Front-end програмер(совети,искуства)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Бројките ти се многу произволни. Јас познавам колеги што веќе во таа 6та година веќе имаат и лидерски позиции по компанииве.

Како што реков, ретко кој чека диплома па да се вработи. Втора или најдоцна трета година поаѓаат на пракса, по што продолжуват да работат. На пракса веќе полека и стекнуваат посериозно знаење.
Чек сеа, од која мака да се упишеш на таков факултет каде првите 2 години ќе те отепаат со математики и физики, па да тргнеш на пракса за да те учат да работиш?
На крај тие завршуваат без диплома од факултет, а фрлиле еден куп нерви во тие 2 години, платата и знаењето за програмирање ќе го стекнел и вака и така тој што успеал до 6та година да биде на лидерска позиција.
Познавам и од ФИНКИ и од ПМФ кои џабе ги фрлија нервите на факултет првите 2-3 години, плаќаа и семестри уште едно добри 4-5 откако почнаа да работат и на крај сфатија дека паралелно со работата е речиси невозможно да стигнат да ги завршат.

Предност не верувам дека имаат Финкашите ради дипломата, туку ради знаењето.

Мене академииве ми се апла профитерски. Не знам веќе и колку се отворија...
Види им ги само рекламине во стил на Топ Шоп
Прегледај го приврзокот 268354
Како да верувам на овие? Како да ги сфатам сериозно?

Или искористи го ваучерот од 30 000 денари и стани професионален .Net developer.

И омиленото, стани фул стек девелопер за 3 месеци?
За 3 месеци??? Само основни работи HTML, CSS, JS, некој бек енд јазик и бази на податоци за 3 месеци?
Епа да, на овој ќе му треба уште 2 години време да се адаптира во било која работна средина.

А на интервју влага со самодоверба како автопилотот во Тесла да го имплементирал и ти бара 4 цифрена сума на плата.
Не дека тој знае колку вреди, туку така му кажале во академијата пред да се запише.
Прво ретки се луѓе (иако последно време има секакви) кои се запишуваат на ФИНКИ, а се нискоинтелигентни, тој што решил да влезе во таа струка ќе влезе вака или така.

Не ти викам за академиите, јас тие би ги затворил уште одма, треба да си апла мрза да се упишеш на овие во време кога имаш 90% материјали за 0 инвестиција, или апла ситно од по 10-20 долари за курс.
Според мене секој што сака да го научи ова, може буквално самиот со: freecodecamp, udemy, coursera, pluralsight (ако нема пари, сите подобри курсеви ги има на торент што за вакви вукојебини е топ решение) + пусулчето може и на сам свој трошок да си го плати од компании како: Microsoft (60-90 долари ти се за мкд, толку во еден викенд трошат на излегување), Амазон (150долари), Oracle (220 долари)...кои повеќе ќе ти ги вреднуваат од таа дипломата на ФИНКИ без разлика каде да отидеш во светот.

А ако не знае што да учи, со отворање на 10 тина огласи ќе види кои технологии се повторуваат и може да си почне на тој начин, или со едно пребарување на јутјуб или гугл ќе добие листа од 10тина технологии кои се најчесто користени во таа област.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
Чек сеа, од која мака да се упишеш на таков факултет каде првите 2 години ќе те отепаат со математики и физики, па да тргнеш на пракса за да те учат да работиш?
На крај тие завршуваат без диплома од факултет, а фрлиле еден куп нерви во тие 2 години, платата и знаењето за програмирање ќе го стекнел и вака и така тој што успеал до 6та година да биде на лидерска позиција.
Познавам и од ФИНКИ и од ПМФ кои џабе ги фрлија нервите на факултет првите 2-3 години, плаќаа и семестри уште едно добри 4-5 откако почнаа да работат и на крај сфатија дека паралелно со работата е речиси невозможно да стигнат да ги завршат.


Прво ретки се луѓе (иако последно време има секакви) кои се запишуваат на ФИНКИ, а се нискоинтелигентни, тој што решил да влезе во таа струка ќе влезе вака или така.

Не ти викам за академиите, јас тие би ги затворил уште одма, треба да си апла мрза да се упишеш на овие во време кога имаш 90% материјали за 0 инвестиција, или апла ситно од по 10-20 долари за курс.
Според мене секој што сака да го научи ова, може буквално самиот со: freecodecamp, udemy, coursera, pluralsight (ако нема пари, сите подобри курсеви ги има на торент што за вакви вукојебини е топ решение) + пусулчето може и на сам свој трошок да си го плати од компании како: Microsoft (60-90 долари ти се за мкд, толку во еден викенд трошат на излегување), Амазон (150долари), Oracle (220 долари)...кои повеќе ќе ти ги вреднуваат од таа дипломата на ФИНКИ без разлика каде да отидеш во светот.

А ако не знае што да учи, со отворање на 10 тина огласи ќе види кои технологии се повторуваат и може да си почне на тој начин, или со едно пребарување на јутјуб или гугл ќе добие листа од 10тина технологии кои се најчесто користени во таа област.

Во некои од новите студиски програми математиката е сведена на минимум (1 семестар), физика нема воопшто. И не е скроз непотребна. Дел е од програмата е особено корисна во програмирање.

И јас често давам совет да си слушаат курс. Но ова е лесно да го речеме, а не така лесно изводливо.
Треба многу силна волја за да се натераш сериозно и одговорно да седнеш од дома година дена курсеви да слушаш и да учиш. Си бара континуирано вежбање без многу прекини.

Крајно јас да би бил работодавач, не би ме интересирала ни диплома ни сертификат. Сигурно кандидатите би ги рангирал по покажаното знаење на интервјуата (а вака мислам дека е и во поголемиот дел од компаниите).
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Учи полека ,едноставни прости чекори, земи еден концепт кој ти е комплексен и расложи го на попрости делови,тоа фунцкионира за мене. После JS некој фрејмворк дали Реакт,Вуе или Ангулар.

Да не навлагам многу еве ти една структура што може да ја следиш и што да учиш
Еве ја причината зошто ниту еден муабет околу тоа учење самостојно од udemy, freecodecamp итн. не држи вода.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Во некои од новите студиски програми математиката е сведена на минимум (1 семестар), физика нема воопшто. И не е скроз непотребна. Дел е од програмата е особено корисна во програмирање.

И јас често давам совет да си слушаат курс. Но ова е лесно да го речеме, а не така лесно изводливо.
Треба многу силна волја за да се натераш сериозно и одговорно да седнеш од дома година дена курсеви да слушаш и да учиш. Си бара континуирано вежбање без многу прекини.

Крајно јас да би бил работодавач, не би ме интересирала ни диплома ни сертификат. Сигурно кандидатите би ги рангирал по покажаното знаење на интервјуата (а вака мислам дека е и во поголемиот дел од компаниите).
Математиката си е добра за развивање на логичко размислување или ако работиш програмирање за некој поспепецифичен сегмент (мене барем ми треба), али во голема мера кај веб не гледам дека ќе имаат потреба од понапредно ниво на математика.

Дисциплината е секаде клучна, на MIT ако сакаш запиши се, пак ќе мора да седнеш самиот, не само додека е факултетот туку уште повеќе после факултетот.
Да, знам дека на многу луѓе му е полесно да се организираат кога друг ќе им ја даде организацијата, али пак затоа после се плачките оти не научиле и во академиите. Со 3 часови програмирање неделно ни на академија, ни на факултет ќе научиш (првите години кога сум се прешалтувал во програмирање имам окапувано од 4-8 часови речиси секој ден и тоа попладне после работа и приватниот живот сведено на апсолутен минимум, а реално и сега речиси секој ден учам по нешто дополнително).

Програмирањето (особено просечни проекти) веќе се сведени на занат, знаеш 4-5 технологии, концептите се тие, учиш повторливи дизајни и ги имплементираш. Програмирање на лоу левел веќе е друга приказна и сигурно нема да те вработат да работиш во Oracle или во Microsoft ако не си инженер на компјутерски науки со апла разбирање на алгоритми и тн.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Ако некој се интересира за vue.js ова е одлична платформа

https://vueschool.io/?utm_source=Vuejs.org&utm_medium=Banner&utm_campaign=Sponsored Banner&utm_content=V1

минатата недела излезе vue 3 верзија која го нуди новото composition api покрај стандардното options api и е пред се наменето за поголеми проекти со огромни компоненти. За Black Friday би требало да има дополнителен попуст од 40% покрај стандардниот попуст за нашата земја од 60%.
 

fcwiz@RD

Supreme Сasual Dating Real Women
Член од
30 јануари 2009
Мислења
459
Поени од реакции
376

Рекламава горе е дебилна. Јас да сум во Rio de Janeiro на одмор нема да дремам на лаптоп да куцам код и да ми удираат зраците од сонцето додека цела плажа се забавува, ќе ги уживам тие 15-20 дена одмор. Не знам чива е рекламава погоре ама претпоставувам од Brainster или од Еверест, не ги кријте вадете ги со име се наполнија со пари а квалитет никаде. Како што може тие да објавуваат вакви реклами може и ние директно да разговараме за нивниот квалитет.
А најјакото е е што во Рио да се појавиш со лаптоп на улица го лапна ножот во првите 5 минути, колеги бразилци кои не се од Рио таму шетаат само со облека и парите у газ(без паричник, саат, прстен, наочари итн).
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.512
Еве ја причината зошто ниту еден муабет околу тоа учење самостојно од udemy, freecodecamp итн. не држи вода.
Добро после неколку месеци учење сам бев и на пракса во ит фирма не дека учев цело време сам. Дообјасни се зошто ниту еден муабет не држи вода?ништо не те сфатив.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Добро после неколку месеци учење сам бев и на пракса во ит фирма не дека учев цело време сам. Дообјасни се зошто ниту еден муабет не држи вода?ништо не те сфатив.
Не сакав да ти одговарам на тебе, туку на сите што пропагираат учење самостојно. Едноставно 'еко-системот' било да е за фронт-енд или бекенд е премногу обемен и самостојно совладување до ниво доволно за вработување е речиси невозможно. Затоа факултетите и курсевите/академиите секогаш ќе имаат предност, затоа што реално ти треба човек да те насочи и да те следи како работиш, да ти ги корегира грешките итн. Учење самостојно од udemy или freecodecamp или слично е губење време.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.512
Не сакав да ти одговарам на тебе, туку на сите што пропагираат учење самостојно. Едноставно 'еко-системот' било да е за фронт-енд или бекенд е премногу обемен и самостојно совладување до ниво доволно за вработување е речиси невозможно. Затоа факултетите и курсевите/академиите секогаш ќе имаат предност, затоа што реално ти треба човек да те насочи и да те следи како работиш, да ти ги корегира грешките итн. Учење самостојно од udemy или freecodecamp или слично е губење време.
Не мора се да учиш и да знаеш ама основите HTML,CSS и JS се потребни. Другите алатки и технологии се лесни за совладување. Алатки како Git,webpack,препроцесори за CSS како SASS и слично се учат како што работиш на проекти.

За да ги научиш основите не ти треба никој да те насочи и може да ги научиш самостојно а после тоа пракса е препорачливо. Дечкото праша за почетоци,мои почетоци се учење самостојно од freecodecamp неколку месеци,ја си кажав само мое искуство.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Пошто и ја сеуште спорадично учам фронт енд технологии, можам да дадам лично искуство и како уствари дојдов до позиција каде што релативно комотно можам да употребувам HTML CSS, како и по некој JS и Jquery таск.

Да, одам на курс сеуште, на истиот тој ги поминавме сите овие горенаведени ствари (JQuery додуша само про-форма неколку часови). Но нејсе.

Еден многу моќен а доста забатален ресурс - КНИГИ!
Пошто сум цел живот научен на hardcover, а и по 10 саати (некогаш и повеќе) работно и фриленс ангажиран пред пи-си, едноставно ми се смачи да читам пдфки, и очите ме кинат на моменти, немам концентрација веќе пред пи си. Но, не го зборам ова демек од офтамолошки аспект, бидеќи читање на лоша светлина е најлошо за очите.

Искрено купив неколку книги у врска со технологиите што ги наброја, нешто испечатив од пдф и можам да кажам дека за мене
КНИГИ > bootcamps > tutorials. Идеално комбо е книги и туторијали, секако со свои проекти и замисли и идеи. Барем за мене.
Како што исчитуваш една тема од книга, гледаш еден туторијал и можеш да куцкаш у меѓувреме тоа што се обработува во туторијалот.

Исто така муабетот ми е дека, книгите се доста онака потценети во поглед на програмирање, не само овде, туку секаде на интернет по форуми, блогови, редит-медит и тн, што е лошо. Исто така и на курсевите менторите многу не преферираат а и не читаат нешто книги, што е само по себе катастрофално.

Така да, би ти препорачал да си најдеш книги на pdfdrive.com (има и други страни, ама ова си е сосема доволно). Да, книгите не се од 2020/2019, најновите се од 2018/2017, ама сите до една се скроз релевантни. Особено за HTML, CSS Jquery и JS.

За почеток, сепак би почнал со туторијали, барем 1.5 - 2 месеци, додека да се добие солидно предзнаење за дадената област и да се знае што е што. После тоа би купил книга, каде што се обработуваат основните работи многу подлабоко и се анализираат различни начини.

Зошто го кажувам ова?
Ја искрено се соочив со еден void у развојот каде што ги знаеш сите основни концепти, но после тоа има еден празен простор кај туторијалите кој иде од "Колку се 2+2, Hello World" тип на функции и тн, до "Build the most responsive site using Javascript". И тука доаѓаш до ниво каде што не разбираш некои работи и само копираш код, што не е баш пожелно.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Математиката си е добра за развивање на логичко размислување или ако работиш програмирање за некој поспепецифичен сегмент (мене барем ми треба), али во голема мера кај веб не гледам дека ќе имаат потреба од понапредно ниво на математика.

Програмирањето (особено просечни проекти) веќе се сведени на занат, знаеш 4-5 технологии, концептите се тие, учиш повторливи дизајни и ги имплементираш. Програмирање на лоу левел веќе е друга приказна и сигурно нема да те вработат да работиш во Oracle или во Microsoft ако не си инженер на компјутерски науки со апла разбирање на алгоритми и тн.
Не се согласувам со ова размислување дека факултетот не е потребен, тоа може да е точно ако размислуваш во рамки на пазарот што се нуди во Македонија. Реално индустријата се движи многу брзо и секогаш има недостаток на програмери, затоа и сметам дека не само во МК, туку и на глобално ниво е намален прагот на знаење потребно за да се влезе на работа во просечна фирма. Пробај аплицирај за некоја big tech компанија, уште на првиот скрининиг ќе те отепаат со задачи за оптимизации и прашања од типот што е разлика меѓу TCP/IP.
Секако тука игра улога и позицијата за која аплицираш, за фронт може и нема некоја потреба за завршен факултет, ама пример еве за Data Scientist, јас не знам кој е тој што ќе даде проект на graduate од академија за data scientists. Тоа поле бара математика, бара алгоритми, бара интелигентни системи, а не претрчување на 3 месечен курс.

Колку брзо се шири пазарот, мислам дека е невозможно ( а и глупаво ) да се остане веб девелопер цел живот. Секако тука си послободен во изборот и евентуалното шифтање доколку веќе имаш основа од факултет. Јас работам моментално Јава, ама утре ако осетам дека ми досади можам да се префрлам без некои поголеми проблеми во биоинформатика или devops да речеме. Да, ќе ми треба време, но веќе ја имам основата.
Мој совет за секој кој се двоуми, прво факултет, ем ќе се испитате во повеќе полиња и ќе видите што ви лежи, ем имате основа за повеќе позиции во иднина.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Не сакав да ти одговарам на тебе, туку на сите што пропагираат учење самостојно. Едноставно 'еко-системот' било да е за фронт-енд или бекенд е премногу обемен и самостојно совладување до ниво доволно за вработување е речиси невозможно. Затоа факултетите и курсевите/академиите секогаш ќе имаат предност, затоа што реално ти треба човек да те насочи и да те следи како работиш, да ти ги корегира грешките итн. Учење самостојно од udemy или freecodecamp или слично е губење време.
Што поконкретно нема да разберам сам што можеш да ме научиш ти во академија?
И како дојде до заклучок дека учење самостојно е губење на време?
Пошто и ја сеуште спорадично учам фронт енд технологии, можам да дадам лично искуство и како уствари дојдов до позиција каде што релативно комотно можам да употребувам HTML CSS, како и по некој JS и Jquery таск.

Да, одам на курс сеуште, на истиот тој ги поминавме сите овие горенаведени ствари (JQuery додуша само про-форма неколку часови). Но нејсе.

Еден многу моќен а доста забатален ресурс - КНИГИ!
Пошто сум цел живот научен на hardcover, а и по 10 саати (некогаш и повеќе) работно и фриленс ангажиран пред пи-си, едноставно ми се смачи да читам пдфки, и очите ме кинат на моменти, немам концентрација веќе пред пи си. Но, не го зборам ова демек од офтамолошки аспект, бидеќи читање на лоша светлина е најлошо за очите.

Искрено купив неколку книги у врска со технологиите што ги наброја, нешто испечатив од пдф и можам да кажам дека за мене
КНИГИ > bootcamps > tutorials. Идеално комбо е книги и туторијали, секако со свои проекти и замисли и идеи. Барем за мене.
Како што исчитуваш една тема од книга, гледаш еден туторијал и можеш да куцкаш у меѓувреме тоа што се обработува во туторијалот.

Исто така муабетот ми е дека, книгите се доста онака потценети во поглед на програмирање, не само овде, туку секаде на интернет по форуми, блогови, редит-медит и тн, што е лошо. Исто така и на курсевите менторите многу не преферираат а и не читаат нешто книги, што е само по себе катастрофално.

Така да, би ти препорачал да си најдеш книги на pdfdrive.com (има и други страни, ама ова си е сосема доволно). Да, книгите не се од 2020/2019, најновите се од 2018/2017, ама сите до една се скроз релевантни. Особено за HTML, CSS Jquery и JS.

За почеток, сепак би почнал со туторијали, барем 1.5 - 2 месеци, додека да се добие солидно предзнаење за дадената област и да се знае што е што. После тоа би купил книга, каде што се обработуваат основните работи многу подлабоко и се анализираат различни начини.

Зошто го кажувам ова?
Ја искрено се соочив со еден void у развојот каде што ги знаеш сите основни концепти, но после тоа има еден празен простор кај туторијалите кој иде од "Колку се 2+2, Hello World" тип на функции и тн, до "Build the most responsive site using Javascript". И тука доаѓаш до ниво каде што не разбираш некои работи и само копираш код, што не е баш пожелно.
Книги јас редовно си земам онлајн, немам земано хард копи оти не обожавам да ги влечкам со мене, али тие се далеку подобрата опција за навлегување во некоја технологија во детали.
Друга опција особено битна е да си ја читаш официјалната документација на технологијата што ја работиш (веројатно и најдобра за на реални проекти), од се што сум сретнал до сега најубедливо на прво место би ги ставил: PostgreSQL.

За SQL други книги: Designing Data‑Intensive Applications -Michael J. Hernandez, SQL Cookbook - Anthony Molinaro, Developing SQL Databases - Louis Davidson and Stacia Varga.


После други интересни книги, пример кога учев пајтон беа: Learn Python the Hard Way, Automate the Boring Stuff with Python, Python 3 Object Oriented Programming, Fluent Python, Learning Python Network Programming, Advanced Data Analytics Using Python, Think Stats.


Javascript: Data Structures and Algorithms with JavaScript: Bringing classic computing approaches to the Web, Eloquent JavaScript, 3rd Edition: A Modern Introduction to Programming.

Општо добри книги за во оваа област: Clean Code, Clean Architecture од Uncle Bob (Robert C. Martin).

Автоматски споено мислење:

Не се согласувам со ова размислување дека факултетот не е потребен, тоа може да е точно ако размислуваш во рамки на пазарот што се нуди во Македонија. Реално индустријата се движи многу брзо и секогаш има недостаток на програмери, затоа и сметам дека не само во МК, туку и на глобално ниво е намален прагот на знаење потребно за да се влезе на работа во просечна фирма. Пробај аплицирај за некоја big tech компанија, уште на првиот скрининиг ќе те отепаат со задачи за оптимизации и прашања од типот што е разлика меѓу TCP/IP.
Секако тука игра улога и позицијата за која аплицираш, за фронт може и нема некоја потреба за завршен факултет, ама пример еве за Data Scientist, јас не знам кој е тој што ќе даде проект на graduate од академија за data scientists. Тоа поле бара математика, бара алгоритми, бара интелигентни системи, а не претрчување на 3 месечен курс.

Колку брзо се шири пазарот, мислам дека е невозможно ( а и глупаво ) да се остане веб девелопер цел живот. Секако тука си послободен во изборот и евентуалното шифтање доколку веќе имаш основа од факултет. Јас работам моментално Јава, ама утре ако осетам дека ми досади можам да се префрлам без некои поголеми проблеми во биоинформатика или devops да речеме. Да, ќе ми треба време, но веќе ја имам основата.
Мој совет за секој кој се двоуми, прво факултет, ем ќе се испитате во повеќе полиња и ќе видите што ви лежи, ем имате основа за повеќе позиции во иднина.
Значи зависи која област, пишав и погоре, исто и за компанијата, обично големи компании знаат да го тупат со такви работи (иако кога ќе им зачкрипи на крај примаат се и сешто).
Data Science веќе не е ни програмерска област туку математичка во поголема мера, ова е малку и извикано и доста луѓе мешаат баби и жаби тука.
Лоу левел програмирање исто така е потешко за некој што влегува од страна.

НО, од досегашно искуство, на крај работата се сведува на интересот кај секој поединец. Сум сретнал луѓе со ФИНКИ кои се апла тешки да се наканат да научат нешто повеќе и обратно самоуки што може да му држат предавања од оваа област на професори на факултет.
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Здраво

Не знам колку е баш за во темата, ама пред некој ден налетав на ова
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Имање основа од факултет после 10 години е исто ко професионален музичар да каже ијам ја музичка академија и не морам веќе да вежбам, директно така идам на свирки. Технологија што не ја работиш 1. Се заборава 2. Големи се шансите да се случиле револуционерни промени за тие 10 години 3. Учењето е процес кој не запира во област во која на секојдневна база речиси имаш новини (а сите ние сме само луѓе кои покрај работа и учење имаат и живот - времето за себе станува луксуз)

Подобар совет од овој нема да добиете +15 год. full stack девелопер

 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
НО, од досегашно искуство, на крај работата се сведува на интересот кај секој поединец. Сум сретнал луѓе со ФИНКИ кои се апла тешки да се наканат да научат нешто повеќе и обратно самоуки што може да му држат предавања од оваа област на професори на факултет.
Нормално дека се сведува на индивидуален интерес, ама на крај на денот сумирано времето поминато во учење некако се изедначува ( за тој што бил на факултет и тој што ќе седне сам да учи ).

Имање основа од факултет после 10 години е исто ко професионален музичар да каже ијам ја музичка академија и не морам веќе да вежбам, директно така идам на свирки. Технологија што не ја работиш 1. Се заборава 2. Големи се шансите да се случиле револуционерни промени за тие 10 години 3. Учењето е процес кој не запира во област во која на секојдневна база речиси имаш новини (а сите ние сме само луѓе кои покрај работа и учење имаат и живот - времето за себе станува луксуз)

Подобар совет од овој нема да добиете +15 год. full stack девелопер

Малце небулозна ти е споредбава, правиме муабет за самоук гитарист шо ќе скокне академија ама цел живот ќе биде гитарист. Ако сака за 10 години пример да диригира мора да посвети време да учи хармонија, солфеж итн.

Исто и со оваа професија, секако дека некој може да го скокне факултетот и да биде самоук и да биде топ веб девелопер, но сепак треба да е свесен дека тоа знаење е лимитирано за таа област. Јас и за 10 години да одлучам да се шифтам во data scientist таа транзиција ќе оди полесно од некој самоук девелопер, пошо иако сеа не ми текнува како се решава инверзна матрица, доволни се 2-3 часа вежбање за да се потсетам. Друга олеснителна околност е што учењето и можноста да се посветиш максимално на нешто надвор од работа не е исто на 20 и на 40 години.

Малце треба да го напуштиме тој мајндсет на технологии, свесни сме сите колку брзо се менува трендот на некоја технологија, така да фактот што познаваш и владееш некоја технологија не те прави инжинер. Во овој контекст мислам дека е редно да се направи и дистинкција меѓу девелопер и инжинер. Мое мислење е дека маркетот во МК е многу лимитиран, затоа и заклучоците што се изведуваат на оваа тема земајќи ја таа состојба како појдовна точка за некој успех се немеродавни.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom