FM2014 - Спасител

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
20.968
Ок, како што најавив и во генералната тема, ако имам некој успех ќе отворам тема. И еве ја.

Поради здосадување на играта и немање на некаков вистински предизвик кој ќе ме натера да играм подолго време, решив да започнам нешто што не сум го правел до сега. Започнав нова кариера, со одбрани првите и вторите лиги од Англија, Шпанија, Германија, Холандија, Италија и Македонија. Но наместо да направам нов профил и да одберам клуб, направив периодичен профил и отидов на одмор до 26ти декември таа година. Мисијата е да го одберам клуб кој е на последното место од првите лиги на овие држави. Изборот беше помеѓу Стоук, Гетафе, Вердер, Зволе и Верона.

Го одбрав Вердер Бремен и Германската лига.


Тимот е повеќе од солиден и незаслужено се наоѓа на последното место. Главни ѕвезди во тимот се холандското крило Елјеро Елиа и аргентинскиот напаѓач Ди Санто. Во средината се Игњовски и Јунузовиќ а во одбраната Гебре Саласие и Дурм. Во германската лига има пауза околу Божиќ и Нова Година па одиграв неколку пријателски натпревари со екипи од Европа.


По овие солидни натпревари, со што веќе го имав оформено тимот кој ќе се обиде да не одпадне од лигата. Формацијата 4-1-2-2-1 ми е најмногу позната а и тимот има потенцијал за таа формација. Решив да не правам трансфери бидејќи трансфер буџетот беше многу мал а финансиите никакви.


По неколку почетни победи излегов од зоната на испаѓање и забележав дека разликата помеѓу мојот тим и тимовите кои се борат за место во Европа е помалце од 9 поени па решив да ги кренам амбициите - напад на овие места, наместо почетниот план - опстанок.


Играчите полни со самодоверба, посебно по неочекуваната победа над големиот Баерн Минхен, продолжија со добрите игри и победи по што клубот се најде на чекор од квалификации за Лига Европа.


По ова започна битката за 5то место во лигата, кое го држев 2 кола на само 3 натпревари пред крај на првенството, но по нерешениот резултат со изненадувањето Хановер и поразот од силниот Шалке, сфатив дека тоа место ми е недостижно (Штудгард со 2 победи создаде недостижно водство) и во последното коло против Херта беше најважно само да се оствари победа за да се зачува 6то место (за Вердер се наоѓа Леверкузен), во случај Купот да го освои Келн во натпревар против Хановер, со што полусезоната би била залудна. За среќа, во последното коло остварив неочекувано висока победа со 4:0 со што последно пласираниот Вердер на полусезоната, на крај го освои високото 6то место и се пласира во Лига Европа.


Конечниот изглед на лигата изгледа вака:


Искачувањето графички изгледа вака:


Лесно може да се види каде е нерешениот резултат со Штудгарт, поразот од Дортмунд и последните 2 лоши резултати пред крај на сезоната.

Профилот на крај:


По оваа сезона, планирам да продолжам со Вердер и следната сезона да се пријавувам во секој клуб кој ќе остане без тренер и се наоѓа на последното место во лигата, со што би се обидел да го „спасам“ од ситуацијата, и така секоја сезона понатаму. Можеби нема титули така ама е повозбудливо.
 
Последно уредено:

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.039
Поени од реакции
924
Јас ја почнав,ама 2012-ката..И тоа со Лацио..Преговарам со Хесе од Реал М,и Лукаку..На почеток на сезона сум,изгубив од Милан 2-0..Сошо ми се паднаа во Лига Европа,ги средив,во група сум со Селтик,Тотенхем,и Тромзо..
 
На врв Bottom