтонаши? Едноставно е, образовниот систем продуцира такви кадри. Претходно пајтон беше користен за образовни и научни цели, со бумот во deep learning, бум направи и пајтон, а дополнително го популаризираа фирми ко тесла и mr. robot ликови ко момаков

и wanna be joe rogan mr. MIT момакот

како и да е со излегувањето на php 8 и JIT компајлерот се очекува php да почне да му ја мати водата и на тоа поле на Python. Али да го баталиме php, во Македонија образовниот систем продуцира јаваши и дотнеташи така што логично е и тие технологии да се најбарани иако има и најмногу конкуренција. Во Америка таков е случајот со Python.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom