Football Manager 2019

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Со која тактика играте? Јас и покрај тоа што играм со 4-2-3-1 имам проблем со реализацијата
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
355
Играм со Интер, Vertical Tika Taka со формација 5-2-1-2 највеќе поради тоа што веќе тимот беше опремен со играчи за таа вормација, за реализацијата неможам баш да се пофалам ама се победува.

Од предходно искуство 4-3-1-2 (баш така во линија) како една со најдобра реализација беше ако не и баш најдобра. 4-2-3-1 е класика ама според мене левото и десното крило во таа формација не вршат многу работа, како да имаш 2 играчи во игра на 75%. По збиена да ти е таа тројка позади напаѓачот според мене ќе биде далеку по ефикасно.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Решив да играм што може пореално.
Ставив се на минимум (искуство и лиценци), државјанство наше, јазици кои стварно ги знам и започнав навработен, со одбрани лиги од Македонија, Србија, Хрватска, Италија, Шпанија, Англија, Франција и Германија.
По 2 недели ме вработија во Кит-Го Пехчево. Иако очекувањата беа последно место во Втора лига, успеав со добри слободни трансфери, среќа и солидна тактика да ги внесам у Прва лига во првата сезона. Во меѓувреме земав курс за лиценца погоре, која клубот ми ја плаќаше.
Втората сезона, стана клубот професионален и финансиите поради тоа отидоа длабоко во црвената зона. Без пари за трансфери, успеав да го зачувам костурот на тимот и за среќа напаѓачот Заири имаше сезона на кариерата и даде 22 гола, со што успеав да опстанам во лигата, на солидното 6то место.
Бидејќи нема пари во наша лига, финансиите си останаа катастрофа па решив да барам нов клуб додека не пропаднал клубот. Аплицирав во Работнички и уште неколку клубови во Хрватска и Србија. После неколку интервјуа ме вработија во ФК Шибеник, кој успеа да се квалификува во Првата хрватска лига. Засега се уште ја играм првата сезона со нив и стојам на одличното 4то место во лигата. Колку ќе останам, не знам. Може ќе идам да ги тргнам Динамо Загреб од тронот или ќе си одам во подобра лига ако ми стигне подобра понуда. Како и да е, многу е поинтересно вака, отколку да одбереш еден клуб и цело време да играш со него.
Конечната цел ми е да станам најдобар тренер во историјата, да освојам ЛШ и да стигнам до некој од гигантите во Европа.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
355
Врти сучи и ти си кинисал на печалба надвор од Македонија :)
Не ја знам баш темелно и немам многу време инаку и јас би фатил еден ваков поход, твојот е за пофалба во секоја смисла. Ја еве на почеток на сезона сум со Интер, ќе терам вака уште сезона две па најверојатно ќе почнам со Ајакс ќе правам експерименти таму со ултра офанзивна такика а-ла Јохан Кројф. Од таму би почнал бидејќи ме ќефи Ајакс а и немора многу да се менува во филозофија и такви ствари за да почнеш со таков стил на игра. Продолжи вака па апдејтирај не со успесите, нека пишат и други можеби ќе научиме нешто повеќе еден од друг.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Со која тактика играте? Јас и покрај тоа што играм со 4-2-3-1 имам проблем со реализацијата
Ја играм со 4-2-3-1 константно еве 4та сезона.
Кога губам, ставам CF место AMC и играм 4-2-4, ако водам а гледам дека играм повеќе во одбрана,мењам во 4-1-2-2-1. Ама тоа се случува неколку пати во сезоната, обично 4-2-3-1.
На почеток воопшто не ми беше успешна тактиката, може затоа и ништо не освоив и бев пред отказ.
Ама еве, 4та сезона, со тактикава и играчи по мерка, како машина за голови сум.
Стил на игра ми е Wing Play, mentality Attacking, и што е најважно бар од моја гледна точка е крилата да ти се Аttack, не Support. Inside Forward ми изгледа на доста поуспешен од останатите.

fm21.png


Како и да е, многу е поинтересно вака, отколку да одбереш еден клуб и цело време да играш со него.
Конечната цел ми е да станам најдобар тренер во историјата, да освојам ЛШ и да стигнам до некој од гигантите во Европа.
Зависи што бараш од играта.
Ако ти е цел да градиш кариера, да твојот пат е најинтересен.
Мене ми е интересно да го изградам клубот. Билдање коефиценти, правење трансфери, млади играчи...
Особено за младите играчи ми е ќејф, ќе купиш некој на 15-16 години, 4 сезони на позајмица, на 20 ти се враќа имба, плус Club Grown статус.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Зависи што бараш од играта.
Ако ти е цел да градиш кариера, да твојот пат е најинтересен.
Мене ми е интересно да го изградам клубот. Билдање коефиценти, правење трансфери, млади играчи...
Особено за младите играчи ми е ќејф, ќе купиш некој на 15-16 години, 4 сезони на позајмица, на 20 ти се враќа имба, плус Club Grown статус.
Многу сезони на минатите верзии сум изиграл така. Од 2005та пример наваму, сум играл со Милан, Лацио, Бостон Јунајтед, Реал Овиедо, Сандерленд, Саутемптон, Вардар и слични. Буквално од 15 години играчи до пензија сум ги играл. Ваљда ми здосади така.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665

На 2.10 почнува видеото
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Конечно и седнав малце. Почнав со Сошо, втора француска лига. Доста млад и талентиран тим, плус нон стоп вадат добри млади играчи.
Прва сезона доста лесно влегувам во прва лига. Втора таму завршувам на 9. место. Наредна сезона завршувам 4. место, мислев сум фатил ЛШ али курчина, во Франција само првите 3 идат ЛШ. Еве сега последнава сезона, пак некако завршив на 4. место и тоа скокнав во последно коло од 6. место, иако ремизирав дома со некои ботови :tapp:
Освоив и тоа некое небитно натпреварување Еуро Куп 2, откако испаднав во групи од ЛЕ.

Дечково партали прави, од моја школа иначе


Eве и некое наше дете, што залутало во Франција :ROFLMAO:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Конечно и седнав малце. Почнав со Сошо, втора француска лига. Доста млад и талентиран тим, плус нон стоп вадат добри млади играчи.
Прва сезона доста лесно влегувам во прва лига. Втора таму завршувам на 9. место. Наредна сезона завршувам 4. место, мислев сум фатил ЛШ али курчина, во Франција само првите 3 идат ЛШ. Еве сега последнава сезона, пак некако завршив на 4. место и тоа скокнав во последно коло од 6. место, иако ремизирав дома со некои ботови :tapp:
Освоив и тоа некое небитно натпреварување Еуро Куп 2, откако испаднав во групи од ЛЕ.

Дечково партали прави, од моја школа иначе


Eве и некое наше дете, што залутало во Франција :ROFLMAO:
Торентирана ти е 20кава?
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Започнав да играм со Oxford City. Првата зезона ми беше во Vanarama National League South, и успеав да се изборам за промоција преку плејоф. Втората сезона во националната лига ја почнав силно и успеав повторно да се изборам за промоција преку плејоф, инако бев прв фаворит за испаѓање.

Сега сум во Sky Bet League 2 и ми почнаа сериозните проблеми. Немав победа на првите 13 утакмици. Моралот на играчите е низок и не ги следат инструкциите. За среќа раководство е сеуште под импресии од претходните две сезони па немам проблеми со нив.

Добив солиден буџет од 697k за плати што сметав дека е доволно да доведам солидни играчи. Се на се зедов 8 играчи, претежно првотимци со солидни рејтинзи но не играат како што очекував.

Друг проблем ми се повредите. Во првите две сезони немав никакви проблеми со повреди, а сега уште на самиот старт ми се повреди ланскиот напаѓач. Потоа голманот, и двајцата бекови што ги донесов сезонава.

Од мојата прва сезона како стартер ми остана само голманот и еден средишен играч. Голманот е слаб за ова ниво а ниту еден квалитетен голман не прифати да игра за мене. Зедов еден млад надежен голман но и тој не е сјаен. Средишниот играч игра одлично, претходните две сезони ми беше играч на сезоната, па се надевам ќе продолжи и сега во истиот стил.

После 14 утакмици сум последен на табелата но само 4 бода разлика од опасната зона па се надевам ќе успам некако да останам во лигата.



Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom