Freelancer илити хонорарец

G

guestMK

Гостин
Здраво,
Гледам по ова огласиве во графата “барам работа“ два огласи од кој едниот две години стар а другиот една :)...
Со оглед на ооогромниот број теми, кометари, постови,споделувања на мислења итн на форумов проследен со бројка од мал милион членови дојдов до заклучок дека сите се вработени (среќно :)) или во голем дел се невработени кои (пасивно) бараат работа...
Без некого да навредам би сакал да подискутираме малку на темава freelancer во однос на следните околности:
- дали во МК се луѓето свесни дека хонорарно заработката може да биде многу поголема одколку со редовно вработување и клацкање секој ден на работа у 7:30 ам
- хонорарно со малку ентузијазам и акл може да се работи паралелно со повеќе работодавачи, такозвано мултиплицирање на приходите
- кои професии може да бидат хонорарни
- дали има некој од членовиве кои е расположен за freelancer соработка и од која област
- колку би биле оптимално задоволителните барања (у еври) на еден freelancer во однос на плата на месечно ниво

#митекна#миле#мисветна#визија#иванисцелител#какобешеонаоджичкадоспајаличка#ќесекандидирамзаелпресиденте
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420
Подобро е да работиш добра стабилна работа што плаќа, отколку месец за месец неизвесност. Не си поголем од капиталистичкиот систем, приклучи се, стани стабилен дел од запчаниците.

Патем, ова не е твитер, твоите моќи се непостоечки овде. :gjavol:
 
G

guestMK

Гостин
Искрено, капитализмот во денешно време е дијаметрално спротивен на основните начела за капитализам во периодот на неговото создавање (парите се моќ), имајќи во предвид дека денешниот “таканаречен капитализам“ (кој во најголем дел содржи кумунистички систем на самоодржливост) е базиран на CLOUD-надуван празен безпарен балон, извесност и основа како што ти тврдиш. Земи за пример виртуелни валути како и најпрофитабилни дејности во светски рамки: телекомуникации и софтвер... т.е. ветер во магла...
Еден пример за хонорарот дека е посиплатив:
ТРГОВИЈА)
купуваш (консигнација)
продаваш со маржа која ја прилагодуваш на побарувањето и ТВОИТЕ потреби
Истото го прави и голема трговска компанија која има закупен простор пр. во Соравија, 10 возила, придонеси за вработени, плати, амортизација, политички притисок итн.
Директен импакт на конкутерност и цена...
Затоа 50% од американциве работат од своите домови во импровизирани канцеларии такозвани селфемоер...[DOUBLEPOST=1546189170][/DOUBLEPOST] dada.jpg
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.166
Поени од реакции
17.964
Подобро е да работиш добра стабилна работа што плаќа, отколку месец за месец неизвесност. Не си поголем од капиталистичкиот систем, приклучи се, стани стабилен дел од запчаниците.

Патем, ова не е твитер, твоите моќи се непостоечки овде. :gjavol:
Јас сум фреленсер и се надевам дека никогаш повеќе нема да работам за само една фирма како редовно работен.

Дури и овие што работам ми нудат редовно вреботување ама тоа се надевам дека никогаш нема да има потреба да го направам.

Вака си имам многу поголема слобода, работам проекти кои сакам да ги работам.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Дали знаете/би знаеле некоја фирма во Македонија, што нуди хонорарна/фриленсер работа?

Или насочете ме кај кои фирми да барам таква работа?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
nemozam da prestanam da se smeam... a go zaboraiv muabetov :)
Каде да пуштел CV а те прашува тебе без да му ги знаеш вистинските квалификации(а се сомневам дека има некоја саглам пошто тука поставува вакви треси-зелени прашања
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Каде да пуштел CV а те прашува тебе без да му ги знаеш вистинските квалификации(а се сомневам дека има некоја саглам пошто тука поставува вакви треси-зелени прашања
Каде да пуштам CV?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom