FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.668
Поени од реакции
10.060
Ја мислам да ја скокнам Малта. Ни торенти можам да најдам ни па асален филм. Не ми се гледа филм снимен во Малта, сакам да се запознаам со нивната култура и јазик.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
Luzzu (2021)
Luzzu.jpg
Соочувајќи се со предизвиците на секојдневието, Џез се наоѓа растргнат меѓу одлуката дали да ја прекрши и предаде долгогодишната семејна традиција за да обезбеди стабилен приход или да продолжи со риболовот како примарно средство за егзистенција. Отсликани се предрасудите кои луѓето ги гаат, потешкотиите, очекувањата кои средината ги има од него.
Ова е филм со кој човек, особено млад, лесно може да се идентификува. Кога сметките почуваат да тропаат на врата, најголемата пасија доколку е непрофитабилна може да остане единствено како повремено хоби. Кај нас замираат чаршиските занаети, во малите малтешки селца рибарството. Сиромаштијата е иста.
Инаку за оние кои не знаат, како јас до сношти, luzzus се малтешки традиционални рибарски чамци. Шаренолики се и најчесто имаат исцртано очи како симол за заштитничкото окото на Ра. Филмот е автентичен и не само по содржината - Џез не е професионален актер ами рибар (на Санденс ја добива и специјалната награда за глума).
7/10

@Keyser, ѕирни го ако ти фаќа око. Јас го гледав на bflix.
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.668
Поени од реакции
10.060
Luzzu (2021)
Прегледај го приврзокот 335878

Го симнав и ја пред да го пишам постот. Со португалско аудио беше и го изгасив. Не се сетив да проверам дали го има на bflix. 10x
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Првиот филм за мене од Малта е

IMDb: : Simshar
https://www.imdb.com/title/tt2521700/

Симшар е риболовен брод околу кој се врти целата приказна. Другиот брод е турски карго брод кој сместува дел од емигранти од Африка. Копнените дејствија се случуваат во Валета, главниот град.

Така и започнува филмот, каде главните ликови се заедно, за подоцна да се разгранат како што тече дејствието. Едните заминуваат на риболов, другите со Црвен Крст по емигрантите. Опишан е животот на малтежаните и со што сѐ се среќаваат.

Првиот час филмот ми е имаше mellow атмосфера, за подоцна да се затегнува мрежата (риболовна мрежа, сфаќаш? :чда:). Во исто темпо беше филмот, немаше адреналински инекции.

Многу добра снимка. Лично ми се допадна многу повеќе од тие 6.5 што ги има на IMDB. Јас ќе му дам 8/10.

Пак заборавив како се прави спојлер, па ќе го задржам мислењето во себе за еден момент, да не ви правам спојлер.
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
Естонија

Dead Mountaineer’s Hotel

Естонски психолошки сајфај ноар... Оу јеаа!
Дејствието е во хотел опкружен со планини и снег и далеку од цивилизација. Некој од хотелот повикува полиција, кога ќе дојде полицаецот сѐ делува нормално, ама полека почнуваат да се случуваат чудни работи.
Многу ми се погоди атмосферата, малку who done it, малку Шајнинг вибрации, мистерии, полицаецов и сѐ што му се случуваше беше како оргинал ноар... Надополнето со одличен саундтрак и интересни ликови, 8/10

Македонија

Колнати сме, Ирина

Филм кој никако да го пуштам, а од кого очекував многу и добив многу, ама со неочекувана приказна, посебно за наш филм и во тоа време.

Одлични Бата и Неда, таа обострана привлечност и тензија ја изнесоа без грешка и со јака хемија.
Исто и одлично склопен од Коле, со совршено погодена музика и со вклопувањето на природата и визуелно и звучно.
Кинематографијата исто добра, само многу ме интересира како би изгледало да е снимен денес во боја, па природата уште толку да дојде до израз, ама по можност сѐ друго да биде исто :)
Пак ќе кажам, воопшто не очекував ваква приказна и пријатно ме изненади, те внесува во неговата атмосфера и те држи и после завршувањето.
Го гледав на Српски, после барав на јутјуб зашто знам дека Србиве зборат Македонски во наши филмови, видов дека има и на Македонски верзија, ама дубирана. Пооргинално и подобро звучи на Српски.

Засега јака 8ца, зависи уште колку ќе ми се мота низ глава може да дојде и до повеќе.

Мислам уште Чешка ја имам од заостанатите и ќе бидам тековен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182

Не знам како си го испуштил, беше мој предлог и во Клубот. И не ме изненади воопшто тоа што толку ти се допаднал. За мене е еден од најдобрите, а ако не и најдобар македонски филм некогаш направен. Штета што Коле Ангеловски од Колнати сме Ирина стигна до Ах, љубов моја. :(
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
Luzzu
Филмов ми беше тотално уживање од повеќе аспекти. На почетокот кога го пуштив одма ми остаде впечаток на уште еден тежок, бавен филм, за сиромаштијата во некоја батал европска држава. Чак што и сакав да го згасам, да гледам нешто друго, ама си реков ај ќе стиснам заби колку за чаленџот да помине.
Е сеа врвот беше што после 10тина мин во филмот случајно се осетив дека уствари сум многу сконцентриран во дејството и дека ми се развила огромна љуботиност. Целиот тој сетап за рибарската култура во Малта беше одлично претставен, што научив премногу за неа од само еден филм во сат и пол. Другиот побитен дел од приказната е животот на Џес, млад рибари кој се соочува со предизвиците на модерното живеење. Неговата професија е пред умирање и е многу малку платена, во споредба со трошоците кои ги налага тој модерен живот, особено кога имаш семејство за гледање. Води тешка битка самиот со себе во кој правец сака да го продолжи својот живот, а сентименталниот товар кој го влече со рибарството и неговото бродче ја прави уште потешка.
Секоја чест за дечково, одглуми врвно, едноставно беше свој на своето. Видов дека уствари дека се глуми самиот себе, па сега баш ме копка дали е ова негова реална приказна.
Ќе му дадам 8/10. Филм што дефинитивно ми пробуди желба да ја посетам Малта, за која освен што знаев каде се наоѓа на мапата, другото ми беше тотална енигма.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Малта
#23.
Simshar (2014)

Првиот кандидат за Оскар од Малта. Филмов ако добро памтам беше дел од Синедејс програмата во 2014 или 2015 година и тогаш ми делуваше примамливо, ама не успеав да го изгледам. Сега со предизвикот ја исполнив таа замисла.

Уште еден филм за мигрантската криза што царуваше по вестите во тој период 2014-15 година кога само за тоа се збореше. Симшар првично мислев дека е некој збор на малтешки, ама така се вика бродот на еден од главните ликови Симон. Скратеница од неговото име и името на жена му Шарин.
Ќе кажам само дека филмов е еден вид претставување на мигрантското страдање на Африканциве што бегаат кон Европа преку судбината на едно малтешко семејство. Се надевам не открив премногу со ова.

Со првата сцена дознаваме дека филмот е инспириран по вистински настани. Подоцна прочитав повеќе за настанот што се случил во 2008 година.
Некаде прочитав и дека филмов е еден вид камен темелник во малтешката кинематографија зашто сè претходно снимено било преаматерски во што можете и да се уверите ако погледнете трејлер од некој од претходните нивни филмови. Квалитет полош и од „Каде ли се парите“ на Картер и компанија. :D

Ок е снимен, убави кадри од Малта, солидна глума, али дејството многу не ми се допадна и имаше пре нагли резови од една сцена во друга што ми делуваше да не можам да се поврзам со ниеден од глумциве и на крај не ми беше гајле за ниеден од нив.

Оцена 3/5.

Се надевам ќе имам време и за санденецот Лузу.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Luzzu (2021)

Јас го одбрав филмов по препорака на @SK-92 , ми го кажа уште пред некое време кога случајно паднавме на муабет за темава.
А и најлесно достапен е на торент реално.

Добар, интересен филм, убаво го имаат опишано погоре. Јас не знам што да кажам искрен да бидам. Ми се свиѓаше, убаво кулирав лежејќи и си посматрав приказна. Сакам некад пак да го гледам со повеќе концентрација. Спор и досаден е малце, ама досаден, онака пријатно досаден.
Секоја чест на главниот актер како се покажа, читам сега воопшто не ни бил актер дечкото. Алал да му е, браво.

6/10 оценка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Малта
#24 Luzzu (2021)

Веќе сè е кажано погоре. Мислев ќе биде уште една досадна драма за мигранти по постерот, а испадна доста интересен филм. Дознавме што е значењето на насловот луцу, видовме одлична глума од главниов лик Џез, интересна содржина што го држи вниманието до крај.

Ми се свиѓаше документаристичкиот приод што го имаше во одредени сцени, како сцената кога рибарите беа седнати на „коперација“, убаво снимен, добар визуелно.

Може не е филм што ќе понуди длабоки животни филозофии или филм што ќе му биде некому најдобриот некогаш снимен, али сигурно е најдобриот малтешки филм досега.

Оцена: 3.5/5
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Јас Лузу сум го слегол dubbed на португалски и ми се уби желбата да го гледам или повторно да слегвам торент. Знаев дека од Малта овие 2 филма ќе бидат само гледани. Баш ме интересира шо ќе прајме кога ќе се падне Сан Марино или Ватикан (ај тука ќе играат снимените во Ватикан, ама сепак).
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Јас Лузу сум го слегол dubbed на португалски и ми се уби желбата да го гледам или повторно да слегвам торент. Знаев дека од Малта овие 2 филма ќе бидат само гледани. Баш ме интересира шо ќе прајме кога ќе се падне Сан Марино или Ватикан (ај тука ќе играат снимените во Ватикан, ама сепак).
Злате вика место нив ќе сме глеале од Југославија.

До сеа од екс-ју земјиве што поминаа, 90% што гледавме беше Југославија. Не знам како ќе се изведе тоа. Не е битно ај, јако дело Сан Марино и Ватикан, држави помали од Маџари. :D
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Злате вика место нив ќе сме глеале од Југославија.

До сеа од екс-ју земјиве што поминаа, 90% што гледавме беше Југославија. Не знам како ќе се изведе тоа. Не е битно ај, јако дело Сан Марино и Ватикан, држави помали од Маџари. :D
Можи некоја комбинација од ЕУ земји кои не постојат веќе. СССР, Нацистичка Германија, Прусија, Османлиско Царство итн.
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.668
Поени од реакции
10.060
Империјата на Александар исто
 
Kajgana Shop

На врв Bottom