A Very Long Engagement (2004)
Un long dimanche de fiançailles
Уште еден жолт филм од режисерската палка на режисерот на Амели. Отприлика знаев што ме очекува, иако ова у споредба со Амели беше малце поненаивно и до негде гледливо.
Не ја сфаќам поентата на ова жолтило ама со тоа ми се губи секаква оригиналност и ме тера да го гледам филмот како тралалајка. Мада тоа е и општото мислење за француските филмови, барем од тоа што имам сретнато по коментари и слично, е дека се обични тралалајки без некоја цел и тежина. Има милион, сеа, да не ги генерализираме сепак.
Предугачка свршувачка
е сместена негде во крајот на Првата светска војна каде Матилде е во потрага по нејзиниот свршеник кој е испратен у војна под некоја казна односно пратен е во смрт во ничија земја на фронт помеѓу французи и германци. Уште петорица беа со него, и за сите се верува дека се убиени. Матилде некако не верува у тоа и тргнува у сопствена истрага да дознае што се се случило. Има наратор, се појавуваат еден куп ликови, сведоци, бла бла. Некои девојчиња ќе плачат.
Не е лош филмов, мене едноставно не ми се свиѓаше, не ме привлече, не ме заинтересира, некако не ми беше озбилен.
6.5 оценка.
Изгледа ќе завршам тука со Франција, очекував поише, на крај класичен мех ми испадна. Имам уште еден-два филма спремно ама изгледа ќе останат за никогаш. До душа едниот ќе биде гледан пошто е на Полански со кого сме како мачка и куче али јеби га, сепак тоа нема да ме спречи да го испоштувам и да му закачам 5 иполка.
оревуааааааааааа шошанааааааааааааааааааааааааааа