FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Можи некоја комбинација од ЕУ земји кои не постојат веќе. СССР, Нацистичка Германија, Прусија, Османлиско Царство итн.
Да ја вклучиме и Спарта, м? Што да не и Рим или Австро-Унгарија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.364
Како сакате де, ако сакате, ќе остане Ватикан. Поентата со Југославија мене ми беше дека има многу такви филмови во чие снимање биле вклучени сите републики и не можат баш да се наречат српски или хрватски или босански.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Подобро е со Југославија.

Што ќе гледаш у Ватикан снимано, Eurotrip со сцената на прогласување папа. :D

Прашање е и тоа дали е во Ватикан снимено.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Да бе, литургија да слушаме
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.273
Поени од реакции
781
Малта гага 1971
немат филмој малта ова е једини од постарите и незнам малта штое остров 10 на 5 км а има пола милион жители се накрцале има тука сомнителни работи дрога проституција перења на пари британски бордел бивша колониа филмот е според роман на писател а и не го разбрав многу неам превод малтески е цуден јазик,
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
Ептен се измачив со Украина за да најдам што би гледал. Иако не знаев ништо во врска со нивната кинематографија, очекував дека ќе има поголем избор, а и дека ќе биде далеку побогата. Од ова јас што успеав да најдам, мноштвото филмови им се или од времето на СССР или за него. Од осамостојување па навака најдов 3 филма што би зел предвид да ги гледам, а од два не можев да најдам снимка со превод никако. На крај испадна да го гледам последниот избор, воена драма, за случувањата во Донбас, некаде пред 2018 година кога војната во Украина беше сеуште "цивилна".

Други два филма кој ги зедов во обзир беа The Tribe и The Strayed. Првиот е нем филм, што ако најдам време би го гледал,за него не мораше превод технички, ама не бев во mood. Се работи драма, за глувонем дечко што се запишува во специјализирано школо за глувонеми и се заплеткува во ситуации поврзани со криминал и проституција. Вториот ми изгледаше на класичка источно европска комедија, која би ја ја гледал во ситуација на толку мал избор.

Donbass




Како што пишав горе се работи воена драма, базирана во Донбас, источна Украина во 2018 година. Таа околина е веќе во зенитот на цивилна војна меѓу сепаратистите која почнува уште во 2014 година. Има сцени кои прават филмот на моменти да личи на документарец, но уствари со голема доза на црн-хумор го претставува секојдневниот живот на луѓето кој мораат да се сносат со товарите што им ги носи живеењето во воена зона. Опфатени се секојдневни ситуации како притисоци, корупција, убиства, животот на цивилите и вооружените сили. Покрај нив исто така е претставено општеството и културата на кое треба да се навикнат луѓето и како животот продолжува по скривниците, на патиштата, како "изгледа" свадба и тн.

Има комични сцени и ситуации, но има и сцени каде ќе ти се замрзне крвта. Камерата е интересна и успева најблиску што може да ти долови како би изгледало тоа во прво лице. Особено би го препорачал на луѓе кои ги интересира моменталната состојба во тие делови на Украина, мислам дека филмот ќе им ја долови доволно јасно сликата низ призма како на човек што се наоѓа таму.
6,5/10
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Украина
#25. Donbass (2018)

Филмов го даваа на Телма периодот ко почна војната во Украина, го снимив и еве конечно прилика вчера да го изгледам.

Прво би рекол дека ја не би го класифицирал ко филм. Јас сфаќам омнибус, сфаќам да има некоја нишка што ќе ги поврзе сите тие 3-5-7 приказни со различни ликови и да се добие едно компактно дело на крај, ама овде имаме 13 различни делчиња кои што ги поврзува само едно нешто - тоа што се случуваат во Донбас (регион што е завојуван уште од 2014-та, територијално припаѓа на Украина, ама е со претежно руско население).

Сите приказни ми делуваа ко прилози од вести за животот во Украина и за жал не ми прават филмска целина што ќе те поврзе со некој лик и ќе сочувствуваш. Тоа не значи дека го оправдувам виденото и прикажаното во филмот, а имаше доста лоши ствари.

Имаше стварно интересни приказни што го држеа вниманието, ама таман ќе сакаш да дознаеш повеќе за тие луѓе се префрла на друга приказна и ти крши филм.

Стварно друго не знам што би кажал.
Оцена: 5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.046
Homeward (2019)
Evge


Татко и син, муслимани, кримски татари, одат во Киев за да го подигнат телото на нивниот син односно брат кој загинал во војна за да го погребаат на Крим.

И толку.

4/10.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.440
ја малку каснам, премногу натоварен ми беше периодов.

#11 Малта

Luzzu (2021)

1656586740794.png

Нема потреба да пишам рецензија, се е кажано.
Океј филм, добра камера, добра глума.


3,5/5
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.440
#12 Украина

The Tribe (2014) /Плем'ја/

1656594205780.png

Прв мој гледан нем филм.
Момче кое има говорна маана т.е е глувонемо влегува во училиште за такви како него. Таму веднаш ке попадне во група од уште неколку деца со кои ке почнат да вршат криминални дела.
Интересно е што цел филм беше без човечки глас, се слушаат само позадинските звуци.
Добра камера, интересен расплет на настаните. Добри дијалози (хаха, морав).


3,5/5
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.273
Поени од реакции
781
Посылка длја Маргарет Тетчер 1990




Филм инспириран од посетата на украина на тачер,украина сеуште пос ссср ама се насетува крајот и тачер оди да го промовира капилистичкиот капитализам и слободниот економски пазар но украина сеуште не е подготвена за тоа ,во ффилмот се работи за еден старец кој сака да му испрати дрвени јајца како поклон е успева преку пошта но многу е упорен и на крај ги сретнува со лимузината горбачов и тачер со лимузината низ минск и влегува во лимузината со нив.и зафрши



 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Украина
#26. Koly padayut dereva/ When the Trees Fall (2018)



Ова е досега единствената ко-продукција меѓу Украина и Македонија, a бидејќи е поддржан од Македонија па да го видиме. (Има уште еден украински што соработувал со македонска продукција, ама тој не е поддржан досега од агенцијава и уште е во пост-продукција. Небитно.)

Се прашувам како и зошто се поддржуваат најлошите филмови кај што Македонија е малцински ко-продуцент. Како намерно да бираат, чекај ова сценарио вришти треш, без никаква поента и смисла, дај ќе го поддржиме. Сега гледам од 26 изгледани филма кај што Македонија е малцински ко-продуцент, едвај 5-6 филма сум ги оценил со поголема оцена од 3/5. Бруки.

Филмов беше на Берлинале, а познато е дека последниве 7-8 години Берлинале сака шунд и контроверзии, па и овој филм не отстапува од тоа. Имаше некои малверзации со парите, ако добро се сеќавам дел од филмот требаше да се снима овде, музиката да биде исто компонирана и уште нешто, а само монтажата била во Македонија и мислам не им ги исплатија сите пари што ги имаа добиено на конкурс.

Само ќе кажам мене би ми било срам моето име да стои на овој филм зашто не знае кај тера и кон што цели.

Приказната започнува со тинејџерката Лариса и 5 годишната братучетка Витка, кои за време на летото се кај баба си во некое од бога заборавено село. Лариса се рока со некој локален бараба кримос и сака да избега со него, али овој оди во некоја криминална работа што тргнува наопаку, па Лариса се спичкува со баба си и се враќа дома кај мајка си.
Се појавуваат и некои цигани чергари и приградски клапчо што се зацопува во Лариса и некоја приградска селанка што ја рокаат селаните на реденка и филмот завршува со сцена кај што девојчево Витка јава коњ по облаците. Ти ебам и глупиот филм и сите кретени што учествувале во него.

П.С. режисеркава и сценаристка е ко-сценаристка и на филмот со татарите што го гледал Џони. Очигледно „талентирана“ женска.

Оцена 1/5 чисто поради солидната фотографија, ништо повеќе и не заслужи.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Man with a Movie Camera (1929)
man with a movie camera.jpg
attention viewers: This film is an experiment in cinematic communication of real events, without the help of intertitels, without the help of a story, without the help of theatre. This experimental work aims at creating a truly international language of cinema, based on it’s absolute separation from the language of theatre and literature.
Вертов, уште во прологот, ја открива својата намера. Неговиот човек преку документаристички пристап лови секојдневни моменти. Овековечувајќи ги, нам ни дава привилегија да бидеме сведоци на минатото.
Многу, многу ретко гледам неми филмови и секојпат завршувам со истото чувство на маленкост. И најобичните сеќавања се прекрасни ако се фатени во вечноста. Да се наѕре во ова мало парче магија беше едно посебно и фасцинантно доживување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom