Филозофијата наречена „Живот„

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Многу често на многу теми пишуваме и зборуваме, за филозофијата наречена живот. Во многу книги се зборува и раскажува за ова.

Овде сакам малку повеќе да подискутираме за:

Филозофијата наречена „Живот„

Дали е тешко или лесно да се сфати и научи оваа филозофија?
Колку во животот има можност за филозофирање?
Која е суштината на филозофијата наречена „живот„?

Според мене станува збор за една извонредно тешка и комплицирана филозофија која секој ја разбира и практикува на различен начин.
Некои луѓе се забораваат со филозофирање па ја губат суштината на животот т.е. животот им се претвара во филозофија.

Имате ли предлог некое дело во кое можеме да прочитаме за Филозофијата наречена „живот„?

Има ли зборови со кои на кратко може да се опише филозофијата на животот и на живеењето?

Широка тема на која може многу да се зборува и пишува.
 
Животот е тежок за перцепција, апсурден и необјаснив од никој. Така да кој и да е неуспешен обид да се објасни необјаснивото прифатите или одбиете е едно и исто. Ништо не се менува, ами само делузијата за познавањето на својата вистина.

Никој ништо не знај, а и да го чуствува и разбира интуитивно никогаш нема да можи да го претстави со зборој. Така да секој обид е неуспеше, вклучително и овај мојот семантички нестабилен обид.
Постов е превземен од членот Синдикат со кој премногу се сложувам.
 
Во зависност од тоа како не третирал,секој различно го гледа животот и има различна филозофија за него.

Значењето на животот е да му дадеш на животот значење.Да не дозволуваш кога ќе ти постави некоја пречка тоа негативно да влијае на работите кои можеш да ги направиш(или пречката ќе те победи или ти неа ќе ја победиш-нема друго).Да не престануваш да се обидуваш.
Да донесуваш одлуки сам за себе.

Ние сме создавачи на настаните,а не обратно.Треба слободно да дејствуваме затоа што сме помоќни од “нештата“.
Да бидеме креативни,но претходно да се ослободиме од стравот дека можеме да погрешиме.
Да бидеме тоа што сме-подобро е да не мразат поради тоа отколку да не сакаат поради нешто што не сме.

Секогаш постојат две патеки:едната е лесна,но нема награда(наградата е само тоа што е лесна),а другата е тешка,но има друга награда.На нас останува која патека ќе ја избереме.

Оптимизам,оптимизам и пак оптимизам!

Да не чекаме бродот да дојде до пристаништето-да испливаме ние до него.Да не испуштаме ниту една можност.Да ризикуваме-многу луѓе знаат како треба да се направат работите,но малкумина од нив навистина ги прават.

Кога некој ќе ни побара совет,да не го критикуваме туку да го насочиме во вистинската насока.
Пред да зборуваме што сакаме од животот треба прво да го цениме тоа што досега ни го овозможил.
Вербата во себе е отскочната штица за секоја постапка.
Можеме да правиме што сакаме и можеме да бидеме што сакаме.

Сигурна сум дека ќе постојат денови кога ќе го читам постов и иронично ќе се смешкам не верувајќи во ништо од тоа што сум го напишала,ама тоа е мојата филозофија на животот и навистина се трудам да се раководам според неа.
Сепак...од самосожалување ништо не добивам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom