FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
I, Olga Hepnarová (2016)
I, Olga Hepnarova.jpg
fa fa fa fa fa fa fa fa fa fa better run run run run run run run away oh oh oh oh ayyayayayaya ooh
Малтретирана и злоставувана, Олга Хепнарова станува асоцијална уште во раните тинејџерски години. Се бори со суицидалност и депресија, а по хоспитализацијата состојбата уште толку ѝ се влошува. Обвинувајќи ги општеството и средината за позицијата во која се наоѓа, решава да им наплати за сета собрана болка и лутина. Снимен е по вистински настан. Нафрлани сцени без динамика не прават филм, ментални болести не му даваат длабочина, а експлицитноста понекогаш е излишна. Двојка, и таа е многу.

Marketa Lazarová (1967)
Marketa Lazarova.jpg
Наследна вина, лични борби водени од заслепеност и секако - пагански обреди. Ме затекна погледот и тивката глума на Magda Vášáryová. На почетокот ми делуваше малку конфузно, не се откажав само поради движењата на камерата. Дејството соодветно прогресираше за потоа нагло да закочи. И покрај прекрасните кадри средината ми се виде прееспора. Последните шеесет минути, totally worth it. Некаде прочитав дека за американскиот пазар времетраењето првично било скратено на стотина минути. Напразно се жалам, во бавноста се состои душата на филмот. Би му се навратила за некоја година. Засега нека стои 7.5/10
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Сите филмови кои сакав да ги гледам не ги најдов за download. Една 0 за Чешка од мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Извинете дечки, неделава морав да направам мала пауза, премногу работи ми се насобраа и не можев и тука да се фокусирам. Се надевам, ако се биде во ред, дека во четврток ќе продолжиме со истото темпо. До тогаш - гледајте уште нешто од Чешка, или од другите поминати земји.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.273
Бугарија

Love.net
1655138305018.png

И по стилот и по приказната и по нивото на кринџ многу ме потсетуваше на Love Actually, само што во фокусот е запознавање и чатување преку интернет.
Имаше прилично еротика и валкан говор, кој на бугарскиов јазик беше комедии.
Многу ликови со чудни реакции, музика утната и сѐ друго просечно или потпросечно.
Го пуштив зашто го имаше на нетфликс, не ни очекував нешто повеќе.

Едино момичето доле повремено плакнеше очи
1655138076981.png

5/10
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
1655330480809.png

Филм за еден живот роден во комунизамот во 71 во чешка филмот го следи од помлад до постар премрежија затвори капитализам демократија неснаоѓање во системот дрога итн ,
има и втор дека 2021 како реална социјална драма
антисоцијален и аутсајдер во опшеството


1655330872716.png

a arno mu vikaše majkamu neodi so nif tie se apashi.



2008 na aparati
1655331120846.png

2021 go neam gledano ako ima nekoj link da vidime do kaj stigna vo zivoto likot
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
Тркнав до Португалија. :)

The Metamorphosis of Birds (2020)
The Metamorphosis of Birds.jpg
Моето срце собира / сè повеќе луѓе, зашто нив веќе ги нема. / Така е секогаш.
Мешајќи ја стварноста со фикција, режисерката Catarina Vasconcelos на еден редок, лиричен начин ја предава својата семејна историја. Преобразбата на птиците е епистоларен роман за мајчината орбита, недостигот и спомените. Визуелно прекрасен филм свиен во метафори.

@Zlatikevichius :(
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
(2021) Karolína



Животна приказна на една жена од распон на 30 години ,поуспешна посветол животен пат од на Рене претходнио шо го гледав ,Чешка Училиште работа ,свадба, деца кучиња нова куќа автомобили, уште некоја година пензија внучиња што би рекол познатиот јутубер кале џедај господар времена сунце је овако ти живиш и као нешто се дивиш ау трамвају је гужва хаххах
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.864
Поени од реакции
54.400
@Zlatikevichius можеш само да го пишеш името на земјата, не мора да се замараш да пишуваш воведи интра и цела филмска историја на земјата. Ако немаш време мислам. Дај ајде, мора да го испукаме предизвикот, јак е.

Иначе ќе има летна пауза како во филм клубот или тука тераме недела за недела? Освен нели Македонија што беше 2 и, кхм, јебена Чешка. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Верувам дека не живеете во стаклено ѕвоно и не дремете пред компјутер ко Картман на WoW. Постои живот и надвор од форумов, знаете? А понекогаш тој клоца толку силно што изместува од патики. Обично не се исповедувам пред непознати и не кукам, туку упорно терам напред во секоја ситуација, колку можам, но овојпат некако чувствувам дека морам. Затоа: мислам дека некои од вас знаете дека не бев баш најдобар со здравјето на почетокот од годинава. Имав полипи на жолчка, еден релативно голем, со висок ризик да прераснат во нешто пострашно за што морав итно да се оперирам. Годината не продолжи и понатаму најдобро: во март закачив Ковид, после 2 години успешно пазење. Не беа многу страшни симптомите, но сепак... Минативе неколку месеци мака мачам да ја доведам крвната слика во нормала по операцијата и ковидот зашто еден куп чуда беа чудно изреметени. Или барем во нормала ко за мене (со константно покачени липиди). После ковидот нова клоца од животот - на мајка ми и дијагностицираа тумор на овариум, минатата недела. Затоа наместо да седнам пред компјутер и да напишам која е следната држава, јас морав да трчам по болници за триста испитувања. И капак на се: вчера ми беше единствениот слободен ден неделава, а го поминав работно - цел ден на телефон и во организирање на 300 чуда, зашто ни најавија контролна посета на работа, која кај нас е прилично big deal. Башка што заради пандемијата скоро 2 и пол години не се дојдени, и сега доаѓаат ненајавено, а ние сме во тотален хаос. Утрово морав да станам во 4:15, на работа бев во 5, а само што се прибрав дома, во 17:40. И што е најинтересно од се, во целата мешаница заборавив и да јадам - доручкував пред малку, во 17:50. И да: тоа што сум пишал за Гослинг беше one-liner од автобус, додека трчав којзнае каде и по којзнае што, и кое не може да се спореди со ништо поврзано со моето модерирање тука, за кое не знам дали сфаќате, ама навистина е потребно време. На секои 2 недели филм во Клубот, анализи, пораки до предложувачите, статистика... Секоја недела нова држава тука, исто - анализи, воведи... Moviespotting веќе од којзнае кога ми е запоставен. Сега и Secret Movie Santa предизвикот ми беше плус дополнителен „товар“. Ова не ви го пишувам дека се жалам, оправдувам, да бидам сожалуван (тоа најмалку сакам) или глумам наивен (иако можеби така изгледа) - напротив, јас уживам во сето тоа и ми претставува дополнителен предизвик и „пуштање мозок на пасење“, буквално. И мило ми е што целиот тој труд е вреднуван, иако не барам медали, ни пофалби, ништо. Поголем медал од вашето учество во подфорумов никогаш не можам да добијам. Поентата ми е дека понекогаш мора да разберете дека ние (во случајов јас) не сме тука зашто мораме, зашто ни е обврска или зашто ни е платено добро. Затоа такви доскочици болат. Или може јас се си ставам при срце, па затоа, who knows. Ама и покрај се јас сум тука за вас и ќе се потрудам и понатаму да го давам максимумот за ова катче да остане едно од најубавите на форумов. А ако некој смета дека може повеќе и може подобро, слободно нека аплицира тука, во било кое време, лично јас ќе сум тој кој ќе ве поддржи да го добиете местото за да го направиме Филм и ТВ уште поубаво катче. No harsh feelings кон никого. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom