Final Destination (Судбина)

Дискусија во форумот 'Мистерии' започната од Out Of Reality, 20 јуни 2009.

  1. Out Of Reality

    Out Of Reality

    Член од:
    5 јануари 2008
    Мислења:
    2.495
    Допаѓања:
    2.350
    Мотивација за темава ми даде филмот фајнл дестинејшн.

    Дали некогаш сте требало да бидете на некое место а поради икс причини не сте отишле и потоа дознавате дека таму се случило некоја трагедија и сите загинале а вие требаше да бидете таму.
    Или пак некој ве предомислил за нешто и тоа не сте го направиле а потоа дознавате дека ако сте постапиле така ќе сте биле два метри под земја.

    Значи ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ ЈА ИЗМАМИЛЕ СМРТТА ?

    Нешто ви поминало низ глава.. во последен момент се предомислувате и тоа ви го спасува животот ?

    Можете да пишете примери за вас , или пак за некои што ги познавате.

    Ја пишав оваа тема бидејќи мене ми се има десено таква случка.

    Се случи пред неколку години ..се враќам од часови хемија со автобус бев.. беше вечер накај 20 часот зимо. Само што се симнав на автобуската кај што треба да се симнам имам уште едно 200 -300 метри до дома. Требаше да продолжам по текот на главната улица која продолжува една блага но непредвидлива кривина и обично колите возат со голема брзина. Но наеднаш ми светна во главата една идеа (и денеска се ежам кога ќе помислам на таа случка) да наминам до едно интернет кафе (кое денеска е затворено) кое се наоѓа на другата страна од улицата.. И место да продолжам по тротоарот накај дома чекам да нема коли за да поминам улица.. Од спротивната страна загледувам еден камион кој се движеше со многу голема брзина а од другата насока една кола му препречува пат (не го видел дека е кривина) и сече полна линија за да отиде на тротоарот. Камионот за да го одбегне сударот со таа кола врти во спротивната насока и се судира во друга кола .. странично и целиот се залепува заедно со колата качени на тротоарот за оградата .. 10 метри после мене каде што ЈАС ТРЕБАШЕ ДА БИДАМ СМАЧКАМ..

    на човекот во камионот не му беше ништо во колата имаше 4 души од кои еден помина со скршен врат другите со полесни повреди.

    Од тогаш наваму размислувам и го ценам животот повеќе бидејќи никогаш не се знае што може да ти се деси.
     
    На Utopia123 и Гладиус им се допаѓа ова.
  2. Гладиус

    Гладиус loading...

    Член од:
    14 август 2008
    Мислења:
    5.435
    Допаѓања:
    1.423
    Темава морам да признаам дека ме наежи. Поточчно случката...
    Бидејќи е релативно верувањето во овие работи, темава би ја преместил во мистерии. Сепак, смртта не е нешто кое ние го познаваме детално:)
    Онтопик:
    За среќа ми се нема случено нешто вакво. Меѓутоа, колку и да не верувам во овие натприродни работи, сепак нешто ме буцка да се подзамислам дали смртта има список по кој работи.
    Не би сакал да го дознаам тоа, а уште помалку би сакал да ми се случува нешто слично на она во Final Destination. Сепак, NikolaRjk ти имаш среќа затоа што она кое се случува во филмот не се случува и кај тебе. Смртта не се враќа назад. И фала Богу за тоа!
     
  3. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    77.163
    Допаѓања:
    161.202
    Верувам дека во тоа дека ако ти било пишано да умреш, ќе умреш. Имаше на телевизија за девојката која го пропушти Ербасот кој се урна пред некоја недела во Атлантикот, задоцнила. Некој ќе каже среќа, ама по 3-4 дена загина во сообраќајна несреќа во Италија. Исто така другарка од Чешка ми кажуваше за некој нејзин комшија одамна, кој го пропуштил летот затоа што мајка му не го разбудила за на аеродром. Авионот се урнал само што полетал. Мајка му кога слушнала на вонредните вести, се затрчала да го разбуди, среќна целата, го нашла мртов, умрел на спиење.
    Не само за смртта, општо јас верувам дека од пишаното не се бега, затоа што некои работи во животов, колку и да сум ги одбегнувала, сепак, кога - тогаш ме стигнувале и сум морала да се соочам со нив.
     
    На Зајче му/ѝ се допаѓа ова.
  4. statusQuO

    statusQuO Модератор

    Член од:
    18 јуни 2008
    Мислења:
    12.994
    Допаѓања:
    7.590
    Коинциденција...Теорија на хаосот..не верувам во судбина...Чиста (не)среќа, така и случаевите....
     
    На \m/arko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RAYTHEON23

    RAYTHEON23 Гостин

    две дефиниции...настанува по престанок на дишење и работа на срце!!!

    втора...5минути после престанок на работа на срце(во мозокот нема кислород):toe:

    јас ја прифакам втората дефиниција...ова онака упростено...филмот остај го...оти си бил сам!!!

    да имало други и нив да си ги однел у интернет кафето е дури тогаш:pos2:
     
  6. Kallista

    Kallista

    Член од:
    13 август 2008
    Мислења:
    1.144
    Допаѓања:
    890
    Ми се има случено нешто слично пред 2-3 години... Коа беа штрајковите партизанска беше затворена и се идеше по иво лола рибар или по илинденска. И 1 саат поручек беше со такси идевме накај школо јас и уште две другарки, памтам до ден денес јас седев напред. И таксистов се бутка меѓу гужва и излезе од семафорот некои 3 метра напред. Викам врати се назад има место, иако има коли у паралела со нас за да не налета некој што знаеш... И ме послуша само што се врати застана и таа кола што беше исто во паралелата ( 3 метри понапред од семафорот),буквално од нигде се избаци залетан мотор и влезе во неа. И значи луѓето поготово тој што седеше до возачот помина со ептен тешки повреди ... И после неколку секунди коа размислив дека јас требаше да бидам на тоа место, не знам имав некое необјаснето чуство, не знаев дали да се смеам или да плачам, солзи ми потекоа....
     
  7. Neemo

    Neemo

    Член од:
    24 ноември 2008
    Мислења:
    1.036
    Допаѓања:
    44
    види сега:pos2: аман, еден фил и ајдееееееее одма држ држжжж.недај боже да сиги гледал Х-досие па тиби цркнал бре,0од стравови или зона на самтакот али оние старинеон топик,нема нешто такво бегање од смрта или едно битие коешто оди по светов со својата коса и ги зема животите,сее хаос тоест се се случува стихијно,а ако сакаш дали сме имале ситуации во кој за влакно ни зависел животот,тое башка е сега дати раскажам неколку случки, 1995 година со другар на мотор не се возиме туку летаме,на автопатот Петровец-Скопје Кај мралино ни излетува куче го маваме со брзина не помала од 250км на час и двајцата завршивме во каналот,кучето парче моторот истотака а ние двајца освен шосе изнапивме каналска вода и изнајадовме тиња ама апсолутно ништо не ни беше,1996 со рено девет на враќање од драчево околу 3 сатот по полноќ неуспеав да ја фатам кривината на мостот на вардар ме зализга на песокот и ренолчево остана со предните гуми да виси накај вардар а со задните на мост,во целата ситуација беше што сите што бевме внатре никој не мислеше на тоа дека можевме да изгиневме туку сите излетавме надвор и почнавме да го влечеме и подигаме реново ни помогнаа минувачи дури години потоа во неврзан разговор дојдовме до заклучок дека сме можеле да изгинеме. 2000та пагам од автобус ( од кровот на автобусот и ја повредив кичмата) ми рекоа никогаш нема да проодам, 2001 година седиме у ров во нивите околу арачиново браќата почнаа со минофрлачи да пукаат 3 гранати паднаа полека се повеќе приближувајкинисе 4 та граната ни акна у ров не експлодира, 2005 одиме на лов во Цветово,братучедми гаѓајки со карабинот дива свиња од местото кајшто чекаше ме лупна мене во слабини метакот само влезе и излезе без никакви посериозни последици,ме пуштија од болница уште вечерта,2006 јуни месец работев нешто со метанол,некако дојде до искрење,бољерот експлодира а фланпната се заби у зид на 10 цм од мојата глава,да нети набројувам случаеви кајшто замалку кесум се удавел у река или езеро кајшто сум се тумбал,со кола или кога возејки со точак ме м,авнало кола па сум летал у коприви или капини,тоа ко детиште шомисе случувало не ни набројувам,а дати кажам кога не лупна воз на пругите кај драчево со другарот со тристачот на таткому ке се фатиш за глава, локомотивата не бапна во задниот дел тоест само не поткачи. не истунба и завршивме у една бафча :pos2: е сега ако имаше такво нешто шо работи по план да коси ц ц ц ц ц ц ц ц ц ц ц премногу неуспешни обиди морам да кажам :pos2::vozbud::pos2: а ова шосе деси пред неколку дена боље данезнаеш ги молам членовите шосе запознаени да ќутат :)
     
  8. ateist

    ateist Гостин

    баш така !
    нема ништо мистериозно во ваквите случаи !
    и што ?
    ете некој требало да патува со авион ама неотишол нели И сите патници загинале
    Е што сега треба да заклучиме дека станува збор за некаков штознам божји избраник или дека после тоа треба да има некаква мисија на земјата ???????????
    глупости ! нема такви работи . Се е тоа обична случајност само после кај некој луѓе проработува некаква сугестија , па на таквите случки им додаваат некакви значења што не се реални ...ништо друго .

    и ако излегува од дома како порано што на робијашите им врзувале за нога ѓуле од едно 50 кгр да си го носи во раце па ем нема да брза ем лесно ќе се распознава .Вака е опасен за околина :) :)
     
  9. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    15.009
    Допаѓања:
    7.795
    Па језиво е бааги. Да гледаш некоја сообраќајка или случка каде си можел да...
    да бидеш во исто тоа време доколку нешто не те натерало (не мора да е интернет кафе, може да е и купување весник од трафика) да не си во тој момент таму.

    Што би било кога би било. Ако NikolaRjk го земеме за пример, неговото искуство, што ако недајбоже продолжел и бил таму? Ок, нека не е NikolaRjk, нека е за некој сосем трет. Филмовите се филмови, но реално ако се подзамислиш...колку се менува судбините и животите на другите ако ова се деси на еден начин, а ако не се деси на друг начин. Веќе се навлегува и во сценарио -што ако. Сложено во секој случај.
     
  10. Supervisor

    Supervisor .

    Член од:
    28 јули 2008
    Мислења:
    10.785
    Допаѓања:
    3.520
    Во таква ситуација не сум се нашол, но гледајќи на филмот и слушајќи некои личности понекогаш е тешко да разликуваш дали постои тој паралелен свет.
     
  11. Out Of Reality

    Out Of Reality

    Член од:
    5 јануари 2008
    Мислења:
    2.495
    Допаѓања:
    2.350
    Поентата не ми беше да зборуваме за филмот и дали смртта така ќе не брка туку дали ви се случила таква случка каде што сте ја измамиле смртта .. т.е поради нешто сте сеуште живи.
    Од филмот само ви давам престава од прилика што сакам да кажам.
    И го украдов насловот.
     
  12. Шмекерот

    Шмекерот Еден и единствен

    Член од:
    24 мај 2008
    Мислења:
    1.767
    Допаѓања:
    383
    Ја така еднаш требаше да излезам со една шмекерица на дејт. Се договараме за кај да се чекаме. Ја стално со шмекериците се чекам на Фреш! Ама секогаш. Незнам ете нешто ме натера тој ден да и кажам да се чекаме на германос кај рекорд. Викам...ај да се промени нешо. Како шо се најдов со шемекерицата...слушам истерели у близина Пау Пау Пау! Се пукаше кај Фреш. Утре слушам на вести...некои кумановски мафијаши се пуцале и еден метак поминал толку на местото кај шо јас си ги чекам шмекериците! :) Видиш....
     
    На ice_cube му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Helo

    Helo

    Член од:
    4 јуни 2007
    Мислења:
    2.885
    Допаѓања:
    189
    Во моментов што ми текнува е една случка пред неколку години... Станав сабајле за на школо и тргнав, а во близина кај мене имаше една голема раскрсница без семафори и без кружен тек (кој сега го има поради многуте сообраќајки) и во еден момент застанав за 2-3 секунди се замислив нешто, а не разгледав околу мене, и во милисекунди видов човек со точак што одеше на работа и комби што носи ученици залетано од другата страна и иако сум тапа математика автоматски како возач пресметав оти ќе го збрише човекот и тоа се случи го згази човекот на 5-6 метра од мене. Да не се замислев околу нешто тоа сабајле, 2-3 секунди да не застанав јас исто можев да бидам збришан.
     
    На Clen 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EmilyTheStrange

    EmilyTheStrange rebel girl

    Член од:
    5 јули 2009
    Мислења:
    120
    Допаѓања:
    2
    filmot e najzakon ali zoso temava ne e za nego nema da zboram poise za nego. inace vakvi desavki se desavaat postojano, mi se imaat sluceno poveke ali ne se nisto vo sporedba so desavkata na drugarka mi. Pred dve godini bese. Za veligden trebase da idat za strumica i den pred da trgnat drugarkava sonuvala deka ke napravi soobrakajka so sestra i i deka dvete umiraat.sonov go raskazuva na nejzinite ali ovie i vikaat demek ako ne sakas da ides kazi a ne da lazes vaka. Kako i da e, drugarkava ostanuva doma, a sestra i i roditelite idam da strumica. vecerta sestra i se kacuva u kola so bratucetka i, nekoja drugarka od tamu, i eden decko i devojka(ovie dvajca idele porano ali tipov zaminal u germanija i se vraka za praznikov doma i se smiril so tipkava, pa vecerta trebalo da ja pobara za zena). sestrata na drugarka mi sednala na predno sediste ali zoso e slaba i rekle da se premesti nazad a na predno sediste sednala ovaa zenskata na tipov(od germanija)koj ja vozel kolata. i trgaat za u grad i naprajle soobrakajka. ovie dvajcava od napred pocinaa (tie sto trebase da se zemaat), a sestra i na drugarkava imase puknata glava, eligamentite na nozete i bea skinati pa nemozese da odi podolgo vreme,karlicata skrsena, a dr dve devojcinja bile polesno povredeni...znaci sestra i ne znaete koj vina ja custvuvase dolgo vreme zoso trebase taa da sedi napred i kolku razlicno gleda sega na zivotot, ali toa e...
     
  15. la-loca

    la-loca Immortal...

    Член од:
    24 јули 2009
    Мислења:
    2.545
    Допаѓања:
    1.247
    Auf filmot e zakon site tri dela kako gi umislile...
    I bas e taka... ja veruvam deka smrtta si ima plan za sekogo i koga nekoj treba da umre ke umre pa makar i od najbanalna stvar...ne za dzabe rekle od pisanoto ne se bega..
     

Сподели преку: