1975, иако имавме долго време за да гледаме, само 5 логирани филма (не сметајќи ги првите 2 од @***king*** кои очигледно беше дека не ги гледал сега). Средна оценка 6,40, пак не знам колку е реална зашто @***king*** за Jaws немаше ставено оценка, а во тој случај филмоивте ги логирам со просечна 5,00. Јас не успеав да отпатувам во 1975, зашто бев на некои други патувања, вклучувајќи едно од пред 4000 години. Се надевам на новото патување ќе бидам поредовен, а 1975 кога тогаш ќе ја поминам, секако.
Одиме понатаму!
Патување 57: 1958 - 26.07-08.08.2026
Годината кога е основана НАСА. Подоцна НАСА го испраќа во вселената првиот американски вештачки сателит. Светкиот саем во Брисел е одржан каде е претставена статуата со структурата на атомот како еден од симболите на пост-воената надеж. Политичката криза во Франција значи крај за четвртата република и привремено го враќа на власт Шарл де Гол. На Светското првенство во фудбал кое се одржува во Шведска, Бразил ја прославува својата прва титула, со неверојатниот деби перформанс на Пеле. Tennis for Two, креирана од Вилијам Нигинботам е една од првите воопшто видео-игри.
Во светот на филмот, Le Beau Serge се смета за првиот филм на Новиот бран (Nouvelle Vague). Подоцна, во истата година излегува уште еден филм во истиот жанр, кој често е цитиран и за еден од најдобрите на жанрот: Ascenseur pour l'échafaud, познат по импровизираниот саундтрак на Мајлс Дејвис. Во САД излегуваат хит мјузклите South Pacific и Gigi , вториот освојувајќи и Оскар за најдобар филм и најдобра режија.
Во 1958 се родени: Ејми Мортон, Елен Деџенерис, Гери Олдман, Алек Болдвин, Мишел Фајфер, Анет Бенинг, Принц, Анџела Басет, Мадона, режисерот Дејвид О. Расел, режисерот Тим Бартон, Мајкл Џексон, Виго Мортенсен и др.
Починале многу ѕвезди на црно-белиот филм, меѓу кои нема некое звучно име.
На филм дебитирале: Клаудија Кардинале, Џек Николсон, Кристофер Пламер, Ванеса Редгрејв, Емануел Рива, Џина Роландс и други.
Госпоѓа министерка ....комедија ... ЈУ филм од 1958 г. според дело на Бранислав Нушиќ
Филм за една покондурена сељанка што кога мажот и станува министер почнува да се занесува но среќата не и трае долго, мажот и прави скандал и мора да поднесе оставка.... таа останува без титула и мора да се врати на стариот живот.
Филм на тема малограѓанштина
Уште еден класик со кој не си кликнав. Ми се допадна последната нумера, отстапуваше од целокупниот филм. Шоуто мора да продолжи, шоуто е неограничено, безвременско, а поединецот смртен. Не сум фан на мјузиклите, на координативното танцување, на белатанството (мажите ми се многу педерастични). Психологијата и глумата беа одлични, меѓутоа филмот го гледав на многу цепкања, не можев да издржам повеќе од 20 мин на едно седнување. Го тегнев со денови.
Cry baby 2,5/5
Видов дека некој претходно го гледал, кога оваа година била на дневен ред, па му дадов шанса. Ништо посебно, младиот проблематичен реднек, Џони Деп, сака да се приграби до добрата градска девојка. Квази мјузикл, премногу нагласена шминка. Немаше сегменти кои ми се допаднаа.
The hunt for Red October 3/5
Сите имаат руски нагласок, само Шон Конери си цепа по свое. Интересна воена драма, со мотиви од студената војна, за подморницата која треба да им даде воена предност на советскиот сојуз. Незабележлива, може нечујно да се движи меѓу воените редови, да дојде до самото американско тло. Има игра, има приказна, посебно драмата дали подморницата ќе го помине своето најдолго патување, со вкртен оган и од своите трупи и од американската авијација и морнарица.
1. Attack of the 50 foot woman (1958)
Мора да признаам дека ужасно влегов во оваа година, иако станува збор за филм кој трае час и некоја минута. Да речеме научна фантастика. Да речеме. Повеќе беше драма со лоши специјални ефекти. Диспропорционална рака, позадински длабок глас и последната Кинг-Конг сцена беа единственото нешто каде си поинграле со ефекти, или специјални ефекти. Тука беше и човекот-џин, налик дух, блед. Севкупно не ми се допадна, а гледам лошо поминал и кај оние форумџии кои му дале шанса. Само 2/5, и тоа се мислев меѓу 1 и 2.
2. Dracula (1958)
Или Horror of Dracula е една од клучните улоги на Кристофер Ли. Се сеќавам кога почина, па дел од тој in memoriam клип беше и оваа негова улога. И дефинитивно една од посолидните екранизации на оваа книга од Стокер, меѓутоа лежерноста на Лугоши ќе ми остане како ненадминлива глума за овој фиктивен карактер. Ли му дава енергија, агресивност и заводнички шарм. Ми се допадна куќата, остава впечаток дека е вложено многу во овој филм, иако сценариото, горе-доле, им е сервирано од страна на Стокер. На пример, самата куќа зрачеше од луксуз, немаше готска патина, имаше стил, уметност и лежерност. Немаше пајажини, сенки и катакомби, и да, приказната не се тегнеше цел час, започна брзо, одма. Немаше мистерија кој и што е Дракула, кочијаш, богат гостопримлив гроф. Не. Уште од самиот старт ги покажа своите бои, кочијата тргна, приказната почна да се одмотува. 3/5
3. The Fly (1958)
Го имам гледано римејкот на Кроненберг, но овој повеќе ми се допадна. 4/5 без никакво двоумење. Класична научно-фантастична приказна, да имаше многу научно-фантастични елементи, од машините за дематеријализација, па од самата маска на Мувата. Филмот започнува како мистерија, сопругата го признава убиството на својот сопруг, меѓутоа го крие мотивот на убиството.
Ми се допадна и психологијата, глумата, говорот на телото, посебно нивната комуникација. Има одредена изопаченост, игра со моралот, но приказната е лесна, го изгледав без прекини, на едно седнување. Крајот е јасен од самиот старт, трагаме по мотивот...и по мувата со бела глава.
4. Bell, book and candle (1958)
Филм кој ми ја донесе зимската атмосфера во залезот на летото. Уште една романтична улога на Џејмс Струарт каде игра трапав, заљубен и несигурен карактер, кој налетува на добрата вештерка. Не би го дефинирал како натприроден хорор, туку како класична романса. Немаше натприродни елементи, сем можеби една сцена каде имаше жив оган, и толку. Другото беше чиста психологија, речитал на магични зборови и последователно ги гледавме резултатите од таа магија. Ким Новак била убавица, навистина многу многу убава жена. Лежерно романтично филмче за опуштање, кое нема позадински поради и испреплетена приказна. 3/5
5. Touch of Evil (1958)
Не знам како овој филм се смета за класик, мене не ми беше ништо посебно, 3/5, и тоа форсирано, поради крајот. Гледам дека одлично поминал кај форумџиите, можеби е и до мене, не си кликнавме.
Ќе почнам од тоа што не ми се допадна, покрај Рудолф Хес веѓите, имаше многу глупи реплики. Поминува покрај нив кола и има позадинска епслозија, оваа го прашува “што се случи?“, а овој и одговара “колата која помина покрај нас експлодираше“. Да, не се слушна, а веројатно и виде експлозијата. Ама добро. И самата приказна ми беше досадна, трчање од едно место на друго, ловот за вистината и правдата, каде доаѓаме до гнилежот на градот- корумпираниот џандар кој ги решава своите предмети такашто подметнува докази и клучни факти ги крие од одбраната, која останува со врзани раце и притисната во ќош.
Ми се допаднаа немите сцени. Пример, од една страна ја гледаме и слушаме сцената во просторијата, а од друга страна ги гледаме гестикулациите од друга сцена преку прозорот и се префрламе на таа сцена и на тој разговор. Ова ми е фантастично, сврзување на приказната. Ми се допадна глумата и психологијата. Посебно крајот на филмот каде веќе се има доказ дека системот е злоупотребен од еден авторитет, кој се претставува како редот и мирот и се поставува над законот. Треба да се излезе од поставената стапица и да се исплива на површина, нешто што се постигна благодарение на добриот џандар и на упорноста на Мендез. 3/5
Имам уште неколку филмови кои треба да ги догледам од 1979 и 1975, ќе гледам во скоро време да ги догледам и да напишам збор-два. Потоа ќе одам, хронолошки по предизвикот, на наредната година.
Мексикански полицаец го прекинува медениот месец на границата со САД, кога американски бизнесмен е убиен со бомба во автомобилот. Тој се вмешува во истрагата и открива дека корумпиран американски полициски началник мести докази за да обвини невин Мексиканец.
Филмов малку беќе како СкубиДу. Сите трчаат во еден правец, после обратно, па се откриваат кој е што е. Досаден филм, со лоша камера и доста клишеа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.