Fortitude

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Љубители на Фарго атмосферата, снег, крв, мистерија, трилер, тајни криени во растопениот мраз, ова е за вас!

Снег, фјордови, студ, мрак, за момент замислете дека сте во ледениот Арктик, местото каде што е сместен овој психолошки трилер што ја раскажува приказната на малиот идиличен град Фортитјуд, чие мирно постоење е уништено после брутално и шокантно убиство. Подпросечните температури ќе донесат рекордно топење на мразот што ќе ги откријат долго криените тајни под замрзнатиот пејсаж.

Шерифот Дан Андерсен (Ричард Дормер) ја води истрагата и е приморан да работи заедно со британскиот детектив Мортон (Стенли Тучи) кој долета во градот за да придонесе со своите форензички експертизи. Како што потрагата за убиецот напредува, така листата на осомнитечни и сомнежот меѓу самите себе се зголемува.

 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Тоа е тоа, немаш тука протагонисти антагонисти, све сурово иде, добар реализам има, супер е барем засеа, ме навлече серијата. Британците знаат како се прави тоа ;) Препорачувам да се гледа !
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Цурата од Форбриделсен (The killing оригиналот) глуми овде. :vozbud: Ова мора да се гледа.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Ми се допадна серијата, иако првите епизоди беа многу подобри од овие како се ближи кон крајот. Мислам дека има 11 до сега од вкупно 13. Дефинитивната оцена секако дека се носи одкако ќе заврши серијата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ми се допадна серијата, иако првите епизоди беа многу подобри од овие како се ближи кон крајот. Мислам дека има 11 до сега од вкупно 13.
Зар не е 11 епизоди сезоната?
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Зар не е 11 епизоди сезоната?
Дефинитивно не се 11 епизоди, затоа што некни ја гледав 11-тата и дефинитивно не заврши серијата (имаше најава за следната епизода).
Според ова има 12 епизоди:
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Малку се разочарав од тоа како "заврши" серијата, бидејки се исполнија моите предвидувања после 7 епизода дека тераат накај научна фантастика. Да не се рабереме погрешно, јас сакам серии со sci-fi нота ама не од типот на пирани кои ќе го усмртат човештвото и луѓе кои манијакално убиваат други луѓе, обично таквите филмови ги избегнувам.
Мислам дека направија грешка што го усмртија детективот, затоа што тој и даваше малку душа на серијата од поинаква перспектива или барем да пратеа друг на негово место (во најмала рака за да ја истражи неговата смрт).
Генерално не е лоша серија, ама да продолжеа во ист ритам како до 6-та епизода (отприлика) ќе беше одлична.
Последната епизода на моменти делуваше како аматерски да ја правеле. Почетната сцена е премногу наивно обработена, а во текот на серијата при определени сцени добив чувство како да гледам од нискобуџетните филмови со научна фантастика што одат на Universal channel. Не делуваше како за финална епизода на сезоната, туку како најобична подпросечна редовна епизода после која би следела друга.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Не ми е јасно што сакаше да се постигне со финалето ниту која е поентата да има втора сезона. Како и да е добра драма/мистерија серија
 

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
531
Поени од реакции
318
Ја изгледав,не е лоша,фали нешто,не знам што,не требаше детективот да отиде така.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.085
Поени од реакции
8.133
dajte nesto slicno kako ovaa zima misterija ova ona?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom